ЗОШТО БОГ ДОЗВОЛУВА ТОЛКУ СТРАДАЊА И МАКИ ВО СВЕТОТ
Во светот се одигруваат страшни настани!
Се случи тоа во Есен, мислам дека беше во 1937 година. Одејќи по улица, сретнав едно 16-годишно момче што го знаев од нашите младински состаноци. Тоа беше сосема растроено. Го прашав: „Што се случило?", а тоа ми одговори: „Me одведоа в болница и ме стерилизираа, бидејќи мајка ми е Еврејка. Кога се вратив дома, родителите беа одведени некаде." Тоа никогаш веќе не ги виде. Татко му бил уапсен. Мајка му стигнала во концентрационен логор во Аушвиц! Јас успеав да му помогнам на момчето да пребега во Холандија. Оттаму тоа замина во Америка, но никогаш нема да ја заборавам сликата на тоа растроено момче: „Me одведоа в болница и ме стерилизираа, бидејќи мајка ми е Еврејка. Кога се вратив дома, родителите беа одведени некаде!" Вакви случки имаше милиони на број. Автоматски на луѓето им се јавуваат прашања: „А Бог?" - „Каде е тогаш Бог?" - „Зар Тој нема што да каже на ова?" - „Зошто Бог молчи?"
Во Келн еден лудак влегол во едно училиште со фрлач на пламен. Убил 12 деца. И пак луѓето прашуваат: „А Бог?" - „Зошто Бог молчи?"
Или, се сеќавам на една жена што имаше рак. Полека и со грозни маки умираше пред своите деца. Кој го доживеал ова, мора да праша: „А Бог?" - „Зошто Бог молчи?"
Има многу луѓе што имаат свои истории за раскажување и на крај прашуваат: „А Бог?" - „Каде бил тогаш Бог?" -„Зошто Бог молчи?"
Нашиот омилен германски поет Фридрих Шилер во една прилика напишал песна што ја нарекол „Песна на радоста". Во неа се наоѓа и стихот: „Браќа, над ѕвезденото небо мора да има мил Татко." Наспроти ова, модерниот човек е склон да каже: „Браќа, над ѕвезденото небо нема никаков мил Татко!"
Кога некој ќе почне да размислува вака, кога ќе го спопаднат прашањата: „Каде е Бог? - „Зошто Бог тоа го дозволува?" - „Зошто Бог ги дозволува тие страшни работи?", веројатно ќе дојде до точката кога ќе го нападнат опасни мисли: „Па можеби нема никаков Бог?! Можеби небото е празно?! Можеби атеизмот сепак е во право?" Драги пријатели, оној на кого му доаѓаат вакви мисли треба да се уплаши. Кога би било вистина дека нема Бог, тоа би било страшно. Тогаш ние луѓето би биле сами и напуштени - како диви животни! Би биле како загубени деца што не знаат да се вратат дома. Да нема Бог!? Би било ужасно! Кога луѓето ќе ми речат: „Јас сум атеист!", им велам: „Вие не знаете што изразувате со тоа. Да не постои ништо над нас! Да сме напуштени! Да сме препуштени сами на себе!" Нема ништо пострашно за луѓето од самиот човек, зар не? Римјаните ја изрекле поговорката: „Homo hominis lupus"(Човек на човека е волк) Toa e страшно!
He можам да ви опишам колку често луѓето ми велат: „Како може Бог тоа да го дозволи? Зошто Бог молчи?" Бидејќи така често ме прашуваат, би сакал сега да одговорам.
Но, пред се морам да кажам: Јас не сум му на Бог министер за внатрешни работи. Тој не ми ги доверил своите планови, ниту ми ги диктирал во стенограм. Дали ме разбирате? Освен тоа, само по себе е по малку глупаво да се поставуваат вакви прашања, како божем ние Бог можеме да го разбереме. Таков Бог, што ние би можеле да го разберме, би бил само некаков декан или врховен црковен поглавар. Ако е таков, тогаш и јас би го разбрал. Но кога јас целосно би го разбирал, тоа не би бил Бог. Во Библијата на едно место се вели: „Моите мисли не се ваши мисли, и моите патишта не се ваши патишта". Тоа е доволно јасно, нели?
