За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Статии

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















КОЈА Е СМИСЛАТА НА МОЕТО ПОСТОЊЕ?

    Ce поставува следното прашање: Зошто живеам? Или: Зошто постојам на овој свет? Или: Која е смислата на моето постоење?
     Еден ден во Есен еден индустријалец ме викна по телефон, мошне возбуден: „Господине, дојдете веднаш!" Јас побрзав кај него. Тој ме пречека со зборовите: „Мојот син се застрела!" Јас го познавав момчето. Беше студент. Имаше сè што ќе му посакаше срцето: беше здрав, убав и богат. Одамна имаше и своја кола. He беше заплеткан во никаква непристојна афера. И таков младич си истрелал куршум во устата! Во писмото што го оставил зад себе стоеја само зборовите: „He гледам никаква смисла повеќе да живеам. Затоа си го прекинувам животот. Мојот живот е бесмислен!" Навистина потресно!
     Видете, прашањето за смислата на нашето постоење е од непроценливо значење. А тоа е вистина, бидејќи ние имаме само еден единствен живот. Дали некогаш сте размислувале какво значење има фактот што живееме само еднаш?
     Кога одев во основно училиште, не бев толку добар по математика. Мојот учител едноставно немаше разбирање за мојот начин на решавање. Кога ќе ги решев задачите, тој понекогаш, не криејќи го несогласувањето со моите математички решенија, сета тетратка ќе ми ја испишеше со црвено мастило. Тоа изгледаше грозно. Кога така добро ќе ја ишараше, јас обично таа тетратка ќе ја тргнев настрана, иако уште не беше наполно испишана, па ќе си купев нова, убава и чиста. Така можев пак одново да почнам.
    Ех, кога човек би можел така да почне со својот живот! Верувајте, милиони луѓе, кога ќе им настапи смртниот час, помислуваат: „Ах, само кога би можел уште еднаш да почнам од почеток! Сè би било поинаку!" Школската тетратка лесно може да се замени со нова, но животот никако. Ние имаме само еден единствен живот. Колку страшно мора да е сознанието кога ќе утврдиме дека сме го извалкале, дека сме живееле грешно! Имаме само еден единствен живот. Ако го прокоцкаме, тој е прокоцкан за сета вечност. Затоа, ова што ви го кажувам е од исклучителна важност!
     Утринава, покрај хотелот каде што отседнав помина големо стадо крави. Бидејќи се приготвував за претстојното предавање, си Вомислив: „Сигурно овие крави се многу среќни. Тие воопшто не размиелуваат зошто постојат на бвој свет. Овде работата е јасна: Даваат млеко и на крај месо за исхрана на луѓето." Сфаќате ли? Животните не мораат да мислат за смислата на животот. По ова животните се разликуваат од луѓето. И ова е најстрашното, што има големо мноштво луѓе кои живеат и на крај умираат без притоа ниту еднаш да се запрашаат: „Зошто всушност живеам?" Тие луѓе и не се разликуваат од животните. Гледате? Разликата меѓу човекот и животното е мала. А човекот го прави човек токму размислувањето: „Зошто сум овде? Зошто сум човек? Зошто живеам?"

