За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















ПРАШАЊЕ НА СУДБИНАТА

   Еден млад човек живеел во Соединетите Американски Држави. Никогаш не направил ништо лошо. Но, еден ден играл карти и многу се изнервирал. Зел пиштол, пукал и го убил својот противник. Бил уапсен и осуден. Пресудата била: смрт со бесење.
    Но, поради примерниот живот кој што го живеел, неговите пријатели и роднини решиле на напишат петиција, во овој случај, молба за помилување по пат на собирање на потписи. Секој имал желба да потпише. Набрзо и други градови слушнале за тоа, па така луѓето од целата држава почнале да ја потпишуваат петицијата.
    На крајот петицијата му била предадена на гувернерот, кој бил христијанин. Солзи му надоаѓале на очи кога ги гледал корпите полни со петиции. Решил да го помилува тој млад човек. Го напишал помилувањето, го ставил во џеб, па облечен како свештеник се упатил кон затворот.
    Кога се приближил до ќелијата на осудениот, младиот затвореник дошол до решетките; „Бегај одовде", викнал, „He сакам да те видам. Веќе седуммина како тебе дојдоа. Доста ми е од религијата што ја имав додека бев дома."
    „Но, чекај малку, млад човеку," одговорил гувернерот, „имам нешто за тебе. Дозволи ми да ти кажам нешто."
    „Слушај", викнал младичот налутено, „ако веднаш не си заминеш ќе го викнам чуварот и тој ќе те избрка."
    „Но, млад човеку, имам една новост за тебе, најдобрата новост. Зарем нема да ми дозволиш да ти ја кажам?" викнал гувернерот.
    „Слушна што реков," одговорил младиот човек, „ако веднаш не си одиш, ќе го викнам чуварот."
    „Добро", одговорил гувернерот тажен се завртел и си заминал.
    Набргу потоа дошол чуварот.
    „Млад човеку, чув дека гувернерот те посетил".
    „Што! Зарем оној човек што беше облечен во свештеничка облека беше гувернерот?" викнал затвореникот.
    „Да", одговорил чуварот. „Тој во својот џеб имаше помилување за тебе, а ти не сакаше ни да го ислушаш".
    „Дај ми брзо перо, мастило и хартија", повикал младичот. Потоа седнал и напишал: „Драги гувернеру, ви должам едно извинување. Жалам што така се однесував кон вас..." итн. Гувернерот го примил писмото, го завртел и на опачината напишал: „Случајот не ме интересира повеќе."
    Осамнал и последниод ден за младиот човек.
    „Сакате ли нешто да кажете пред да умрете?" го прашале
    „Да", одговорил младичот, „кажете им на младите луѓе во Америка дека не умирам поради злосторство. He умирам затоа што сум убиец. Гувернерот ме помилува. Можев да останам жив. Кажете им дека умирам затоа што не сакав да ја ислушам понудата на гувернерот."
    Пријателе мој, ако бидеш изгубен, тогаш тоа нема да биде поради твоите гревови, туку затоа што не сакаш да го примиш помилувањето, кое што Бог ти го нуди преку Својот Син. Бидејќи, ако сам го одбиеш Исус Христос, тогаш Бог не може ништо да стори за тебе? Ја одбиваш својата единствена надеж за спасение.
    1892 година два човека, Вилсон и Портер, биле осудени на смрт со бесење, поради грабеж во поштата на Соединетите Држави. Портер бил погубен, а Вилсон помилуван. Едниот го одбил своето помилување, па главниот судија на Врховниот Суд, Џон Маршал, донел одлука:
    „Помилувањето е дело, за чија полноважност е неопходно предавање, а самото предавање не е потпо лно без прифаќање. Истото може да биде одбиено од страна на лицето за кое е наменето. Па ако го одбие, судот нема право по пат на сила да го спроведе." Како што гледаш, одговорноста лежи на тебе.
    Ако не го примиш Божјото помилување, Тој нема да те присили на тоа.
    „Како тогаш ќе избегнеме, ако занемариме такво големо спасение". (Посл. до Евреите 2:3).