Но, со помош на Библијата јас сепак сум дошол до извесни сознанија и јас сега би сакал со нив, колку што можам подобро, да ви одговорам на прашањето: „Зошто Бог молчи?"
1. Погрешно поставено прашање
Прво, би сакал да нагласам дека прашањето: „Зошто Бог молчи?" е наопаку поставено прашање. Имено, тоа прашање се поставува како да постои некој судски процес: На судиската столица седи госпоѓа Шулце или пастор Буш. На клупата за обвинети седи Бог. И сега му велиме: „Обвинет Боже, зошто ти сето ова го дозволуваш? Зошто молчиш?" Морам јасно да ви кажам: Таков Бог, што дозволува да седи на клупа за обвинети, всушност не постои!
Се сеќавам на една страшна сцена од времето кога бев сосем млад пастор. Co 27 години тукушто пристигнав во Есен, кога избувна рударски штрајк, што силно ги возбуди духовите. Еден ден поминував покрај еден плоштад. Таму еден човек, качен на сандак за сапун, остро им зборуваше на насобраните луѓе. Зборуваше за гладните деца, за надниците, за невработеноста. Наеднаш ме забележа, и довикна: „Ха, еве го пасторот! Дојди малку ваму!" Обично прифаќам љубезни повици. Така се приближив до толпата. Луѓето ми направија пат и јас пристапив до говорникот. Околу сто рудари стоеја околу мене. Ми стана малку незгодно. На универзитетот не ме учеа за вакви прилики.
Тогаш тој почна: „Слушај ме попче! Ако има некој бог, што јас не го знам, но можеби постои, јас, кога ќе умрам, ќе застанам пред него и ќе му речам" - при тоа почна да се дбре: „Зошто дозволуваш луѓето на бојно поле да бидат масакрирани? Зошто дозволуваш да гладуваат деца, а други да го кошкаат јадењето, бидејќи го имаат во изобилие? Зошто дозволуваш луѓето мизерно да умираат од рак? Зошто? Зошто?" Потоа ќе му кажам: Ти, боже, отстапи! Губи се! Исчезни!'" -викаше човекот. Тогаш и јас му се извикав: „Сосема точно! Да се губи таков бог!" Наеднаш се стивна. Говорникот направи чудна гримаса и рече: „Момент! Зар ти не си свештеник! Ти не смееш да кажеш: „Да се губи таков бог!" Јас му одговорив: „Слушај ме ти! Таков бог, пред кој така ја отвораш устата, и кој би дозволил ти да го ставиш на клупа за обвинети, да стоиш како судија пред него и да го обвинуваш - таков бог има само во твојата фантазија. На таков бог и јас би можел само да му кажам: 'Долу со таков бог!' Долу со таков будалест бог кој создал такви услови да можеме да го обвинуваме, да го поттурнуваме и пак да го викаме - според потребите. Таков бог не постои. Но јас ќе ви речам нешто друго: Има еден друг, вистински Бог, пред Кого ти ќе бидеш обвинет, и пред Кого не ќе можеш ниту уста да отвориш, бидејќи Тој ќе те праша: 'Зошто не ме почитуваше? Зошто не ме повикуваше? Зошто живееше нечист живот? Зошто лажеше? Зошто мразеше? Зошто се караше? Зошто...?' Така ќе те прашува. Тогаш ќе ти застане зборот во грлото! Тогаш не ќе можеш да изустиш ниту збор! He постои бог на кој би можеле да му речеме: Губи се!' Но има еден жив, вистински, свет Бог, Кој ќе може да ни каже: 'Марш надвор!'"
Истово ова би сакал и вам денес да ви го кажам: Ако денес слушнете луѓе што му префрлаат на Бог: „Како може Бог сето тоа да го дозволи? Зошто Бог молчи?", тогаш речете им: „Таков будалест и замислен бог, кого би можеле да го обвинуваме, не постои! Има само еден свет Бог Кој нас не обвинува, тебе и мене!" Дали се придржувате кон Божјите заповеди? Што си замислувате? Бог не се шегува со своите заповеди. Ние сме обвинетите, а не Бог!
