ВИСТИНСКО И ЛАЖНО ПОКАЈАНИЕ
„Зашто, жалоста по Бога донесува покајание за спасение - за кое не се кае, а жалоста на светов донесува смрт.” - 2 Коринтјаните 7:10
Во ова глава, Павле споменува друго писмо кое го имал напишано кон црквата во Коринт, поточно за определен грев за кој што коринтјаните биле виновни дека го извршиле. Овде пишува за ефектот, што неговото претходно писмо го предизвикал, донесувајќи ги кон вистинско покајание. Тие жалеле на библиски начин. Тоа било доказот дека нивното покајание било вистинско.
Зашто, ете, тоа што се нажаливте по Бога, ви создаде вам не само голема сериозност, туку и одбрана, и негодување, и страв, и копнеж, и ревност и казнување. „Покажавте во сe дека сте чисти во тоа дело.” (стих 11)
Во овие стихови, Светиот Дух зборува за два типа на жалење за гревот, едниот донесува покајание кое води до спасение, другото донесува смрт.
Во последно време често бев воден да го прашам Бог, зошто има толку многу лажни религии и христијани, и се обидов да го најдам коренот на проблемот. Голем број на луѓе мислат дека се христијани, но дека не се, е добро познато - освен ако Библијата лаже. Зошто тогаш толку многу се заблудени? Зошто тогаш толку многу, кои што се непоправливи грешници, си мислат дека се покајале? Без сомневање, едната причина е недостиг на јасно учење за основните основи на верата, особено за недостигот на јасност за вистинското и лажно покајание.
Покајанието и реалноста
Вистинското покајание се состои во промена на умот за гревот, и таа промена на мислењето е проследена со соодветна промена на срцето кон гревот. Чувствата се резултат на мислите. И кога таа промена на мислењето донесува соодветна промена на срцето - ако мислите се правилни и чувствата и се сложуваат - тоа е вистинско покајание. Мора да има правилно размислување. Новиот начин на мислење мора да биде во сооднос со Божјото мислење за гревот. Библиското жалење, кое што Бог го бара, мора да произлегува од библиски поглед за гревот.
Промена на умот
Оној кој вистински се кае, гревот му изгледа многу различен од тоа како истиот му изгледа на некој кој не се покајал. Наместо да му изгледа привлечен и фасцинантен, му изгледа токму спротивното - омразен и одвратен - и е зачуден како некогаш посакувал такво нешто. Закоравените грешници може да гледаат на гревот и можат да видат дека ќе ги уништи, затоа што Бог ќе ги казни за него. Но тие сеуште го посакуваат. Го сакаат. Го вртат под нивниот јазик. Ако може да заврши во среќа, тие никогаш не би помислиле да со откажат од него. Но на оној кој вистински се покајал е поразлично; тој гледа кон своето сопствено поведение, совршено омразно. Гледа назад на него и извикнува, „Колку омразно, колку одвратно, колку достојно за пеколот, тоа што било во мене."
Грешниците не гледаат зошто Бог му се заканува на гревот со таква страшна казна. Тие толку многу го сакаат, што не можат да видат зошто Бог би мислел дека заслужува вечна казна. Кога грешниците се силно опросведочени за вината за гревот, тие искусуваат промена на умот и го гледаат гревот во иста светлина како што и христијанинот го гледа, и тогаш имаат потреба за соодветна промена на срцето за да станат христијани. Многу грешници гледаат дека гревот заслужува вечна смрт, но нивното срце не оди заедно со нивното мислење. Тоа е случајот со демоните и злите духови во пеколот. Запомни тогаш: промена во нашето мислење е основа за вистинско покајување, и обично тоа доаѓа прво. Срцето никогаш не оди кон Бог во вистинско покајание, без нашиот ум да биде променет. Може да има промена на мислењето без покајание, но никогаш вистинско покајание не може да се случи без промена на нашето мислење.