Пилат

    Пилат вака го формулира тоа: „А што да направам со Исуса, наречен Христос?" (Ев. според Матеја 27:22). Ова е прашање што ја решава судбината.
    Повторно и повторно се обидувал да го спаси Исус. Очаен го изнел Варава, и ги поставил Исус и Варава еден до друг, се завртел кон народот и прашал: „Кого сакате да ви го пуштам? Варава или Исус?" Наговорена од свештениците толпата одговорила: „Варава! Варава!" Потоа Пилат повторно прашал: „Тогаш што правам со Исус? Го одбравте Варава, а Исус се уште е во мои раце. Морам да го решам и Неговиот случај. Мора да сторам нешто. Што да правам?"
    Сетете се како Пилат се обидувал да ја оттргне одговорноста од себе. Прво барал од Евреите тие сами да My судат, но тие му одговориле: „Ние не смееме никого да погубиме, аовој човек заслужувасмрт." Потоа откако слушнал дека Исус припаѓа под Иродовата правна власт, Го пратил кај него. Но Ирод брзо Го вратил назад.
    На крајот, очаен, наредил да му се донесе сад со вода, па си ги измил рацете пред сите насобрани, сакајќи со тоа да каже: „He сум веќе одговорен и еве си ги мијам рацете од целиот овој случај."
    Според едно народно предание, Пилат, се наоѓа во најголемата длабочина на пеколот и си ги мие рацете во сад со вода Понекогаш ги подига и ги гледа, но ти и понатаму се крвави. Повторно ги става во садот со вода и забрзано ги мие, за да ги измие дамките од крв. Па со измачен глас повикува: „Зарем никогаш нема да се измијат, зарем никогаш нема да се измијат?" He, Пилате, твоите раце никогаш нема да се измијат, бидејќи се испрскани со крвта на Синот Божји.
    Да претпоставиме, дека можам да наредам да го доведат Пилат. И да му наредам да застане до мене. Се прашувам што би рекол. Пилат бил жив сите изминати столетија. Во текот на илјада и дветстотини години размислувал што направил со Исус кога Овој стоел пред него. Никогаш нема да го заборави тоа. Секогаш ќе сб сеќава на тоа. Неговиот мозок е се уште активен, работи. Се прашувам, што би рекол?
    Но за Пилат е предоцна. Тој веќе не може да се спаси. Тој ја донесе својата одлука за вечноста Но за тебе се уште има време. Се уште си во тело. Cе уште можеш да одлучиш што ќе правиш со Исус. Твојата вечност зависи од твојата одлука

   Само две можности

    Има само две алтернативи, само две можности. Мораш или да Го примиш Исус или да Го одбиеш.
    „Но", ќе си речеш, „можам да бидам неутрален. He морам да застапувам ни еден од овие ставови. Нема да Го примам, но нема ни да Го одбијам."
    Слушај сега! Во џебот имам еден подарок за тебе, но нема да ти кажам ништо за него. Сè до тогаш можеш да бидеш неутрален. Меѓутоа оној момент кога ќе го извадам од џебот и ќе ти го понудам, тогаш мораш да донесеш одлука. He e можно после тоа да останеш неутрален.
    Порано, кога се уште си немал слушнато за Исус Христос, си можел да бидеш неутрален. Но од моментот кога ти бил понуден, ти мораш да донесеш одлука. Од тој ден, па до сега не си бил неутрален, ниту пак ќе можеш некогаш да бидеш. Секој пат кога ќе слушнеш покана, ќе мора да се одлучиш - да Го примиш Исус или не.
    Ако вечерва не Го примиш Исус, тогаш Го отфрлаш. Или едното или другото. Можеш да останеш да седиш, без да реагираш, без воопшто да мрднеш. Но, веќе со самото тоа си покажал, барем што се однесува до денешната покана дека Го отфрлаш. Дали повторно ќе Го отфрлиш или токму сега ќе Го примиш за свој личен Спасител. Одлуката треба сам да ја донесеш.