1. Површни и избрзани одговори

     Драги пријатели, постои огромен број површни и непромислени одговори на прашањето: „Зошто живеам?" Пред многу години имав можност да ги добијам одеднаш сите тие површни и непромислени одговори. Се случи тоа во 1936 година, значи, во времето на Хитлеровиот Трет Pajx. Некои студенти од Минстер ме замолија да расправаме за темата: „Која е целта на мојот живот?" Но веднаш ми рекоа дека тие не сакаат да им држам предавање, туку само да дискутираме за оваа тема. „Добро", реков, "да почнеме. Која е смислата на мојот живот? Зошто јас постојам?" Тогаш почна дискусијата. Како што реков, тоа беше во времето на Хитлеровиот Рајх. Едно момче стана и рече: „Јас постојам заради мојот народ. Тоа е како стеблото и листот. Листот не е ништо, стеблото е сè. Јас постојам заради мојот народ!" „Убаво!" оДговорив јас. „А зошто постои стеблото, зошто постои народот?" Молк! Момчето не знаеше да одговори. Сфаќате ли? Вистинското прашање со ова не доби свој одговор. Едноставно тоа беше само поттурнато. Тогаш им реков: „Драги пријатели, така не се одговара на ова прашање. Вие само го поттурнувате, го избегнувате одговорот!"
     „Која е смислата на мојот живот? Зошто живееме?" пак ги запрашав. Друго момче изјави: „Јас постојам за да си ја вршам својата должност!" „Човеку", реков, „па тое е смешно! Која е мојата должност. Моја должност е да ви го проповедам Божјиот Збор. Матилда Лудендорф мисли дека нејзина должност е да докажува оти нема Бог. Што е тоа должност?"
     Еднаш еден висок државен чиновник ми рече: „Господине пасторе, имам доверба во вас, па ќе ви кажам нешто. По цел ден потпишувам разни документи, но кога и сите тие би изгореле, светот и натаму пак ќе си постои. Тешко ми е кога ќе помислам дека извршувам толку бесмислена работа." Што е тоа должност? Илјадници СС офицери убија стотици илјади луѓе, и кога после ги судеа, тие тврдеа: „Ние си ја вршевме својата должност. Ни беше наредено." Дали верувате дека должност на луѓето им е да убиваат други луѓе? Јас никако не можам да поверувам во тоа. Затоа на студентите им реков: „Тоа е смешно: Која е моја должност? Кој ќе ми каже? Пак сме на почеток."
     Тогаш младите студенти се замислија. Но стана еден и со гордост кажа: „Јас потекнувам од старо аристократ-ско колено. Моите предци се познати наназад 16 генерации. Тоа е големо родословно стебло. Зар не е добра причина и вредна задача оваа лоза да се одржи и понатаму?" На ова можев само да му одговорам: „Човече! Ако не се знае зошто живееле 16 генерации, нема никаква смисла да се продолжува со седумнаесеттата!"
     Гледате? Има многу површни и избрзани одговори. Во нашите весници често се среќаваат посмртни огласи. Таму најдов еден грозен: „Целиот свој живот ти работеше и само работеше и никогаш не мислеше на себе. Да се трудиш за своето семејство - тоа ти беше највозви-шена должност." Дали ова ви е познато? Секогаш кога го читам ова се возбудувам и велам: „Па ова е некролог за еден коњ, зар не?" Еден коњ треба да работи. Но јас не верувам дека човекот е создаден само затоа да 'рѓа. Тоа би било мизерно. Кога смислата на нашиот живот би се состоела од: „Само работата беше твојот живот...", подобро би било уште во десеттата година да се самоубиеме. Тоа е грозно! He, тоа не е смислата на нашиот живот. Еден друг студент ми рече: „Еве, јас ќе станам доктор. И кога ќе спасувам човечки животи, не е ли тоа еден осмислен живот?" Јас му одвратив: „Добро, но ако не знаеш зошто живее човекот, нема никаква смисла да им го спасуваш животот на луѓето. Тогаш подобро би било да им дадеш инекција да умрат." Немојте сега погрешно да ме разберете. Немојте да речете дека велам оти е подобро на луѓето да им се даде инекција да умрат. Сакав да кажам: „Тоа не е вистинскиот одговор на прашањето за смислата на животот."
    Опкружен со тие студенти, бев потресен од фактот што учените луѓе (така е и денес со многу образовани) живеат без да знаат зошто всушност постојат на овој свет. Можеби и вие малку се лутите на начинот на кој објаснувам. Би можел, се разбира, да употребам фини изрази, со многу странски зборови, но вие веројатно по половина час ќе заспиете. Но бидејќи не сакам тоа да се случи, јас ќе зборувам обично, со јазикот на обичните луѓе. Во ред? Благодарам!
     Видете, ако човек минал низ она низ што минавме ние во Германија, се добива одговорот што го добив јас од студентите во Минстер: „Животот воопшто нема некоја подлабока смисла. Чиста случајност е што сум се родил. Нема подлабока смисла зад овој факт. Најдобро е да уживаме во животот додека можеме." Можеби ова е најголемиот предизвик што ќе го доживее еден човек кога ќе му светне мислата: „Мојот живот е бесмислен. Нема никаква смисла. Ако моите родители не се оженеа, јас немаше да бидам ниту зачнат ниту да се родам. Сè е чиста случајност. Во суштина мојот живот е сосема бесмислен." Ако некој има тежок живот, ќе се стреми кон самоубиство: „Зошто треба да продолжам да живеам? Кога се е случајно и бесмислено, зар не е подобро се да заврши?" Знаете ли дека бројот на самоубиства во Западна Германија е поголем од бројот на умрените во сообраќајни несреќи? Дали знаете дека околу 50 проценти од самоубијците се млади луѓе под 30 години? Тоа што се случува во ова наше време навистина е потресно. Ние не гледаме смисла во нашиот живот!
     Често разговарам со луѓе кои ми велат: „Животот е толку бесмислен. Јас го отфрлам - или ќе го потрошам во уживања, или ќе се самоубијам." A jac ги прашувам: „А кога сепак би имал смисла?! Што ако сепак има смисла, а вие така сте го проживеале како да нема смисла? Што ќе правите на крајот?" Има еден стих во Библијата кој прободува како нож. Тој вели: „На луѓето име судено еднаш да умрат, а потоа следува Божји суд." Видете, човек треба да го знае тој стих, па да се запраша сериозно: „Зошто живеам?" He можеме едноставно да умреме и да се појавиме пред Божјиот суд ако сме ја промашиле смислата на нашиот живот. Дали сега ви е јасно прашањето. Да одиме чекор понатаму.