Така, опросведочениот грешник разбира дека неговиот грев е уништувачки за него и за сите околу него, во духот, душата, и телото, сега во времето и во вечноста, и дека нема друго решение освен тоа да престане да греши. Ѓаволот знае колку гревот е уништувачки. И веројатно има некои грешници кои ги читаат овие зборови и го знаат тоа. Зборот покајание преведен од грчки подразбира промена на состојбата на умот вклучувајќи ги сите тие сфери. Не опросведочениот грешник скоро и да нема правилни размислувања, дури и што се однесува и за овој земен живот, што гревот заслужува. Може на теорија да признава дека гревот заслужува вечна смрт, но не верува вистински во тоа. Ако веруваше, ќе беше невозможно за него да остане апатичен. Самиот се лаже, ако мисли дека искрено верува дека гревот го заслужува гневот Божји вечно. Но вистинскиот пробуден и опросведочен грешник нема поголемо сомневање за тоа, од тоа што го има за постоењето на Бог. Тој гледа јасно дека гревот мора да добие вечна казна од Бог. Тој знае дека тоа е факт.
Промена на срцето
Личноста која што вистински се покајува, не само што гледа на гревот како одвратен и подмолен и достоен да се мрази, но тој навистина го мрази, и го одбива во своето срце. Личноста може да гледа на гревот како нешто што повредува, но сеуште неговото срце да го сака, и посакува, и да се прилепува кон него. Но кога навистина се покајува, тој од срце го мрази и се откажува од него.
Во односот со Бог, чувствува за гревот како што навистина е. И ете затоа христијаните понекогаш избувнуваат во жал, кога гледаат на гревот. Христијанинот мисли за природата на гревот, и едноставно се чувствува одвратно. Но кога го гледа во однос на Бог, тогаш чувствува како да изплакува, фонтани од неговата тага се отвораат, и сака да падне на лицето и да истури поток од солзи заради неговите гревови.
А што се однесува за последиците од гревот, личноста која што вистински се покајува, на нив гледа такви какви што се. Кога помислува каде гревот го води човекот, пробудува во неговото срце силна желба да прекине со него, и да ги оттргне луѓето од нивните гревови, и да го врати назад приливот на смрт. Неговото срце се распламтува, и започнува да се моли, и да работи, и да ги извлекува грешниците надвор од пламените со сета негова сила, затоа што знае каде гревот ќе ги однесе. Кога христијанинот се устремува кон тоа, тој ќе биде мотивиран да ги направи луѓето да се откажат од нивните гревови. Исто како што ако гледа некои луѓе како зимаат отров кој што знае дека ќе ги уништи, тој го подига гласот да ги предупреди да се ПАЗАТ.
Кога некој вистински се кае, тој нема само интелектуално убедување дека гревот заслужува вечна казна, но чувствува дека би било правилно и разумно и фер од страна на Бог, да го осуди на вечна смрт. Тој е далеку од тоа да најде грешка во законот којшто го осудува. Всушност, тој мисли дека тоа е небесно чудо што Бог може да му опрости. Наместо да мисли дека е тврдо, или строго, или сурово од страна Бог дека непоправливите грешници се испраќаат во пеколот, тој е во целосно обожавање на Бог заради чудото што тој самиот не е испратен во пеколот, и дека целиот овој виновен свет не е испратен во неизгаслив оган. Последното нешто што би му паднало на памет е тоа да се жали, зошто сите грешници не се спасени. Но е големо чудо на милост, што целиот свет не е проколнат. И кога ќе си помисли за тоа каков грешник бил спасен, има такво чувство на благодарност што никогаш не познавал пред да стане христијанин.
Ефектите од вистинско покајание
Сакам да го покажам плодот од вистинското покајание, и да стане јасно во твојот ум, за да знаеш без сомневање дали си се покајал или не.
Ако твоето покајание е вистинско, во твојот ум се случува свесна промена на мислите и чувствата за гревот. Ќе бидеш толку свесен за таа промена колку што не си бил за никоја друга промена на погледот и чувствата за било која друга работа. Сега, можеш ли да го кажеш тоа? Дали знаеш, дека во овој момент имало промена во тебе, дека старите работи си заминале, и сите работи се веќе нови?
Ако вистински си се покајал, не го сакаш гревот повеќе. Сега не се воздржуваш повеќе од гревот затоа што се плашиш од казна, но затоа што го мразиш. Како е со тебе? Дали знаеш дека твојата желба да извршуваш грев веќе ја нема? Погледни на гревовите што си ги правел пред да се покаеш. Како ти изгледаат? Дали ти враќаат добри спомени, и би сакал навистина да ги направиш ако би се осмелил? Ако е така, ако имаш стремеж за грев внатре во себе, ти само си опросведочен за гревот во твојот ум. Сеуште се немаш покајано од срце! Твојот мислење за гревот може да се променило, но ако љубовта за тој грев останува, ти сеуште си закоравен грешник.