Ова беше прво што сакав сосема јасно да ви го кажам: Целото поставено прашање е во основа погрешно.
А сега второто:
2. Божјето молчење значи негова осуда
„Зошто Бог молчи?" Видете, Бог често молчи, и Божјето молчење е најужасна осуда врз нас.
Јас сум цврсто уверен дека постои пекол. Тој сигурно не е таков како што е претставен на многу слики, место каде ѓаволот ги пече душите или слични глупости. Јас верувам дека има пекол, каде Бог нема што да им каже на луѓето. Таму можете да се молите, можете да Го преколнувате, да викате no Hero - но Тој нема да одговори! Рускиот писател Достоевски еднаш рекол: „Пеколот е место каде што Бог не погледнува" - тоа е место каде што конечно сме оставени, наполно напуштени од Бога. Да, Божјето молчење е Негов суд. Треба да ви биде јасно: Пеколот затоа и почнува овде на земјата, кога Бог молчи.
Ќе ви раскажам една приказна од Библијата. Имаше два града, Содом и Гомор, градови со високо развиена цивилизација и рафинирана култура. He ce негирал Бог. Веројатно имало и неколку свештеници. Но Бог не се сфаќал сериозно. Можеби си спомнувале за Hero за време на свадби и погреби, но во останатиот дел од животот многу не се грижеле за Hero. Неговите заповеди буквално се газеле под нозе.
Но во Содом живеел еден побожен човек по име Лот. Тој им обрнувал внимание: „He смеете така да се однесувате со Бог. He залажувајте се, Бог не може да се надмудри. Човек што ќе посее, тоа и ќе си жнее!" „Ах", велеле луѓето, „не прави смешки. Па ти не си свештеник. Престани со тие глупости: Што човек ќе посее, тоа и ќе жнее."
Но еден ден, откако Бог претходно го изведе Лот надвор од градот - од небото падна оган и сулфур врз градот, слично како кај нас кога беше бомбардирањето. На Бог за ова не му биле потребни авиони бомбардери. Можам да си замислам како луѓето срипувале од своите кревети и викале: „Во подрум!" Се собрале во подрум, но набргу таму станувало се пожешко - како во печка за печење. He ce издржувало. Нов повик: „Излегувајте надвор!" Истрчувале надвор. Но надвор насекаде паѓа оган и сулфур. Кутрите луѓе: Надвор не се може, внатре се задушуваат. Така раскажува Библијата. Си замислувам секакви можни ситуации (иако во Библијата нема подробности). Каква интересна група луѓе заедно! Една монденска млада жена, која не го претпочиташе драгиот Бог пред еден добар маж; еден постар господин, кој беше голем познавач на вина, и тој не беше против Бога, но кон Hero беше сосема рамнодушен. Такви типови беа во подрумот еден до друг. Симпатични луѓе, обични граѓани, храбри државници, луѓе кои не прикриваа данок. Сите си имаа црни тајни - како и секој денес што има. Во подрумот станува неподносливо жешко. Сакаат надвор, но не смеат, бидејќи наоколу е пустош. Ги лазат морници. Еден дебел господин вели: „Луѓе, Лот имаше право: Навистина има Бог!" Монденката вели: „Тогаш
ни останува само едно: Мораме да се молиме! Кој знае да се моли?" И рацете се подигаат во вис (во старо време се молеле со кренати раце) - за последен пат. И ете, можеле да се молат: „Господе, смилувај ни се! Ние ти грешевме! Ние не те почитувавме! Но, слушај ваму! Зар Ти не си драги Бог, зар Ти не си милослив! Господе, па смилувај се веќе еднаш!"
Но Бог молчи. Се слуша само прскање на огнот. Рацете паѓаат надолу, и дланките се виткаат во тупаници: „Боже, зошто молчиш?!" И натаму ништо не се случува. Може да се чуе само дивеењето на огнот. Можат што сакаат да прават, и да молат и да преколнуваат - Бог повеќе не одговара!