2. Кој го знае одговорот?

     Кој може да ми одговори на прашањето: „Која е смислата на нашето постоење?" - Кој? Дали Црквата? He! Свештеникот? He! Па тој се наоѓа во иста положба како и вие. Професорите? Филозофите? Ниту тие не можат да ни одговорат на прашањето: „Која е смислата на нашето постоење?" Само Еден може да ни каже зошто живееме: Оној кој и ни го дал животот - Бог. Дозволете мн да се послужам со една малку смешна споредба: „Еден ден влегувам во еден стан. Таму седи момче и нешто работи со жици и ламби. 'Човеку,' го прашувам, 'каква пеколна машина правиш? Што ти е тоа?' Се разбира, тој ми објаснува, но јас од тоа ништо не сфаќам. Но си мислам: 'Никој не може да објасни што ќе стане од ова, освен оној што го изработува. Само тој може да ми каже за што ќе служи оваа направа."
     Така е и со нашиот живот. Само Тој што не создал може да каже зошто не создал. А тоа значи на прашањето: „Која е смислата на нашето постоење?", одговор може да ни се даде само преку откровение. Бог мора да ни каже. Ако се уште не сум ја читал Библијата, ова прашање е доволна причина да посегнам по неа. He би можел да поднесам, а да не знам зошто постојам на ОВОЈ проколнат свет. Дали овој израз „проколнат свет" можеби ви е премногу остар? Но Библијата го користи. Само кога би поминале половина година со некој градски пастор, би разбрале зошто велам: овој свет е под страшно проклетство. Јас не би можел да издржам да живеам во него кога од Божјата објава не би добил одговор.
     Бог ни дава одговор на прашањето за смислата на животот - во Библијата. Тоа е причината зошто Библијата е исклучително важна. Познавам луѓе кои многу самоуверено тврдат: „Ние не ја читаме Библијата." На ова можам и писмено да им одговорам: „Вие никогаш сериозно не сте размислувале за смислата на животот." Но глупоста е многу распространета болест. Кога таа би нанесувала болки, светот би бил исполнет со офкања и лелекања. Јас одговорот на Библијата ќе ви го кажам со една реченица: Бог не создал за да станеме негови деца! Како таткото што се пресликува во своите деца, така и Бог ги создал луѓето „според својот лик". Бог сака да бидеме Негови деца кои со Hero разговараат - со кои и Тој разговара; со оние што Го љубат Hero - зашто и Тој ги љуби нив. Дали се молите? Како се чувствува еден татко ако синот со години не разговара со него? А човек што не се моли, тој не разговара со својот небесен Татко. Гледате! Бог сака да бидеме Негови деца кои со Hero разговараат, кои Тој ги љуби - и тие го љубат Hero. Затоа сме на овој свет. Be молам, правилно да ме разбе-рете. He зборувам за Црквата, за догмите, за религиите и за слични работи, туку за живиот Бог. Тој тебе те создал да бидеш Негово дете. Дали си навистина Негово дете?
     