Текстот ни вели, „Зашто, жалоста по Бога донесува покајание." Жалоста по Бога произведува промена во начинот на нашиот живот. Павле пишувал за промена на умот која што произведува промена на животот, завршувајќи во спасение. Сега, дозволи ми да те прашам, дали си навистина различен? Дали го имаш предадено твоето право да грешиш? Или, живееш сеуште во твоите гревови? Како и да си го променил своето размислување, ако тоа не предизвикало промена на твојот живот, вистинска трансформација, тоа не е библиско покајание, кое што му е угодно на Бог.
Покајанието, кога е вистинско и автентично, води кон исповедање и обновување. Крадецот не се покајал, ако сеуште ги чува парите што ги украл. Може да се чувствува виновен, но не и да се покајал. Ако се покајал, би отишол и би ги вратил парите. Ако си мамел некого, и ако не враќаш тоа што си го зел на нечесен начин, или ако си повредил некого, и не се решен да го поправиш лошото што си го направил, толку колку што си во можност, не си се покајал вистински.
Вистинското покајание е една постојана промена на карактерот и животот. Библијата вели дека покајанието води кон спасение и не остава жалост за тоа (не се кае). Со други зборови, вистинското покајание е толку длабоко и суштински, што човекот никогаш жали што се покајал и никогаш не се променува во обратната насока повторно. Можеш да се каже дека личноста никогаш не се кае од вистинското покајание. Љубовта за гревот е вистински оставена. Личноста која вистински се покајала, толку многу ги променила мислите и чувствата, што никогаш нема да се врати повторно назад, или да се врати во љубовта кон гревот. Текстот ни вели дека таков вид на покајание води до спасение. Продолжува така, се до вечноста и преку целата вечност. Токму причината што завршува во спасение е затоа што е покајание за кое никогаш не би се покајал.
Вистинското покајание е таква целосна промена на срцето и човекот започнува да го мрази гревот толку длабоко, заради името на Исус, што ќе издржи и нема да се го врати своето покајание и да се врати на гревот повторно.
Лажно покајание
Лажното покајание се вели дека е жалост на светов. Тоа е жал за гревот предизвикана од светски размислувања и мотиви, без согледување на вистинската природа на гревот. Промената предизвикана од жалоста по светов е плитка и површна. Личноста може да ги гледа непосакуваните последици од гревот од светска гледна точка, и може да го исполнат со загрижување. Може да согледа дека ќе има големо влијание на неговиот самореспект, или трошење на неговите пари, или неговиот живот ќе биде доведен во опасност; може да се загрижи дека некоја од неговите скриени постапки ќе се открие, и ќе биде посрамотен. Многу е чест случајот, луѓето да имаат таков вид на жал, кога некое светско размислување е во основата на сето ова.
Лажното покајување е основан на себичност. Може да биде едноставно некои силно чувство на жалост во умот на личноста, заради тоа што направил, затоа што ги гледа лошите последиците за него. Го прави несреќен, или го изложува на гневот Божји, или ја посрамотува неговата фамилија и пријатели, или му наштетува на некој друг начин. Сето тоа е чиста себичност. Може да чувствува силна грижа на совеста, многу голема - но сеуште да нема вистинско покајание. Може да чувствува страв - длабок и голем страв поради гневот Божји и болките во пеколот - но сепак да биде чисто себично. Преку целото време може да нема таква работа како замразување на гревот во срцето, и не следи промена на срцето, која што да го следи опросведочувањето на умот, за бескрајното зло на гревот.
Знаци на лажно покајание
Лажното покајание го остава непрекината и непредадена желбата за грев. Личноста може да се воздржува од грев, не од омраза кон него, но затоа што се плаши од неговите последици.