Има една граница што може да ја премине еден човек, еден град или една нација. Тоа е границата на рамнодушноста кон живиот Бог. Оттука натаму Бог веќе не одговара. Можеш што сакаш да правиш, да се молиш или да пцуеш - Тој повеќе не одговара. Зар не гледате дека ова Божје молчење всушност е најтешката казна од Бог врз Содом? Бог веќе немал што да им каже! Кога денес ја гледам мојата татковина во целосна рамнодушност кон Божјите вистини, против Божјите заповеди и Божјето спасение, тогаш ме лазат морници. Можеби и вие еднаш ќе доживеете да молите или да колнете, a Бог нема да одговори.
Во Библијата на едно место Бог вели: „Јас повикував; а вие не се оѕвивавте." Зошто човеку молчиш, кога Бог те повикува?
Да заклучиме: Божјето молчење е Божја страшна казна. Трето:
3. Големата оддалеченост и пречи на комуникацијата
Кога имаме впечаток дека Бог молчи, тоа може да значи дека сме многу оддалечени од Hero.
Пред извесно време еден млад човек дојде кај мене и ми рече: „Пасторе Буш, вие ми одите на нерви! Постојано говорите за Бог. Секогаш кога ќе ве сретнам, вие веднаш почнувате за Бог. Јас Бог не Го слушам, не Го гледам. Каде зборува Тој? Јас ништо не слушам!" Јас му одговорив: „Млади човече, дали ја знаеш приказната за загубениот син?" „Отприлика, да!" изјави тој. „Отприлика да" не е доволно. Јас ќе ти ја раскажам, тоа е приказна што ја кажа лично Исус.
Си бил еден богат земјопоседник кој имал два сина. Едниот од нив бил малку мрзлив. My било тесно и здодевно дома. Едноставно не му се допаѓало. Еден ден му рекол на татка си: „Стари, дај ми го моето наследство, исплати ме веднаш, сакам да заминам во светот!" Татко му му го дал тоа што го барал и тој заминал во широкиот свет. Потоа се прочуло за него: „Тој го потрошил богатството живеејќи развратно." Можете да си замислите. Во големите градови може многу лесно да се потрошат парите. Тогаш синот останал без работа и гладен. Тој безнадежно пропаднал и завршил како свињар. Во Израел свињите важеле за нечисти животни. Најсрамно за еден Израелец било да чува свињи. Бидејќи немал ни за храна, тој бил среќен да јаде крадени мешунки што ги јаделе свињите. Додека бил таму, тој не можел да го слушне гласот на татка си. Едноставно бил премногу далеку. Загубениот син можеше да каже: „He го слушам гласот на татко ми." Јасно, не можеше да го чуе.
Дозволете ми да додавам малку, бидејќи сето ова не го пишува во Библијата. Така загубениот син при свињите седи налутен. Го обвинува татка си: „Како можеше тој да дозволи вака да пропаѓам!" Така и јас си го замислувам денешниот свет: Тој го напушта Бога, a кога ќе го сполетаат несреќи, тој вика: „Како може Бог ова да го дозволи?! Зошто Бог молчи?!" - Сепак, Исус поинаку ја раскажа приказната за загубениот син: Има еден момент во неговиот живот кога тој си доаѓа на себе: „Јас сум глупав! Кај татко ми има леб во изобилие - a jac скапувам од глад. Ке станам, ќе отидам кај татко ми и ќе му речам: 'Татко, јас ти згрешив.'" Тој навистина станува и оди. Татко му го гледа оддалеку и му полетува во пресрет. Загубениот син му вели: „Татко, јас ти згрешив!" Татко му го прима во прегратка и наредува: „Донесете ги овде најубавите облеки, дајте му прстен на раката и чевли на нозете!" Сега тој веќе го слушал гласот на својот татко. Така јас на младиот човек, со кој разговарав, му реков: „Ако не можеш да го чуеш Божјиот глас, тоа значи дека си многу далеку. Мораш да се свртиш и да се вратиш назад, тоа ти е познато."
