За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Статии

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















ЖЕТВАТА ПОМИНА, ЛЕТОТО ЗАВРШИ,
А НИЕ НЕ СМЕ СПАСЕНИ

   Пријатели, дали Христос некогаш ќе сака повеќе да те спаси отколку сега? Дали некој друг пат ќе има повеќе сила отколку сега? Зошто не се премислиш за да бидеш спасен кога ти се нуди милост? Се сеќавам пред неколку години, кога Божјиот Дух работеше во нашата црква, една вечер собирањето го завршивме со прашањето секој што сака да стане христијанин да стане, и за моја голема радост, еден човек кој беше загрижен извесно време за својата душа, стана.

   Отидов кај него и го фатив за раката да го поздравам и реков,

   „Се радувам што стана. Доаѓаш при Господа искрено сега, нели?"

   „Да," ми рече, „Се надевам. Но, има само едно нешто кое ми стои на патот."

   „Што е тоа?" го прашав.

   Ми рече: „Ми недостасува морална храброст. Ти признавам дека ако тој и тој човек (наименувајќи еден од неговите пријатели) беше овде оваа вечер, немаше да станам. Тој би ми се смеел ако знае за ова, и не мислам дека имам храброст да му кажам."

   „Но," му реков, „Ако воопшто доаѓаш кај Господ тоа треба да го направиш одлучно и цврсто."

   Како што зборував со него, целиот трепереше од глава до петици, и верувам дека Духот работеше искрено во него. Се врати наредната ноќ, и наредната, и наредната; Божјиот Дух работеше во него со недели; изгледаше како да дошол до самиот праг на Небото, и како да го пречекоруваше прагот кон блажениот свет. Не можев да најдам ниедна причина за неговот противење, освен тоа што се плашеше од неговите пријатели да не му се смејат.

   Конечно, изгледа како да Божјиот Дух веќе го напушти; опросведочувањето како веќе да си замина. Шест месеци после тоа, добив порака од него дека бил болен и сакал да ме види. Отидов брзо кај него, затоа што мислев дека умира. Ме праша дали постои некоја надеж. Да, му реков, Бог го испратил Христос да го спаси; и се молев со него.

   Спротивно од сите очекувања, тој се опорави. Еден ден отидов да го видам. Беше сончев, прекрасен ден, и тој седеше пред неговата куќа.

   „Сега веќе доаѓаш при Бог, нели? Ќе бидеш доволно опоравен скоро за да дојдеш на нашите собирања повторно."

   „Г-не Муди," рече тој, „Јас одлучив да станам христијанин. Целосно сум одлучен за тоа, но нема да биде тоа сега. Ќе одам за Мичиген да купам фарма и да се населам таму, и тогаш ќе станам христијанин."

   „Но сеуште не знаеш дали целосно ќе бидеш добро."

   „O," ми рече „Ќе бидам совршено добро за неколку денови. Добив нов живот."

   Го молев, и се обидував на секој начин да го направи својот чекор кон Бог. Конечно ми рече, „Г-не Муди, не можам да бидам христијанин во Чикаго. Кога ќе си отидам од Чикаго, и ќе отидам во Мичиген, далеку од моите пријатели и познаници, кои ми се смееја, тогаш ќе бидам подготвен да отидам кај Христос."

   „Ако Бог нема доволно милост да те спаси во Чикаго, ќе нема и во Мичиген" му одговорив.

   На крајот малку се налути и рече, „Г-не Муди, ќе ризикувам," и така си заминав.

   Многу добро се сеќавам на денот од неделата, четврток, околу пладне, точно една недела од тој ден, кога бев повикан од неговата жена да дојдам во голема итност. Брзајќи, отидов веднаш таму. Неговата жена ме пресретна на вратата, и ја прашав што се случува.

   „Мојот сопруг," ми рече „му се повтори болеста; туку што беа овде лекарите, и рекоа дека нема повеќе што да направат и дека скоро ќе почине."

   „Дали сака да ме види?" прашав.

   „Не."

   „Тогаш зошто ме повика?"

   „Не можам да поднесам да гледам како умира во ова ужасна состојба на умот."

   „Што вели тој?" прашав.

   „Вели дека неговата пропаст е веќе пресудена, и ќе биде во пеколот за кратко време."

   Влегов внатре, и наеднаш тој ги впери очите кон мене. Го повикав по име, но тој молчеше. Отидов до креветот кај него, погледнав во неговото лице и реков, „Ќе ми кажеш ли нешто?", и конечно тој го впери кон мене неговото лице кое беше на умирање и ми рече:

   „Г-не Муди, нема потреба повеќе да ми зборуваш. Премногу е касно. Можеш да им зборуваш на мојата сопруга и на моите деца; моли се за нив; но моето срце е тврдо како некој камен да навлегло во него. Мојата пропаст е веќе пресудена, и ќе бидам во пеколот за кракто време."

   Се обидов да му кажам за Исусовата љубов и Божјото опростување, но тој ми рече, „Г-не Муди, ти велам, нема повеќе надеж за мене." И како што паднав на колена, ми рече, „Нема потреба да се молиш за мене. Мојата сопруга наскоро ќе биде вдовица и моите деца сираци; тие имаат потреба од твоите молитви, но нема потреба да се молиш за мене."

   Се обидов да се молам, но изгледаше како да моите молитви не одеа подалеку од мојата глава, и како да небото над мене беше како од месинг. Следниот ден, неговата сопруга ми рече дека се вртел се додека сонцето на зајдело, и од вечерта се додека не починал, сè што се слушало да вели било, „Жетвата помина, летото заврши, но јас не сум спасен."

   После траење од еден час повторно ги велел овие страшни зборови, и како што си заминувал, неговата жена забележала како неговите усни треперат, и како да сакал да каже нешто и се наведнала кон него и слушнала како прошепотил, „Жетвата помина, летото заврши, но јас не сум спасен."

   Тој живеел живот без Христос, умрел без Христос - го покривме со покривало без Христос, и го закопавме во гроб без Христос.

   Дали има некои овде кои го читаат ова и се на работ да станат христијани? Земете го мојот совет и не давајте ништо да ве задржи. Стрчајте се кон Исусовите раце во овој час. Можете да бидете спасени ако сакате.

Крај