Жалоста на светот води до лицемерно притајување. Личноста која што се има вистински покајано е желна целиот свет да дознае. И нема оставено ништо кое што да крие. Но оној кој што има само жалост на светот, прибегнува кон извинувања и лаги за да ги покрие своите гревови. Тој повеќе се срами од неговото покајание, отколку од неговиот грев. Кога е повикуван да даде сметка за неговиот живот, тој ги покрива своите гревови со илјадници објаснувања и извинувања, обидувајќи се да ги замачка, за да не изгледаат толку лошо. Ако зборува за неговиот минат живот, тој секогаш го прави по најмек и благонаклонет начин. Се гледа еден постојан модел на извинување за гревот. Оваа „покајание" води до смрт. Ја прави личноста да изврши еден грев за да покрие друг. Наместо еден простодушен, и отклик со отворено срце на мекост и искреност, гледаме една слаткоречива и со многу зборови, искривеност од нешто коешто требало да биде замена на признавање на вината, и сепак не признава ништо.
Како е со тебе? Дали си засрамен кога некој зборува со тебе за твоите гревови? Тогаш твојата жалост е само жалост по светот, и води до смрт. Колку пати си видел грешници коишто се отргнуваат од патот и избегнуваат разговори за нивните гревови, и сепак се нарекуваат трагачи, и очекуваат некако да го најдат Исус на тој пат. Овој вид на жалост излегува од пеколот. Без сомневање, сите проколнати наследници на пеколот сакаат да се скријат од очите Божји. Не постои таква жалост помеѓу светите во небото. Нивната жалост е отворена, искрена, целосна, со целосно срце. Таквата жалост не е во контрадикторност со вистинската радост. Светите се полни со радост, и покрај тоа полни со длабока, јавна и силна жалост за гревот. Но жалост по светот се срами самата и е мизерна. Донесува смрт.
Промената што ја донесува жалоста на светот има влијание само на надворешните навики, за коишто човекот се почуствувал силно опросведочен. Срцето не е променето. Ќе видите дека ги избегнува само оние гревовие за коишто мисли дека се „сериозни", коишто го имаат натерано да се почуствува виновен.
Погледнете на овој нов обратен човек. Ако е заблуден, ќе видите дека има само некои плитки промени во неговиот начин на однесувње. Има подобрено некои работи, но постојат многу гревови за кои што тој прави многу малку напор да ги промени. Ако се запознаете подобро со него, наместо да видите дека во сите сфери е жив за гревот, и брз да препознава сe што е спротивно на Духот и на евангелието, ќе видите во него брзо препознавање на одредени работи, но без да ги живее, и млитав во неговите погледи за други точки, и многу далеку од покажување на Божјиот став за сиот грев.
Вообичаената жалост на светот донесува времени промени. Човекот постојано се враќа на старите гревови. Причината е што желбата за гревот сеуште не е замината. Единствено што го држи повремено е стравот. Се додека има надеж и е прифатен од црквата, се додека му се вели дека нема за што да се грижи, можеш да го видиш како постепено се враќа назад кон неговите стари гревови. Тоа беше вистински проблем со Израел, кој што ги правеше постојано да се враќаат назад кон нивното идолопоклонство и другите гревови. Тие имаа само светска жалост. Можете да го видите тоа сега насекаде по црквите. Луѓето се менуваат само за одредено време, прифатени се од црквата, и потоа се враќаат на старите гревови. Тие сакаат тоа да го наречуваат борба или отпаѓање, но вистината е дека тие секогаш го сакале гревот, и кога имале можност се враќале на него, како што свињата која што била искапена се враќа во калта, затоа што секогаш била свиња.
Ве молам, разберете ја оваа точка внимателно! Ова е причината за сета таа непостојаност во христијанството, ова возење на топоган, което што го гледаме толку многу. Луѓето се разбудени и опресведочени, но застануваат таму. Се настануваат во една лажна сигурност, и потоа заминуваат. Можеби се пазат доволно за да не бидат отстранети од црквата, но основите на гревот се немаат скршено, и тие се враќаат на старите патишта. Жената која што сакала да биде суетна во своето облекување, сеуште го сака тоа, и постепено се враќа на патиштата со кои да привлекува внимание и нечии погледи. Човекот што ги сакал парите сеуште ги сака. Наскоро се враќа кон своите стари патишта, и се нурнува во бизнисот, и се стреми кон светот толку желно и предадено како што го правел пред да се присоедини на црквата.