Сега морам да одам чекор понатаму. Би требало да бидеме деца Божји, но, според нашата природа, не сме тоа. На самиот почеток на Библијата стои: „Бог ги создаде луѓето според својот лик." Потоа следи приказ за една страшна катастрофа. Човекот што беше создаден како наполно слободно суштество, се побуни против Бог! Скина од забранетиот плод. А тоа значеше: „Сакам да бидам независен! Можам даживеам без Бог!" Разберете: Адам никогаш не се сомневаше дека Бог постои. Тој се одметна од Бог: „Сакам да си живеам според својата волја!" Морам да ви раскажам една приказна. Неодамна еден човек од улица ме праша: „Пасторе Буш, Вие постојано зборувате за Бог. Но јас никогаш не сум Го видел. Кажете ми, како да Го најдам?" Јас му реков: "Чујте ме добро. Замислете дека постои временска машина со која можете да се движите низ времето со векови наназад и нанапред. Co таа машина можам да се вратам на почетокот на човештвото. Една вечер се шетам низ рајската градина. Веројатно ви е позната приказната за падот во грев? Таму, крај една грмушка, го среќавам првиот човек, Адам. 'Адаме, добровечер!' го поздравувам. 'Добровечер, пасторе Буш.' ми одговара тој. 'Дали се чудиш што сум овде?' го прашувам и му објаснувам како сум стигнал таму: 'Дојдов ваму со поместување на кулисите на светскиот театар.' 'Да', вели тој, а зошто си така замислен?' Јас му одговарам: 'Знаеш што, разми-слувам за едно прашање што ми го постави еден човек: Каде да го најдам Бог?' Смеејќи се гласно, Адам ми одговара: 'He е проблем Бог да се најде. Тој е овде. Но бидете искрени, пасторе Буш, тоа што ве мачи всушност е како да се ослободите од Hero. Bo тоа е маката. Од Hero не можете да побегнете!'" Дали Адам има право? Бог е тука. Човекот може да Го најде. Но човекот не може од Hero да побегне. Кога ja разгледувам духовната активност на човекот во последните триста години, гледам огромен напор да се ослободиме од Бог! Но не успеавме да се ослободиме. Пријатели, во принцип сите вие верувате дека има Бог, но не My припаѓате нему. Постапувате како и мнозин-ството на луѓето: проблемот го ставате „под мраз". He Го негирате Бог - но и не My припаѓате. He сте Божји непријатели, но не сте ниту негови пријатели. И така, човекот го остава нерешен најголемиот проблем на својот живот.
     Еден швајцарски лекар во една своја книга вели: Ако човек не ги реши големите животни прашања, тој добива душевна рана, траума. И продолжува: Ние на запад сме болни поради Бог. He Го негираме - но и не My припа-ѓаме, не Го сакаме. Затоа сме болни поради Бог. Јас верувам дека е така!
     Кога насекаде слушам:, Дуѓето денеска не се интересираат за Бог!", можам само да кажам: Да, толку полошо за луѓето денеска. И јас сум современ човек, па сепак се интересирам за Бог и не се сметам за заостанат. Но кога современиот човек не се интересира за своето спасение, тоа е навистина лошо! Да се послужам со еден едноставен пример: Зами-слете си еден млад готвачки помошник. Еден ден главниот готвач за него изјавува: „Hero воопшто не го интересира готвењето!" „А што го интересира?", прашувам јас. Главниот готвач вели: „Само поп музика и девојки". „Тогаш треба да се спуштите на негово ниво и да разговарате само за музика и за девојки." велам јас. „He, не", одговара готвачот, „ако момчето не се интере-сира за готвењето, тоа си ја промашило професијата!" Сфаќате ли за што се работи? Треба да настојуваме да бидеме Божји деца. Ако современиот човек не се интересира за ова, тој ја промашил својата професија - „човек". Затоа, нема никаква смисла со него да се разговара за разни други предмети, кои можеби го интересираат, и затоа јас постојано ќе велам: Дури откако ќе станете Божје дете, вие станувате и вистински човек!