Луѓето може да се многу оддалечени од Бог, дури до свињите, кажано сликовито. За време на мојата младост, кога бев голем безбожник и бев поручник во Првата светска војна, ова добро го знаев и си велев: „Всушност, морам да се обратам!" Јас уште не сум сретнал човек што во принцип не знае дека: „Всушност, морам да се обратам!" Една самоправедна жена ми изјави: „Co мене е се во ред!" Но кога повеќе поразговаравме, таа рече: „Да, јас всушност треба да се обратам. Во мојот живот направив многу неправди. Во основа моето срце е скаменето."
Секој од нас знае: „Би требало да се обратам!" Па тогаш и направете го тоа. Обратете се. Тогаш ќе го чуете Татковиот глас. Одам на следната точка по прашањето „Зошто Бог молчи?"
4. Мораме да ги слушнеме последните Божји зборови!
Дали ме следите? Да не сум досаден? Ако е здодевно, тоа не е поради евангелието. Проповедниците се во состојба евангелието да го направат здодевно, нив обвинете ги. Во таков случај, читајте си ја Библијата сами. Но евангелието е толку интересно, што го запира здивот, верувајте ми.
Тоа што сега сакам да ви го кажам е најважно: Ако имате чувство дека Бог молчи, треба да го слушнете последниот Божји збор. Овде ќе цитирам едно место од Библијата кое е толку долго, што би сакал двапати да го кажам. Тоа место е во првата глава на писмото до Евреите: „Откако Бог во стари времиња во повеќе наврати и на разни начини им говореше на нашите татковци преку пророците (преку Мојсеј и Еремија, на пример), во последно време ни зборува и нам преку својот Син." Дали знаете кој е Синот Божји? Тоа е Исус!
Исус! Еве ме пак кај мојата тема. Срцето ми чука забрзано кога можам да зборувам за Исус. Овој Исус (како што е наречен на едно место) е Божјиот Збор што станал човек: „Зборот стана Човек и се насели меѓу нас." Видете, кога ќе изговориме некој збор, тој веднаш исчезнува, како здив. Бог направил еден Збор да стане човечко тело - во Исус. Исус е Божјиот последен збор!
Дали ви е познат изразот „мојот последен збор"? Да претпоставиме дека јас сакам да ви продадам една крава. He плашете ce, jac не се занимавам со тоа. Немам поим како се продаваат крави. Но замислете дека ви продавам крава. Колку вреди една крава? Јас не знам. Да речеме: 1000 марки. Вие велите: „Давам 300 марки за неа. He повеќе!" A jac изјавувам: „Jac барам 1200 марки. Сега вие нудите 400 марки. Јас одвраќам: „Мора да ми се набројат 1100 марки!" И така се пазариме се додека јас не речам: „Добро, 800 марки. Тоа е мојот последен збор!" Ако сум сериозен, јас си останувам на оваа цена и нема промени.
Исус е последниот Божји Збор! Ако вие не Го прифатите, Бог нема што повеќе да ви каже. Разбирате?
Кога луѓето се жалат: „Бог не говори. Зошто Бог молчи?", тогаш јас им одговарам: „Бог нема друго што да ви каже, кога Неговиот последен Збор не сакате да го слушнете!" Морате да Гб прифатите Исус. Морате да го примите. He може поинаку.
Често среќавам луѓе што ми велат: „Јас верувам во драгиот Бог. Но зошто Исус?" Сфатете: Исус е Божјиот Збор што станал тело, последниот Божји Збор упатен до нас. За да ви стане појасно, морам уште да ви појаснам. При тоа морам да ви раскажам нешто за Исус. Јас тоа го правам со најголемо задоволство.