Помини преку сите класи на општеството, и ќе најдеш длабоко обратени луѓе, ќе најдеш дека нивните највкоренети гревови пред обраќањето, сега се најдалеку од нив. Вистинскиот христијанин најтешко би паднал кон својот стар грев, затоа што најмногу го мрази. Но ако е заблуден и со светски ум, тој секогаш е привлекуван назад кон истите гревови. Изворот на гревот не е прекинат. Го немаат исчистено беззаконието од нивните срца, а преку целото време го ценат гревот во нивните срца.
Промената придонесена од лажно покајание не само што е плитка, надворешна и временска промена, но исто така и присилена. Животните промени во личноста со вистинско покајание е од срцето. Тој не го посакува повеќе гревот. Во него библиските ветувања се исполнети. Тој всушност открива дека „Нејзините патишта се пријатни и сите нејзини патеки се полни со мир." Тој искусува дека јаремот на Спасителот е пријатен и Неговото бреме лесно. Тој има почуствувано дека Божјите заповеди не се мачни, но животодавни. „Поскапоцени се од златото, од чистото злато; Послатки се од медот, послатки од капките на медовата пита." Но овој лажен вид на покајание е различен. Тоа е одговор по закон, резултат на страв, а не од љубов; себична реакција, се друго освен слободна, доброволна и од срце промена од грев кон послушност. Доколку некој кој има такво покајание и ги чита овие зборови, ќе разбере, и самиот е свесен дека не го избегнува гревот од избор, затоа што го мрази, туку од други мотиви. Повеќе е од вина на совеста, или страв дека ќе ја изгуби душата или ќе ја изгуби репутацијата, отколку од омраза кон гревот или љубов кон послушноста.
Таквите личности треба секогаш да бидат умилкувани да бидат послушни со некои специфични делови од Библијата, во противен случај си го оправдуваат гревот и ја заобиколуваат должноста, и мислат дека не е нешто страшно. Причината е, што си ги сакаат своите гревови. Ако не е „книга, глава и стих" за кои не се осмелуваат да се побунат против нив, би продолжиле да грешат. Но не е така со вистинското покајание. Ако некоја работа изгледа непостојана на постојаната Божја љубов, личноста која има вистинско покајание ќе го мрази и избегне, било да има црно-на-бело заповед од Бог за конкретната тема или не.
Така, човекот кој вистински се покајал, нема потреба од „Така вели Господ" за да го спречи за да бара интерес од својот ближен, затоа што тој навистина сака да биде како Исус. Колку веројатно дека луѓето ќе мразат сe што не е од Исус, ако се имаат покајано вистински од гревот.
Лажното покајание води кон себеправедност. Човекот кој што го има оваа покајание може да знае дека Исус Христос е единствениот Спасител на грешниците, и може да тврди дека верува во Него, и дека се потпира единствено Нему за спасение, но во реалност тој всушност става десет пати повеќе доверба во неговото надворешно прикажување, отколку во Исус Христос за негово спасение. И ако си го познаваше срцето, ќе можеше да го разбере тоа. Може да кажува дека очекува спасение од Христос, но всушност тој живее повеќе на своето надворешно однесување, и неговата надеж се основа повеќе на тоа, отколку на искупувањето на Христос. Затоа што не ја гледа длабочината на неговото срце во степен во кој што треба, и навистина закрпува заедно своја праведност.
Таквиот тип на покајание исто така води и до лажна сигурност. Човекот претпоставува дека жалоста на светот што тој ја има била вистинско покајание, и верува на тоа. Тој го зема како здраво за готово дека Христос ќе го спаси затоа што жалел за своите гревови, и покрај тоа што тој не е свесен дека некогаш воопшто почуствувал било каква починка во Христос. Почуствувал жалост, и потоа се почуствувал подобро, и сега очекува да биде спасен од Христос, кога токму неговата совест би го научила дека никогаш не почуствувал доверба во Христос од целото свое срце.