   Божјата основа за суд

    Сакам да истакнам дека Бог ќе те суди врз основа на твојата последна одлука Да претпоставиме на пример, дека вечерва си решил да Го отфрлиш Исус Христос, но воедно си решил дека следната недела ќе го смениш своето мисење и ќе Го прифатиш. Но да претпоставиме дека ќе умреш пред да дој де следната недела. Дали мислиш дека во овој случај Бог ќе ти суди врз основана она што би го направил со случај да си жив? Тој ќе мора да те суди врз основа на тоа што навистина си го направил.
    На Судниот ден нема да биде поставено прашањето за гревот, туку прашањето за Синот. Ќе биде разгледуван твојот однос со Исус Христос.
    „Што стори со Мојот Син?" ќе праша Бог.
    „Па, Господе, отсекогаш сум бил побожен човек. Одев во црква..." ќе одговориш.
    „Чекај малку", Бог ќе те прекине. „He те прашав за твојот религиозен живот. Ти поставив едно едноставно прашање: Што стори со Мојот Син?"
    „Па Господе", ќе продолжиш , „отсекогаш сум живеел примерен живот. Никогаш ништо лошо не сум направил, Јас..."
    „Чекај малку," Бог ќе рече, „ништо не те прашав во врска со животот кој си го живеел. Ти поставив само едно едноставно прашање: „Што стори со Мојот Син?"
    „Па Господи", ќе одговориш, „отсекогаш сум сметал дека Твојот Син е добар човек. Всушност сметав дека Тој е најдобриот..."
    „Јас не те прашав што си мислел за Мојот Син. Одговори ми сега, дали си Го примил или си Го отфрлил? Што си сторил со Hero?"
    И ти ќе замолчиш. Нема да имаш одговор, бидејќи ништо не си сторил. Едноставно не ти било грижа за Hero. Затоа ќе бидеш изгубен, не поради тоа што си го правел, туку поради тоа што не си го направил.

   Зошто човекот ќе погине?

    Зошто тогаш човекот ќе погине? Ако човекот не погине поради своите гревови, зошто тогаш воопшто да погине?
    Си била еднаш некоја млада жена која тешко се разболела. Таа била член на една црква. Еднаш паднала во транс и сонувала дека умрела и дека застанала пред ангелот Габриел на влезот во небото. Ангелот ги прелистувал страниците на Книгата на Животот.
    По кратко време, со тажен израз на лицето, го подигнал својот поглед.
    „Млада жено", рекол, „твоето име не се наоѓа овде".
    „Што?" викнала „Зар моето име не е запишано таму? Мора да е запишано, погледни уште еднаш."
    Тој уште еднаш со погледот помина по страниците на книгата, па повторно ја погледнал и и рекол: „Млада жено, твоето име не е овде."
    „Зошто?", викнала, „Што сум направила, што сум направила, па моето име да не биде запишано?"
    „Млада жено," одговорил Габриел, „твоето име не е запишано поради тоа што синаправила, туку поради тоа што не си направила. Си го запоставила големото спасение."
    Во тој момент се разбудила. Па иако болна, се извлекла од креветот, клекнала крај него и тогаш за прв пат во својот живот My го отворила срцето на Исус Христос и Го примила за свој личен Спасител.
    Зошто ќе погине човекот? Бог нека ни одговори. Прочитај од според Ев. Јован 3:18: „Кој не верува, тој е веќе осуден.' Зошто? Затоа што не се приклучил кон некоја црква? Затоа што е грешен? Дали тоа ни го вели горниот стих? He. Еве што вели тој стих: „ Оној кој не верува веќе е осуден, затоа што не верувал..." Ова е, пријателе мој, единствената причина, поради која човекот ќе биде осуден.
    Нема да бидеш изгубен затоа што си убиец. Бог може да му прости и на убиец. Нема да пропаднеш затоа што си пијаница или крадец. Бог може да им прости и на пијаниците и на крадците.
    Но има еден грев кој не може да се прости, а тоа е конечното отфрлање на Неговиот Син. Ако Го одбиеш Исус Христос, како единствен Спасител, тогаш за тебе нема надеж Бидејќи Бог нема друг план за спасение.

