Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
За госпоѓата Линер започнале тешки времиња. После смртта на нејзиниот маж, се нашла во финансиски тешкотии. Неколку вредни делови од својата покуќнина веќе ги продала во антикварницата, како и некој накит, а денес на трговецот му ја дала и својата прекрасно укоричена Библија која ја добила како свадбен подарок во наследство. Порано се радувала на Божјиот Збор и наоѓала сила во него, но сега веќе подолго време ја немала читано. Кога била сама, мислите не и давале мир. Се чувствувала многу лошо што оваа драгоцена книга ја дала скоро за беспари. Почнала да станува сe повознемирена. Нејзините деца веќе спиеле. Ја заклучила влезната врата и отишла до антикварот да си ја земе назад својата Библија. Погледнала низ стаклото на излогот и, што да види таму? Четворица луѓе стоеле околу масата, а Леви, антикварот, читал од една книгам која веднаш ја препознала дека е нејзината Библија. Овие луѓе очигледно сакале од срце да се исмеваат на случките од оваа стара книга. Одеднаш во собата завладеала тишина. Леви токму читал нешто за страдањата и кога дошол до борбата во Гетсиманската градина, солзи почнале да му навираат од очите и грлото му се стегнало. Пријателите молчешкум излегле од собата. А госпоѓа Линер? За неа било премногу тоа, што се мајтапеле со нејзината Библија, па и нејзе и се наполниле очите со солзи. Нејзиното срце ја обвинувало. Кога сега повторно слушнала како нејзиниот Спасител страдал и за неа, се вратила дома и клечејќи во молитва му признала на својот Господ и Спасител дека го заборавила. Кога осамнал денот, во срцето и се вратиле утехата и сигурноста. Сега знаела дека најзината вина е отстранета и дека пак може да оди заедно со Спасителот низ животот. Решила да отиде веднаш кај Леви и да си го земе Светото Писмо назад. Но на големо изненадување го нашла Леви сe уште на истото место пред отворената Библија. Не можел да се одвои од Божјата книга.
Понатаму, читал за Исус како страдал и за тоа како извикал на крстот: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ Сега читал од познатата за него глава 53, од Исаија: „Но тој беше ранет за нашите престапи и тепан за нашите беззаконија.“ Леви бил натажен што Исуса невин го убиле, а тој оваа ноќ му се потсмевал, па извикал: „О, Исусе од Назарет, дали си ти навистина нашиот Месија, од Бога ветениот Помазаник?“ Така го затекнала госпоѓа Линер. Изненадеан стоела пред отворената врата, а Леви и рекол: „Драга госпоѓо, во вашата книга најдов богатство кое ми вреди повеќе од целиот свет.“ И таа му раскажала како ноќеска го нашла патот од мракот во светлината. Не е потребно да се каже дека госпоѓа Линер ја добила својата Библија назад, а и Леви си купил нова. Недолго после тоа и неговата жена нашла мир во крвта на Христос и двајцата се крстиле. Овој случај го раскажал еден еврејски мисионер, Јакоб Аугуст Хаусмајстер во Штрасбург, непосредно пред своето одење од оваа земја.