Еве ја вистинската последицата од жалоста на светот: всушност таа го затврднува срцето повеќе. Колку повеќе пати човекот има површна реакција на Божјиот збор, толку повеќе човекот се закоравува. Ако тој има некои силни чувства на вина, и неговото срце не биде скршено и се излее, изворите на контактите со Бога се повеќе и повеќе ќе се исушуваат, и неговото срце ќе биде се повеќе тешко да се достигне. Да земеме еден вистински христијанин, некој кој што вистински се има покаено, и секогаш кога вистината ќе го открие гол пред Бог, неговото срце станува се повеќе и повеќе меко, и полесно да се допре и возбуди и стопи и биде скршено пред Божјиот благословен збор, така се додека живее, така и преку целата вечност. Неговото срце свикнува да ги следи убедувањата на умот, и тој станува поучлив и попуслив како мало дете.
Овде е големата разлика. Толку е голема, како дупката помеѓу светлината и темнината. И сепак црквите или поединечните членови, кои го имаат само тоа светско покајание, го слушаат Божјиот збор и се будат и трчаат и потоа пак се изладуваат. Ако тоа се повторува, ќе видите дека тие се се повеќе и повеќе потешки да бидат допрени, и како резултат на тоа стануваат тврди како камен, и ништо не може да ги допре повеќе. Секоја нова возбуда го закоравува срцето и го прави да биде се потешко да биде допрено од вистината.
Точно спротивното се оние цркви и луѓе кои што имаат вистинско покајание. Нека го слушаат зборот Божји повторно и повторно, и ќе видете дека стануваат се понежни и осетливи, се додека не дојдат до степен каде што кога го чувствуваат Духот како ги раздвижува нивните срца, тие се запалуваат и горат веднаш, и се спремни да ги присоединат нивните срца за Божјата работа.
Светската жалост ја затапува совеста. Секогаш кога Божјата вистина светнува во нивниот ум, таквите луѓе прво се подлежни да бидат фрлени во немир. Мзоже да немаат толку многу чувство за вина како вистинскиот христијанин. Но вистинскиот христијанин е исполнет со мир секогаш кога неговите очи леат солзи поради вината за гревот. И секогаш кога е опросведочен за гревот, тоа го прави повеќе и повеќе претпазлив, и осетлив, и внимателен, се додека неговата совест стане толку осетлива, што ја осудува секоја појава на зло во неговото срце. Но другиот вид на жалост, која што не води до вистинско одрекување од гревот, го остава срцето потврдо од пред тоа. Како резултат на тоа, ја изгорува совеста како со жежок метал. Оваа жалост „донесува смрт.”
Жалоста на светот или светската жалост го отфрла Исус Христос како темел на надеж. Потпирајќи се на надворешни пројави или само на душевни мисли, или на било што друго, води до недоверба во Исус Христос. Љубовта на Христос никогаш нема да го натера да живее за Оној Кој умре за него и живее повторно.
Со сигурност треба покајание од таквиот тип на покајание. Порано или покасно ќе видите дека таквите личности се срамуваат од длабокото уверување што го имале пред тоа. Тие не сакаат да зборуваат за тоа, и ако зборуваат би било површно и студено. Можеби на почетокот имале некое вознемирување во животот, и изгледало мошне искрено тоа што го правеле. Но сега кога свежината во убедувањето за вината за гревот е завршена, истите луѓе ги наоѓаме како се променуваат повторно на старото и се срамат од нивната претходна ревност. Тие всушност се кајат од нивното покајание.
Некои примери
Зошто тогаш, има толку многу времена посветеност во црквата? Затоа што имаат згрешено во тоа, што е опросведочување (чувство за вината за гревот), а што вистинско обраќање од гревот, што е жалост на светот и што жалоста по Бога која донесува покајание и води до спасение за кое не се жали. Јас сум убеден, после многу години на набљудување, дека ова е вистинската причина за сегашната жалосна ситуација на црквата, насекаде по земјата.
И зошто некои нехристијани доживуваат вина за гревот, но мислат дека би бил преголем крстот за да станат христијани? Зошто мислат дека е преголем испит да се откажат од нивните безбожни пријатели и од нивните гревови? Ако имале вистинско покајание, не би го сметале за крст, тоа да се откажат од гревот. Се сеќавам како јас се чувствував, кога за прв пат видов како млади луѓе стануваа христијани и се присоединуваат на црквата. Мислев дека е добра работа за нив да се обратат, затоа што би си ги спасиле душите и ќе стигнат до рајот. Но сеуште изгледаше на некој начин како тажно нешто. Никогаш не ни сонував тогаш, дека тие млади луѓе можат да бидат вистински среќни во овој живот. Мислам дека е општо прифатено за луѓето да си мислат, дека да се обратиш кон Христос е добро општо земено, и добро на крајот заради спасението, но исто така и дека не можат да бидат радосни како верници. Тие ја имаат погрешно разбрано вистинската природа на покајанието. Не можат да разберат дека вистинското покајание води до омраза на работите коишто претходно си ги сакал. Грешниците не можат да видат дека кога нивните пријатели стануваат вистински христијани, тие чувствуваат одвратност од нивните забави и грешни задоволства и глупости, и дека нивната љубов за тие работи е распната.
