ЖИВОТ ЗА ЖИВОТ
Пред многу години се случило нешто толку необично, толку прекрасно и толку возбудливо, што треба да биде раскажано.
Во еден ориенталски град си жевееле заедно двајца браќа. Помладиот водел разуздан и живот без цел. Од рано сабалје до касно вечерта тој се предавал единствено не грешни задоволства и како да немал ни најмалку желба да се раздели со нив.
Постариот брат, напротив, бил богобојазлив човек, смирен и посветен. Активно ангажиран во следење на достојни цели тој не се подавал на гревовни искушенија. Многу нажален поради брат си, често, и тоа преку солзи му се молел. Но помладиот ниту се заслушувал на молбите, ниту обраќал внимание на неговите солзи, туку продолжувал да води развратен живот, погубувајќи си ги и душата и телото. Ден за ден неговиот живот се повторувал. Тој едноставно "се забавувал" до касно во ноќта, додека неговиот поголем брат често останувал буден во очекување кога ќе си дојде, а преку целото време се молел на Бога за него.
Еднаш после полуноќ постариот брат чул силно тропање на вратата на нивниот дом. Тој брзо отворил и помладиот брат се втурнал внатре, сиот растреперен и блед, а по неговата облеката имало дамки од крв.
"Спаси ме! Скриј ме!" - извикал тој.
"Полицијата е зад мене!"..."убив човек!"..."О, види ја крвта!"..."тоа е неговата крв!"..."О, страшно!!!"
Но како може тој да биде сокриен, а да не го открие полицијата и судот?
Љубовта е спремна на се! Без да губи време во расправии, големиот брат ги соблекол извалканите алишта со крв од брат си и се облекол сам во нив. Потоа му ги дал своите чисти алишта и го внесол во една од задните соби, ја затворил врата и исчекал да види што ке биде следно.
Немало потреба да се чека многу. Наскоро чул брзи чекори и наеднаш полицајците влегле. "Токму како што си мислевме, еве го убиецот!" - извикал едниот од нив на останатите. "Сомнежите и за многу други работи упатуваат кон истата оваа куќа".
Тие се приближиле до осомничениот виновник и со суров поглед едниот прашал: "Ти ли си убиецот?"... но тој не одговорил ни збор!
"Зошто да губиме време да го распрашуваме?" - го прекинал друг полицаец, "само погледнете ги неговите алишта, тие ја издаваат неговата вина." "Да го носиме!"
Тие го врзале несреќниот човек и го повлекле со нив по еден долг пат низ несоодветните улици и го донесле во затворот, каде го ставиле во мрачна дупка до рано сабајле. Преку целото време затвореникот не изустил ни збор.
Утрото дошле да го распитуваат, но единствениот одговор бил "Знам дека треба да умрам за овој престап и колку побрзо толку подобро".
Неколку дена покасно бил однесен во судот. Судијата се загледал во неговите извалкани алишта со крв и рекол:
"Нема потреба од повеке докази во овој случај, се е сосема јасно." - "Имате ли адвокат?"
"Не, немам" - одговорил обвинетиот.
"Сакате ли да кажете нешто во своја заштита?"
"Не, не сакам" одговорил јасно и со решителност во гласот благородниот брат и си ја наведнал скромно главата, за да не го издадат неговите невини очи.
Процесот бил брзо завршен и го осудиле на смрт.
На предвечерјето на егзекуцијата затворникот неочекувано започнал да зворува. Побарал од началникот на затворот да го посети. Кога тој влегол во неговата ќелија, човекот рекол молејќи го:
"Ќе бидете ли така добар да ја исполните последната желба на еден, кому животот скоро му е завршен? Имам потреба од еден лист хартија, мастило и пенкало за да напишам едно писмо, а исто така и восок за запечатување и ќе ми ветите ли пред Бога, дека нема да го скинете печатот, и ќе го испратите оваа писмо до оној до кого ќе биде адресирано. Бидете сигурен дека зад оваа не се крие никаква лоша намера - мојата душа утре ќе застане пред Бога и аз не можам да изговорам лага во последниот си час."