   Две мајки индијанки

    Кога имав деветнаесет години бев мисионер меѓу индијанците. Живеев како самец во еден резерват близу до Алјаска. Еден ден умре едно мало индијанче. Детето го закопаа во гроб ископан покрај брегот на Тихиот Океан, под едно старо дрво. Мајката гледаше како гробот се полни со земја. Одеднаш таа почна да си ги корне косите и ги корнеше се додека главата не и заприлега на смеса од крв и месо. Враќајќи се во селото таа толку офкаше и викаше, што можеше да се слушне и на далечина од половина милја.
    Се уште бев таму, кога умре уште едно дете. Го зедов малото тело во своите раце и го понесов низ индијанската населба, па по еден индијански пат, сб до брегот на Тихиот Океан. Индијанците според нивниот обичај седеа во еден ред. Таму, во камената почва, ископавме гроб и го положивме мртвото тело.Додека ја фрлаа земјата врз гробот, мајката стоеше на страна и само тивко плачеше не офкајќи на цел глас и без да си ја корне косата. И кога сб се сврши, се врати во својата скромна колиба плачејќи сама за себе.
    Од каде оваа го лема раз лика? И двете мај ки изгубија дете. И двете мајки ги сакаа своите деца подеднакво како што и вие мајките ги сакате своите деца. Но едната можеше да ја поднесе својата болка, а другата не. Од каде, те прашувам, оваа разлика?
    Првата мај ка беше паганка, не го познаваше Исус Христос. Го гледаше лицето на своето мало дете и тажеше: „Никогаш веќе нема да го видам своето дете...!" Затоа не е чудно што плачеше толку гласно. He е чудо ни што си ги кубеше косите.
    Втората мајка беше христијанка Го познаваше Исус Христос и во нејзиното срце живееше радосната вест на воскресението: „Нема да ми се врати", рече, „Но јас ќе одам кај него". Знаеше дека големиот Пастир ќе го земе во своите раце нејзиното јагне и ќе го држи до оној ден кога ќе и го врати и дека таа после тоа ќе го има за цела вечност.
    Секогаш е така. Секогаш кога извршувам погребна служба секогаш се повторува истото. Оние кои го познаваат Христос се во состојба да ја поднесат својата болка - поради надежта за повторна средба. Оние кои не Го познаваат, не можат да ја поднесат таа болка и паѓаат во очај.

   Твојата одлука

    „Што да сторам со Исус наречен Христос?" He, пријателе мој, прашањето тогаш нема да гласи така, туку: „Што ќе стори Исус со мене?" Прашањето гласи: „Што ќе сторам со Hero?" Што ќе стори Исус со тебе тогаш, зависи од тоа што ќе сториш ти со Hero cera
    Што да сторам? Решението го донесува секој за себе. Никој друг не може да реши за тебе. Мора да решиш самиот.
    Што да сторам со Исус? Нема значење во која црква или на кој начин си крстен. Она што има главна улога е твојот однос кон Исус Христос. Што ќе сториш со Hero?
    Што да сторам? А не што да верувам? Тоа не е интелектуално прашање, прашање на нашиот разум. Овде не се работи за твојата глава, туку за твоето срце, за твојата волја. Без разлика во што веруваш - реши што ќе направиш. Сакаш ли да Го примиш или да Го одбиеш. Твојата одлука ќе биде решение за твојата вечна судбина
    Затоа те молам, реши се, реши се сега. He оставај за утре. Реши го ова прашање уште вечерва. Утре може да биде предоцна. „Сега е времето благопријатно, ете, сега е ден от на спасението". (II Посл. до Коринтјаните 6:2).
    Што ќе биде твојот одговор. Ако Го примиш, ќе бидеш спасен. Ако Го отфрлиш, ќе бидеш изгубен.   ...назад

Извадок од книгата „Патот кон небесната татковина" од Освалд Смит

Крај