Еднаш познавав млада дама која поверува во Христос. Нејзиниот татко беше горд, светски човек. Таа пред тоа беше нескромна во нејзиното облекување, и сакаше да танцува. Откако поверува, татко и ја тераше да оди да посетува танцување. Тој обично одеше со неа, и ја тераше да стане и да игра. Таа одеше таму и плачеше, и понекогаш кога стануваше на сцената да игра, нејзините чувства на одвратност и жалост толку многу ја обземаа што прибегнуваше и се потопуваше во солзи. Тука гледате зошто. Таа навистина се имаше покајано од овие работи, со такво покајание од кое не жалеше. Како што застануваше на подот за играње, какво сожалување морало да го обзима нејзиното срце за нејзините поранешни пријателки, каква ужасна слика заради нивното слепо стремење кон задоволството. Колку само сакала да биде со нејзините браќа и сестри во Господа. Како можеше да биде среќна во некој бар или сала за играње? Таква е грешката во која што закоравените, или тие што имаат само жалост на светот, паѓаат, за радоста на вистинските христијани. Тоа е исто така зошто некои кои се нарекуваат христијани, мислат дека е мачно и како по закон, да бидеш многу претпазлив за гревот. Таквите личности секогаш го оправдуваат својот грев, и објаснуваат дадени постапки коишто не се во склад со претпазливост за гревот. Тоа покажува дека тие сеуште го сакаат гревот и би оделе толку далеку колку што се осмелуваат. Ако беа вистински христијани, тие би го мразеле, и би се оттгрнале од него, и бремето од кое би се плашеле, би ги повлекло назад во него.
Така, тие не се весели и радосни како христијани. Тие се жалосни затоа што треба да ги скинат врските со многу работи коишто ги сакаат, или затоа што треба да дадат толку многу од себеси. Нивните нозе се во огнот преку целото време. Наместо да се радуваат на секоја можност на себеодрекување, и да ги сакаат излагањата на вистината кои се најчистите и такви што најмногу пронижуваат, тие мислат дека е голем испит, само тоа што ќе им ја кажеш нивната должност, кога се спротивни на нивните предпочитувања и навики. Чистата вистина ги вознемирува. Зошто? Затоа што нивните срца не сакат да бидат послушни. Ако сакаат да живеат за Исус, секој зрак на светлина од небото што продира до нивните умови, што ги насочува кон Божјата волја, би бил добредојден и би ги направил повеќе и повеќе радосни.
Кога гледаме некои кои се чувствуваат потиснати и вознемирени затоа што вистината ги натиска, ако нивните срца не се предаваат и одат заедно со вистината, нивното име е лицемери. Ако гледаме дека се вознемирени како неспокојни грешници, и колку што повеќе им ги посочувате нивните гревови, толку повеќе фрустрирани стануваат, можете да бидете сигурни дека тие никогаш не се покајале вистински за нивните гревови, ниту пак се дале себеси целосно да му припаѓаат на Бог.
Гледаме зошто толку многу луѓе што се наречуваат христијани, кои што имале силна реакција во времето на нивното обраќање, но потоа се вратиле повторно на гревот. Имале длабоко чувство за вината за гревот и голема вознемиреност во умот. Покасно пронашле ослободување, и биле извондредно среќни за некое време. Но на крајот се отстраниле, и тогаш се распрснале. Некои, кои што не разликуваат помеѓу вистинско и лажно покајание и мислат дека не може да има таква силна реакција без силата на Светиот Дух, велат дека овие христијани отпаднале од благодатта. Но вистина е, „Од нас излегоа, но не беа од нас, зашто ако беа од нас, ќе останеа со нас, туку требаше да се покаже дека не се сите од нас." (1 Јованово 2:19) Тие никогаш го немале онаa покајание, коешто ја убива и уништува желбата за грев.