3. Божји одговор на најважното прашање

     Повторувам: Ние по својата природа не сме Божји деца, но постоиме на овој свет за да станеме тоа. Затоа мора нешто да се случи во нашиот живот. Целта на ова предавање е да помогне во таа насока. He сум овде да ве забавувам, туку би сакал на некои луѓе да им помогнам - кога би можел - нивниот живот да добие смисла.
     Значи, ние не сме Божји деца, не Го сакаме Бог, ги прекршуваме Неговите заповеди, не ни е грижа за Hero и не се молиме. Единствено малку позитивно што го правиме е тогаш кога, притиснати од мака, само за миг ќе се сетиме на Hero. Затоа следното прашање е најважно од сите прашања: „Како можам да станам Божје дете?" Сега најрадо би ви поделил ливчиња и моливи и би ве замолил: „Според ваше мислење, напишете ми како се станува Божје дете!" Едни би напишале: „Така што би бил добар човек!" Други би рекле: „Да верувам во Господ Бог!" Но сето тоа не е доволно. Така најважното прашање: „Како се станува Божје дете?", би останало неодговорено.
     Одговорот на најважното прашање може да се добие само преку откровение. Само Бог лично може да ми каже како може да ме прими како Свое дете. Тоа не може да го измисли ниту еден пастор. Библијата дава сосема јасен одговор. Тој гласи: Само преку Исус! Пријатели, кога ќе дојдам кај Исус, срцето ми зачукува побрзо, пулсот ми се забрзува, доаѓам кај Темата на мојот живот. Ако сакам да станам Божје дете, тоа може да се случи само преку Исус!
     Во Библијата има еден стих кој, кога би се превел буквално, би гласел отприлика вака: „Исус дојде од Божјиот свет во овој свет." Денес постојано се префрла дека Библијата пренесува едно застарено и надминато сфаќање за светот: Горе е Небото и Бог, долу е Земјата и луѓето. Тоа е глупост. Библијата така не учи. Таа за Бог вели: „Ти ме опкружуваш од сите страни." Тоа е нешто сосема друго. Разберете: Дури и кога би побегнал под земја, и таму е Бог. Библијата учи за она што денес се нарекува „повеќедимензионално сфаќање на светот". Ние живееме во тридимензионален свет во кој имаме должина, ширина и висина. Но има и други димензии. Бог се наоѓа во друга димензија. Тој е сосема близу, при рака. Тој оди со вас. Тој ве гледа на вашиот безбожен пат. Но ние не можеме да го пробиеме ѕидот кон другите димензии. Единствено Бог може да го пробие. И Бог навистина го пробил ѕидот, па Исус дошол кај нас.
     Новиот Завет вели за Исус: „Дојде кај своите" - па сиот свет My припаѓа на Бог - „и своите не Го примија." Евангелието, се до нашите денови, кажува: Исус доаѓа -човекот My ja затвора вратата. „Дојде кај своите, и своите не Го примија". Co тоа требаше да и се стави и крај на расправијата на Бог со луѓето. Но, за чудо, работата оди натаму, имено: „А на сите што Го примија, им даде власт да се наречат Божји деца." Така се станува Божје дете - со примање на Исус. Дали веќе сте ја отво-риле вратата на вашето срце за Исус? „А на сите што Го примија им даде власт да се наречат синови Божји." Во Првата светска војна бев офицер и живеев оддалечен од Бог. Тогаш го открив Исус, и Тој влезе во мојот живот, a jac Го примив. Тоа искуство наполно ми го измени животот. Но за тоа не зажалив ниту еднаш. Заради верата во Исус минав низ тешки моменти. Заради Исус дури и бев затворан. Заради Исус многу страдав. Но кога би имал и сто животи, од првиот миг кога би бил свесен, би се држел за стихот: „А на сите што Го примија им даде власт да се наречат синови Божји." Мојот живот би имал смисла само тогаш кога би бил Божје дете. He е важно што сум - дали сум пастор, дали чистач на улици, дали генерален директор или бравар, дали домаќинка или учителка - мојот живот ќе добие смисла во мигот кога ќе станам Божје дете. Значи, морате да го примите Исус. Тогаш сте ја нашле смислата на својот живот. Само тогаш.