Началникот внимателно ги разгледал лицето на осудениот човек. Тој не се осмелил да се посомнева во тие зборовите и не му дало срцето да се откаже од оваа молба. Изгледало како да целата душа на затвореникот се излеала во неа. Тој стоел така тивок, така кроток, а во неговите очи како да проблеснувала навообичаена светлина. Лично началникот донесол се што затворникот посакал и ветил дека ќе исполни се за што бил помолен од овој човек, кој ја очекувал својата смрт. Вечерта, кога проверката на ќелиите била направена, застанале до онаа на осудениот маж и молчаливо го зеле запечатеното писмо.
Ноќта одминувала; ноќ на одмор за многумина; ноќ на болка или грев за други - но исто така ноќ на безсоние, макар и полна со мир, за затвореникот, кој коленичел во ќелијата како човек, кој пред прагот на вечноста, веќе може јасно да гледа во еден друг свет.
Се разденило. Луѓето ја започнале својата работа, исто така и оние што требало да го однесат на смрт. Еден час покасно... се било веќе завршено...!
Малку после ова курир тргнал со писмо во раката. Стигнал до куќата на "двајцата браќа" и почукал на вратата.
Блед млад маж со неспокоен израз на лицето излегол да отвори и го зел писмото. Откако го гледал некое време со празен поглед, како да било погрешно адресирано, тој конечно го скинал печатот.
Започнал да чита... и ... започнал силно и болезнено да плаче. Тргнал накај вратата... потоа обратно во собата, како да бил полудел! Целото тело му се тресело, додека извикувал и плачел!
Што толку имало во тоа писмо?
Не многу, само неколу збора! И тоа биле:
"Утре, во твоите алишта, јас умирам на твоето место, а ти, во мојата облека, спомнувајќи си за мене, ќе живееш од сега натаму справедливо и свето."
"Умирам на твоето место!"... Бил скршен. Овие зборови го растресле, да, директно во длабочините на неговото срце, кое пред тоа било како ледено и завладеано од грев и страв. Сега како да наеднаш пробуден, извикал силно:"Умирам на твоето место! ... Сигурно тој уште не е умрел!"
Се упатил кон надвор, мислејќе да го спаси брата си. Стигнал до затворот, но таму го запреле. Но бидејќе се молел да го види началникот на затворот и тоа упорно и непрекратно, чуварот го сожалил и го однесол кај него.
"Умирам на твоето место!" Додека началникот го читал овие зборови, тие ги допреле и длабочините на неговото срце. Тој си сетил за усрдната молба на осудениот човек и тивкиот му смирен поглед, на кој што не можел а да не откликне... и со големо возбуда го предал писмото на судијата. Тој исто така го прочитал и започнал да го распрашува вистинскиот виновник, кој признал се - поранешниот живот, стравовите си и срамното си молчење и после завршил со молбата:"Убијте ме мене ,затоа што заслужувам да умрам!"
Но зборот на постариот брат, кој што веќе бил умрен, не го изгубила своето значење. Тој збор бил свет за судијата, свет во неговиот најполн степен. Саможртвата била данок, којшто справедливоста барала и по никаков начин не можело да стане невалиден или да се изгуби! И така, со особено сочуство, судијата го изгледал човекот којшто станал објект на таква голема љубов и почуствувал дека нема дури ни правото да го внесе во затворот, а камо ли пак да го осуди на смрт!
Така му биле осигурени живот и слобода.
Со тоа писмо во раката оправданиот виновник се вратил назад во својата куќа, каде целосно нетажнатото од товарот на неговите гревови, извикал силно кон Бога, додека Му ја разоткривал маката и своето покајание.
Тој се молел усрдно и со солзи:
"Господи, Боже мој, нека да не умрам во своите гревови! Друг умре за нив. Помогни ми против гревот. Направи ме достоен да ги носам алиштата на оној кој умре за мене! Помогни ми да ги држам чисти од секаква дамка и чувај ме од секој грев!"...
Од тој момент натаму луѓето не можеле да го препознаат, бил сосема променен. Се движел меѓу нив како чужд, макар и да бил исполнен со љубов и сочуство кон нив.