Можеби си мислиш од тоа што го реков дека желбата за гревот е скршена и променета, дека сметам дека сите вистински христијани се совршени. Тоа не е вистина. Вистинските христијани можат да паднат во грев. Но постои огромна разлика помеѓу вистински, но паднат христијанин, и лицемер кој се откажал од своето исповедање на верата. Лицемерот го сака светот, и ужива на гревот кога му се враќа. Може да има некои стравови и чувства за вина, и некоја загриженост, што мислат другите за него, но во крајна сметка тој ужива во гревот. Не е така со паднатиот христијанин. Тој ја губи првата љубов, потоа станува жртва на искушението, и така паѓа во грев. Но тој не го сака; секогаш е гревот горчлив за него; се чувствува несреќен и осамен и далеку од каде што треба да биде, во домот на Отецот. Точно е дека за определено време го нема Божјиот Дух или љубовта на Бог делуваат да го задржат од грешење, но тој не го сака гревот. Тој е несреќен во него; и се чувствува како да е најмизерен. Тој е целосно поразличен од лицемерот. Вистинскиот христијанин кој ја напушта љубовта Божја, може да биде предаден на Сатаната за определено време, за уништување на неговото тело, за да може неговиот дух да биде спасен; но тој никогаш повеќе не може да ужива во гревот како што уживал претходно, или да се насладува како што претходно се насладувал во светските задоволства. Никогаш повеќе не го пие гревот како вода. Колку долго што стои залутан од љубовта на Отецот, тој е мизерен. Ако има некој таков кој што го чита овие зборови, го знае тоа.
Гледате зошто грешниците кои што се опресведочени за грев се плашат да се заветат да се откажат од гревот. Тие ви велат дека не се осмелуваат да направат било какви ветувања, затоа што се плашат дека не можат да ги спазат. Причината? Тие го сакаат гревот. Пијаницата знае дека го сака алкохолот, и покрај тоа што може да направи и да го држи ветувањето да се чува настрана од него, со неговиот апетит сеуште копнее по него. Така е и со грешникот опросведочен за грев. Тој чувствува дека го сака гревот, дека неговото зграпчување за гревот и зграпчувањето на гревот за него никогаш не било прекинато. Не се осмелува да вети.
Некои христијани не сакаат да се откажат од гревот заради истата причина. Тие го сакаат нивниот грев толку многу, што знаат дека нивните срца би го оправдало, и се плашат да ветат дека ќе го предадат гревот. Токму затоа многу кои ја исповедаат верата, стојат настрана од односи со сериозни христијани. Тајната причина е тоа што тие чувствуваат дека нивните срца сеуште одат по гревот, и не се осмелуваат да дојдат до обврзувања да направат завет со светлината. Не сакаат да бидат предмет на дисциплината во црквата, во случај да згрешат. Тој човек е лицемер.
Оние грешници што имаат жалост на светот, можат сега да видат каде лежи тежината, и причината зошто не се обратени вистински кон Христос. Нивниот интелектуален поглед за гревот може да биде точен. И само ако нивните срца би биле во склад со тоа, тие би биле христијани! И можеби си мислат дека оваа интелектуално убедување за вината за гревот е вистинско покајание. Но ако само навистина би сакале да го предадат гревот, и целиот грев, тие не би се двоумеле да го признаат тоа, и да знае и целиот свет дека тоа го направиле. Ако има само некој што ги чита овие зборови, те молам да делуваш според твоето убедување - денеска! Но ако се спротиставиш на убедувањето, кога твоето разбирање и си просветлен да видиш што треба да направиш, твоето срце сеуште ќе трча по твоите гревови. Трепери тогаш, грешниче пред можноста што е пред тебе. Сите твои убедувања нема да те однесат никаде, ако не се покаеш вистински! Само ќе те слизнат подлабоко во пеколот, затоа што си им се спротиставил.
Ако посакуваш да ги предадеш твоите гревови, тогаш одречи се од нив, кажи му на Бог во молитва, признај ги пред Божјиот народ, и продолжи напред за да направиш конкретни промени во животот. Денеска е денот на спасението! ...назад
"True and False Repentance by Charles G. Finney, 1886"