     Многу е интересно да се проучуваат личностите од Новиот Завет. Таму е опишана една жена чијшто живот бил наполно бесмислен - Марија Магдалена. За неа се вели само тоа дека била „опседната со седум демони". Јас лично знам луѓе што се опседнати со дванаесет демони. Веројатно тоа бил страшен живот: им робувала на сетилата, врзана. Кутрата, страдала во таков бесмислен живот. И тогаш доаѓа Исус во нејзиниот живот, Спасителот, Синот Божји, и ги истерува демоните. Тој може да го стори тоа. Тој го прави тоа. Веднаш оваа жена My стана послушна на Исус. Нејзиниот живот доби смисла. Но кратко потоа, таа доживува да Го види Исус поразен и мртов. Тогаш ја обзема силен страв: „Сега пак нејзиниот живот ќе биде бесмислен." Изутрината, третиот ден по распнувањето, таа клечи на колена крај гробот на Исус и плаче. Приближувајќи се до гробот, таа се уверува дека тој е празен и големата камена плоча е тргната настрана. Неговото тело не е таму. Затоа таа плаче. Јас сосема добро ја разбирам оваа жена. Кога денес би го загубил Исус, тоа би значело дека пак паѓам во бездната на бесмисленоста. Јас ја разбирам:. „Спасителот Го нема веќе. Сега животот ми е пак бесми-слен." И наеднаш, таа слуша познат глас зад себе: „Марија!" Се свртува и - Го гледа Hero, Исус, Воскресна-тиот. Како да ја гледам пред себе: солзи радоснички и течат низ лицето: „Равуни! Мој Господе!"
     Примерот на оваа жена ми покажува дека не треба да се биде филозоф, па да се најде одговрот на прашањето за смислата на животот. И на најнеобразованиот човек му е јасно: „Мојот живот е бесмислен! Зошто воопшто живеам?" Во мигот кога Марија Магдалена Го прифатила Исус, за неа прашањето за смислата на животот било решено, таа станала дете на живиот Бог и нејзиниот живот добил длабока смисла!
     Затоа сакам да ве замолам: Прифатете го Исус! Тој ве чека. Кога ќе си појдете дома, можете да разговарате со Hero. Тој е многу близу до вас. Би било величествено кога би заплакале пред Hero: „Господе, Исусе! Мојот живот е бесмислен. Дојди, како што дојде кај Марија Магдалена!"
     Кога ќе Го примиме Исус, во нашиот живот се случува голема револуција: соучесник сум во Неговата смрт, каде што моето старо „јас" умира. Воскреснувам за еден сосема нов живот како Божје дете. Тој ми го дава својот Дух, така што мислам поинаку, имам поинакви желби и стремежи. Примете го Исус! Доживејте го ова! Веднаш ќе ви објаснам: Кога се прима Исус, се добива сосема нов начин на живот. Да се биде Божје дете не значи само промена на мислењето, туку еден сосема нов живот.
     Во Вестфалија минатиот век живеел еден чевлар по име Раленбек. Народот го викал „Пиетистички пастор", бидејќи бил многу сериозен следбеник на Исус. Бил многу духовен и благословен човек. Еден ден него го посетил еден млад пастор. Роленбек му рекол: „Господине пасторе, Вашата теолошка диплома не ви гаранти-ра дека сте Божје дете. Вие мора да Го примите Исус!" Пасторот одговорил: „Да, Го имам Спасителот. Дури и една Негова слика закачив во мојата соба." При тоа стариот Раленбек рекол: „Да, на ѕидот Спасителот е мирен и пријателски настроен. Но кога ќе Го примите во своето срце и живот, тогаш тоа нема да помине неза-бележано!"
     Ви посакувам и вам да го искусите ова прекрасно чувство - како умира старото и се станува Божје дете што го слави својот Татко на небото. Cera e јасно зошто сме на овој свет, каде што, како Божји деца, го славиме својот Татко на небото со дела, со зборови и мисли.
     Ова не е некаква религиозна разбигрижа, ова не се идеи на некој проповедник, туку од ова зависи животот и смртта, и тоа вечниот живот и вечната смрт.
     Господ Исус вели: „Еве стојам пред врата и тропам. Ако некој го чуе Мојот глас и ми отвори, ќе влезам кај него." Така Исус и нам ни порачува: „Еве, стојам пред вратата на твојот живот. Отвори! Јас ќе му дадам нему смисла."
     Еднаш дојде еден стар рудар кај мене и ми рече „Морам да разговарам со вас, господине пасторе!" Тој имаше 70 години и ми раскажа: „Кога имав 17 години, присуствував на една евангелизација. Тогаш почувствував како Исус тропа на моето срце. Си реков: 'Ако го сфатам ова сериозно и ако Го примам Исус, другарите ќе ме исмеваат. Тоа не можам да го поднесам.' И избегав оттаму." Потоа продолжи: „Еве, мојот живот веќе помина. Сега сум стар. Сега знам дека животот ми поми-на погрешно затоа што тогаш не му ја отворив вратата на Исус!"
     Пријатели, ние имаме само еден живот, и затоа прашањето „Зошто живеам?" е од исклучителна важност. Бог на ова прашање јасно и гласно одговорил преку распнатиот и воскреснатиот Исус. Сега тој Исус стои пред вратата на твоето срце и чука. Отвори му! Никогаш нема да зажалиш!    ...назад

Извадок од книгата „Исус наша судбина" од Вилхелм Буш

Крај