Во почетокот претходните му другари се обидувале да го придобијат за стариот начин на живот, да ги посетува старите места на кои претходно одел. Но на сите тој им давал еден и исти кроток, но тврд одговор: "Облечен во овие алишта не можам да дојдам, брат ми никогаш не би отишол на такво место."
Постепено тие се откажале да го искушуват. Разбрале дека е бесполезно. Некои го оставиле, но други станале подружељубни и гледале со респект на неговата облеката и на оној кој ја носел претходно. Го забележале и ценеле светиот му и посветен на Бога живот, и не само тоа, но и тие се обратиле од гревот и го избрале неговиот начин на живот.
Минале години. Неговата упорност дала многу плод.
Тогаш Бог решил дека е време да одговори на очајниот вик, што тој прерано уште го бил насочил кон Бога:"Нека да умрам!"
Кога овој земен живот ќе прекрати, започнува оној што никогаш не завршува.
Дошло времето двајцата браќа да се сретнат во вечноста, и да не се разделат никогаш повеќе.
По негова волја помладиот брат бил закопан во алиштата на постариот, којшто го дал својот живот за него. Што значело тоа, неговите пријателите и оние што научиле за ова, никогаш не можеле да го заборават!...
Оваа историја дојде до својот крај, но значењето и останува и е важно за луѓето насекаде по целиот дури и денес. Таа има специјално значење и за секое човечко битие.
Може би ти чесо си имал возможност да го држиш евангелието во своите раце или да го слушнеш или прочиташ. Но кога си го слушнал е било само како многуте звуци кои достигнале на површината на твојата душа без да проникнат длабоко во неа. Размисли длабоко над учењето на Светото Писмо, коешто сведочи за живото и смртта на Христос, Спасителот. Тој го даде Својот живот за тебе, не само да те спаси од идниот суд и вечната смрт, но и за да те ослободи од гревот - како и од вината од него
од гревот, така и од неговата сила - и да те укрепи, за да можеш да живееш преку Вистината.
Размисли над сево оваа со искрено срце и кажи дали сиве овие зборови не се Господни слова кон тебе!
Размисли како Тој, облечен во твоите алишта, натоварен со твоите гревови... умре за тебе!... така да обвиткан со облеките на спасението, да можеш да живееш, за да го славиш, во праведност и светост!
Да, навистина, Господ "не се срамува да ги нарекува браќа" Евреите 2:11 - браќа, којшто вкуси сè и сепак остана без грев, за да може да ги издигне нив, а исто и тебе, од мизеријата на гревот и така да ги направи сите "учесници во Божјата природа" (2 Петрово 1:4) и наследници на Неговото царство.
Каков одговор дава твоето срце на неговото писмо?
Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас, за да станеме Божја правда во Него. 2 Коринтјани 5:21
...кога дојдовме до заклучокот: еден умрел за сите, значи дека сите умреле. А Тој умре за сите, та живите да не живеат веќе сами за себеси, туку за Оној, Кој умре и воскресна за нив. 2 Коринтјани 5:15
"За нашите престапи беше прободен, сотрен, за нашите беззаконија. Казната за нашиот грев падна врз Него, преку неговите рани ние се исцеливме" Исаија 53:5
Тој Сам во Своето тело ги понесе нашите гревови на дрвото, та ние, умирајќи за гревовите, да живееме за правдата; преку Неговите рани се исцеливте. 1 Петрово 2:24
...ако сте чуле за Него и ако сте во Него поучени онака, како што е вистината во Исуса; ...и да се облечете во новиот човек, кој е создаден според Бога во правдата и светоста на вистината. Ефесјани 4:21,24
По тоа ја познавме љубовта, што Тој го положи својот живот за нас; 1 Јованово 3:16
Никој нема поголема љубов од оваа: да го положи сопствениот живот за своите пријатели. Јован 5:13
Зашто и Христос умре еднаш за гревовите, Праведен за неправедните, за да ни приведе при Бога; 1 Петрово 3:18
И секој кој ќе го повика Господовото име, ќе се спаси. Дела Апостолски 2:21
Сите пророци сведочат за Него, дека секој кој верува во Него, ќе добие преку Неговото име опростување на гревовите. Дела Апостолски 10:43