Околу Исус се собрала голема толпа народ и тој им зборува. Наеднаш, одзади се јавува некоја мешаница. Исус го прекинува својот говор: „Што се случува таму?" Нешто страшно се случува: Меѓу луѓето доаѓа еден лепрозен. Дали знаете што е тоа лепра? Тоа е распаѓање на жив човек. Ужасно: Гној му ги нагризува ушите, носот, усните. Лепрата е толку заразна, што човек може да се зарази дури и од здивот. Затоа лепрозните морале да живеат во пустина. Тие не смееле да дојдат меѓу луѓето. Сега еден таков лепрозен доаѓа среде толпата народ. Тој чул за Исус, и има големо барање: „Сакам да Го видам Спасителот!" Доаѓа. И веројатно на човекот му прават место. Едноставно се повлекуваат назад. Тие негодуваат: „Бегај оттука! Губи се!" Земаат камења и се закануваат. Но тој не се збунува. Можам да си замислам како среде толпата се создава пат од исплашените луѓе. Низ создадената уличка тој напредува се додека не застане пред Исус. He, тој пред Исус не стои простум, туку паѓа пред Hero во правот и плаче, излевајќи го сиот свој јад: „Животот ми е расипан и нечист! Исусе, ако сакаш, можеш да ме очистиш. Помогни ми!" Ах, гледате, уништениот човек и Спасителот мораат да се сретнат! Така мора да биде: Нашата мизерија треба да дојде пред Исус. О, јас ви посакувам да ја отфрлите таа малечка „религија" што ја имате и својата мизерија да ја донесете пред Исус. И еве, лепрозниот лежи пред Исус: „Ако сакаш, можеш да ме очистиш!" И тогаш се случува нешто што го сметам за бесконечна убавина. Јас би можел да си замислам дека Исус се повлекува еден чекор од овој лепрозен и уништен човек и вели: „Да, добро. Стани! Биди чист!" Но не, Тој не го прави тоа. Исус оди чекор напред и ја полага својата рака врз болната глава! Луѓето викаат изненадени: „Лепрозниот не смее да се допира!" Библијата раскажува: „И Исус го допре." Никаква нечистотија на Исус не му е премногу одвратна! Никоја мизерија не му е преголема! Тој ја става раката врз него. Кога јас би бил некој друг Вилхелм Буш, на пример сликар, вака би нацртал: Исусовата рака врз разурнато, наполу распаднато лице на лепрозен. Таков е Исус, најголемо чудо на сите времиња!
Ако има сега овде некој човек за кого никој не се грижи, Исус ги става рацете врз него и вели: „Јас те откупив, ти треба да бидеш мој!" Ако има некој овде што се измачува и е лепрозен поради нечистотијата на гревот, Исус ја става својата рака врз него и му вели: „Биди чист!"
Во Исус се покажува целокупната Божја љубов кон нас, среде нашата мизерија, среде нашиот грев, нашата нечистотија, нашата болест. Исус е Божјиот Збор што станал човек! И уште луѓето велат: „Зошто Бог молчи?" Зар Бог не зборувал јасно и доволно и прекрасно? Зар тоа не е Божје зборување?
Истиот Исус еден ден го положиле на крст. My заболе клинци низ рацете и нозете. Потоа го подигнале крстот. Околу крстот се собрала разјарена толпа. Римски војници одржуваат ред и ги туркаат луѓето назад.
Да се протуркаме и ние низ оваа толпа и да дојдеме под крстот. Погледнете го Hero, овој човек од Голгота!
Гледај го Исус закован,
И сиот во крв облеан!
Раце и нозе крвави,
Ребрата прободени!
Погледнето го! Прашајте го: „Зошто висиш тука?" Тој ви одговара: „Заради твојата вина пред Бог. Или ти ќе ја платиш во пеколот, или јас ќе ја платам за тебе. Еден мора да плати. Јас сакам да го сторам тоа за тебе. Само верувај во Мене!"
Драги пријатели! Кога уште како млад човек сфатив дека Тој е жртвеното Јагне што го очистува гревот на светот, дека мене ме помирува со Бог, дека го платил откупот за да ме купи за Бог, јас тогаш го оставив срцето под крстот и реков:
Сигурност слатка! Исус е мој!
О каква радост е за мене Тој!
Дете сум Божје, сигурно знам!
Откупен со крв, роден од Дух.
Потоа Исуса Го положиле в гроб изделкан во карпа. Пред вратата дотркалале голема плоча. Однадвор била поставена стража од римски војници. Наеднаш, рано изутрината третиот ден, блеснала силна светлина, слична на експлозија на атомска бомба, толку силна светлина, што војниците - а тоа биле искусни војници - сите паѓаат во несвест. Последното што го гледаат е како Исус славно излегува од гробот.
Јас не ви раскажувам никакви бајки. Ви објаснувам, бидејќи знам дека Исус воскреснал од мртвите. Овој Исус, кој умрел за вас, е жив. Нема ниеден жив за кого Исус не умрел. Исус е жив. Тој ве вика како последен Божји Збор! Решавачко прашање на вашиот живот е дали ќе Го примите Hero!
„Зошто Бог молчи?" Бог воопшто не молчи, драги мои. Тој зборува. Неговата Реч се вика „Исус!" Тоа значи љубов, милост и милосрдие.
Во мојот живот сум имал страшни мигови - за време на нацизмот - во затворите и за време на бомбардирањата. Се сеќавам на некои ужасни моменти. Крикот ми застана во грлото кога еднаш, за време на бомбардирањата, се најдов во едно двориште. Околу мене лежеа околу 80 трупови што биле откопани тој ден од еден погоден бункер. Секако, јас веќе сум гледал слични стравотии од бојното поле во Првата светска војна. Но ова беше уште пострашно. Овде не лежеа војници. Овде лежеа тела на стари луѓе, жени и деца. Мали дечиња на чии слаби тела се читаше долготрајната војна. Дечиња! Што имаа тие заедничко со оваа бесмислена војна!? Додека стоев меѓу тие многубројни мртви тела - сам во ужасот и во мртовечката тишина, во срцето викав: „О Боже, каде си Ти сега? Зошто молчиш?" Одеднаш ми дојде во свеста еден стих од Библијата: „Бог толку го засака светот, што го даде својот Син." Веројатно сам Бог ми го повика во свеста поради мојата разочараност. Наеднаш во свеста пред мене се појави крстот од Голгота каде што Бог дозволи да искрвави Неговиот Син - се заради нас. Јас не го разбирам целосно Боѓ. He разбирам зошто Бог многу допушта. Но постои еден факел, еден знак, споменик или светилник кој сведочи за Неговата љубов. Тоа е крстот на Исус. „Тој не Го поштеди својот сопствен Син, туку Го предаде за сите нас. Зар нема со Hero да ни подари и се друго?" Вака вели апостол Павле. Тоа е вистина. Секој што ќе најде под Христовиот крст мир со Бог, тој веќе не поставува прашања.
Кога децата ми беа малечки, тие не разбираа се што работев јас, но имаа доверба во мене: „Тате тоа ќе го направи добро!" Кога ќе најдам мир со Бог под крстот Исусов, кога ќе станам чедо Божје, јас исто така можам да имам доверба во небесниот Татко: Тој прави се добро. Тогаш нема да имам повеќе прашања. Се зависи од тоа - да се прифати и да се прими овој последен Божји Збор.
Дали би сакале да ме слушате уште пет минути? Морам да ви кажам уште нешто, што е многу важно:
5. Божјето молчење може да стане повик
Може да се дискутира со часови за тоа зошто Бог го допушта ова или она, но прашањето станува навистина актуелно и акутно само тогаш кога човека лично ќе го погоди. He e ли така? Во сите страшни темници на мојот живот јас сум наоѓал излез преку крстот Христов.
Пред извесно време една млада девојка, наполно разочарана, ми рече: „He можам повеќе да живеам!" Јас не знам во каква положба сте вие, но за темнината во вашиот живот би сакал да ви речам: He ce прашува: „Зошто? Зошто? Зошто?" - туку треба да се праша: „Co која цел?" За ова јас пак ќе ви раскажам една случка.
Пред неколку децении, кога служев како пастор во еден рударски регион, се случи еден страшен настан. Еден ден чув за еден работник кој настрадал. Камен паднал врз неговиот грб и му го скршил 'рбетот. Тој се парализирал, без надеж за излекување. Страшна несреќа! Јас, се разбира, отидов да го посетам, но тоа беше најстрашна посета што сум ја имал. Собата беше полна со рудари. На масата стоеја шишиња со ракија. Парализираниот седеше во својата количка. Кога влегов, тој викна гласно: „Надвор ти, црна птицо! Каде беше твојот Бог кога каменот ми го скрши 'рбетот? Зошто Бог молчи?" Следеа други пцости. Беше како во пеколот, не можев ништо да кажам и излегов надвор. Имав неколку пријатели меѓу рударите од мојата област, на кои следната вечер им раскажав за мојата посета, кога имавме библиски час за возрасни мажи. Една седмица подоцна, кога пак требаше да почне библискиот час , вратата се отвори со тресок и - го внесоа парализираниот човек сосе количка. Пријателите рудари го беа донеле едноставно да слуша. He знаев дали нешто му рекле, но мислам не. Така тој седеше и го слушаше моето предавање. Јас проповедав на тема: „Бог толку го засака светот" - не за да не остави без ништо, туку „го даде својот Син." Зборував за Исус, последната Божја Реч, која мораме да ја слушнеме, и продолжив: „...За ниеден што верува во Исус да не загине." Човекот слушаше. За првпат тој слушна така да му се зборува за Исус. Одеднаш тој виде светлина. Ќе скратам: Три месеци подоцна тој му припадна на Исус Христос. He знам на кој начин се се измени. Станот му се среди. Таму каде што порано се слушаа пцости, сега одекнуваа песни за Исус. Старите пријатели исчезнаа. Исчезнаа и шишињата со ракија, само Библијата стоеше на масата. Жена му и децата живнаа. Кратко пред да почине, јас пак го посетив. He можам да заборавам. Тој имаше многу убаво име: „Амзел". Нека не ми се земе за зло што му го спомнувам името - тој сега е на небото. „Амзел", го прашав, „како си?"„Ах", рече тој, „откако мојот живот му припаѓа на Исус, откако имам прошка на гревовите, откако сум чедо Божје, така е во мојот дом." Тој се замисли за миг и потоа продолжи: „Секој ден ни е како Божиќ!" Тоа е така убаво кажано од еден рудар, зар не? И тогаш се случи нешто што никогаш нема да го заборавам. Тој рече: „Буш! Јас наскоро ќе умрам; тоа го чувствувам."
Ние бевме на „Ти", бидејќи бевме добри пријатели. „Тогаш ќе минам низ портата и ќе застанам пред Бог. Наполно ми е јасно. Co смртта не завршува се. Кога во вечноста ќе застанам пред Божјиот престол, јас ќе паднам пред Hero и ќе My ce заблагодарам затоа што ми го скрши 'рбетот." „Амзел", го прекинав изненаден, „какви се тие зборови?" Тој одговори: „Знам добро што зборувам. Да не се случеше тоа, Бог да ме оставеше да си бидам и натаму безбожен, јас ќе си отидов право во пеколот, во вечна гибел. Бог во својата спасителна љубов мораше толку силно да замавне и да ми го скрши 'рбетот за да можам да го најдам Неговиот Син, Исус. Во Исус јас станав радосно Божје дете. Затоа јас ќе My заблагодарам!" Тогаш рече една мисла што ми е неизбришливо врежана: „Подобро е парализиран да му припаѓаш на Исус и да бидеш Божје дете, одошто со две здрави нозе да рипнеш во пеколот!" He можам тоа да го заборавам. Човекот рече: „Подобро е парализиран да му припаѓаш на Исус и да бидеш Божје дете, одошто со две здрави нозе да рипнеш во пеколот!" Јас му одговорив:, Драги мој Амзел! Ете, гледаш, Бог ти пратил тежок товар. Во почетокот ти се расправаше: „Каде беше Бог? Зошто Бог дозволи? Зошто Бог молчи?" Но сега ти сфати со каква цел Бог тоа го прати. Тој сакаше да те привлече кон Исус, а и Исус да те привлече тебе.
Разбирате? He треба да прашаме: „Зошто?", Туку: „Co каква цел?" Јас би сакал да ви кажам: Сите неволји во нашиот живот имаат за цел Бог да не привлече кон Исус и кон себе. Затоа радо си ја пеам песната:
Поблизу до тебе да сум, Боже,
Само покрај Тебе наоѓам мир.
Затоа молам јас, пак и во овој час,
Поблизу до Тебе да сум, Боже.
Ви посакувам оваа песна да си ја запеете како молитва.
Извадок од книгата „Исус наша судбина" од Вилхелм Буш ...назад

