За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















„УБЕДИ ГИ ДА ДОЈДАТ”

ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД ЛУКА 14:23

   Денес се чувствувам силно потикнат да излезам по улиците, за да ја извршам онаа наредба од Евангелието според Лука, глава 14, стих 23, каде што се вели: „Господарот му рече на слугата: ,Излези по патиштата и оградите и убеди ги да дојдат, за да се наполни мојот дом"`. Се чувствувам толку повикан да излезам и да ги убедам да дојдат оние што талкаат по патиштата и оградите, што не можам да одолговлекувам со уводот и морам веднаш да преминам на главното.

   Чуј ме ти што си странец за вистината која е во Исус - чуј ја пораката што треба да ти ја пренесам! 3аради твојот прататко Адам и самиот си паднат во грев. Паднат си заради твојот секојдневен грев и заради твоето постојано беззаконие. Ја провоцираш лутината на Севишниот и, како што е јасно дека си згрешил, јасно е и дека Бог мора да те казни, ако продолжуваш во твоето беззаконие, зашто Бог е Бог на правда и сигурно иема да ги поштеди виновните. Но зарем не си чул и не ли ти било зборувано дека Бог, во Својата бескрајна милост, изнајде начин со кој, без нарушување на Неговата светост, може да ни укаже милост на нас виновните и незаслужните?

   Тебе ти зборувам, гласот мој тебе ти се обраќа, о, човеков сине. Исус Христос, самиот Бог, се симна од небото и се преобрази во човечко тело. Беше зачнат од Светиот Дух и беше роден од девицата Марија. Живеше на овој свет со живот што беше пример за светост и најдлабоко страдање, за на крајот да се даде себеси и да умре за нашите гревови, „праведниот за неправедните, за да нe одведе кај Бог." А планот за спасување ни е искажан едноставно: „Кој ќе поверува во Господ Исус Христос, ќе биде спасен." Нам, кои сме ги нарушиле сите Божји прописи, што сме ја презреле Неговата милост и сме ја предизвикале Неговата одмазда, сe уште ни се укажува милост, зашто „секој што ќе го повика Господовото име, ќе биде спасен". „3ашто верни се, и достојни за секакво примање, зборовите дека Месијата Исус дојде на светот за да ги спаси грешните, од кои најголем сум јас", и „кој ќе дојде кај Него, никако нема да го избрка, зашто Тој е подготвен да ги спаси сите оние што доаѓаат кај Бог преку Него, затоа што и Самиот се застапи за нас."

   А сега, се што бара Бог од тебе и ти го вели, е ова: едноставно да погледнеш на Неговиот Син кој умре крварејќи, и да ја довериш твојата душа во рацете на Оној Кој единствено може да те спаси од смрт и пекол. 3арем не е чудно тоа што навестувањето на Евангелието не е едногласно прифатено од луѓето? Некој би помислил дека штом се проповеда: „Секој што ќе поверува, ќе добие вечен живот", секој од вас „ќе ги отфрли своите гревови и беззаконија" и ќе се предаде на Исус Христос и ќе гледа само кон Неговиот крст. Но за жал, злото во нашата природа е толку страшно и толкава е смртоносната изопаченост на нашиот карактер, што оваа порака останува презрена, а поканата за гозбата со Евангелието се одбива. Има многумина од вас кои со своите зли дела, денес се непријатели на Бог. Тој денес ви проповеда за Христос, Неговиот Син, Кого Го прати за да Го даде својот живот како откуп за мнозина. Необично е тоа, ви велам, но сепак е факт, и оттука произлегува потребата за заповедта од текстот: „Убеди ги да дојдат."

   Веднаш ќе преминам на главното: во потрага сум по оние што не сакаат да дојдат, оние што се по сокаците и оградите, а Бог го бара тоа од мене и моја должност сега е да ја исполнам оваа заповед: „Убеди ги да дојдат."

Првин, морам да ве пронајдам, а потоа ќе работам на тоа да ве натерам да дојдете.

   I. Прво: морам да ве пронајдам. Ако ги прочитате стиховите што му претходат на текстот, ќе видите дека оваа заповед е уште понагласена: „Излези бргу по градските улици и сокаци, и доведи ги тука бедните, сакатите, парализираните и слепите", а потоа: „Излези по патиштата, доведи ги скитниците, друмските разбојници, појди по оградите" и доведи ги оние што немаат место за починка за нивните глави, оние што лежат и одмараат под оградите, доведи ги и нив и „убеди ги да дојдат". Да, утрово те гледам тебе, ти којшто си беден. Треба да те убедам да дојдеш. Живееш во бедни услови, но тоа не е пречка за небесното царство, зашто Бог не го исклучил од Својата милост човекот во партали, што се тресе од студ и е страден за леб. И ако од тоа може да се извлече некоја поука, таа е во твоја корист и за твое добро: „Вам ви е пратен зборот за спасение", и „на бедните им се проповеда Евапгелието". Но, особено морам да ти зборувам тебе, којшто си духовно беден. Немаш вера, немаш добри особини, немаш добри дела, немаш благодат, и колку е поголема сиромаштијата, се помала е твојата надеж. Ах, мојот Господар ти има пратено љубезна покана. Дојди и повели на свадбената гозба, организирана заради Неговата љубов. „Секој што сака, нека дојде и нека земе оц водата на животот, бесплатно". Дојди, морам да те задржам, макар што си извалкан со најгнасна нечистотија, иако немаш ништо освен партали на твоите плеќи. Иако твојата правда стана како нечиста облека, сепак морам да те задржам и прв да те поканам, па дури и да те убедам да дојдеш. А сега, повторно те погледнувам. Ти не си само беден, туку и сакат. Постоеше време кога мислеше дека можеш сам да си го заработиш спасението, 6ез Божја помош, мислеше дека можеш да вршиш добри дела, да одиш на церемонии и со свои сили да стигнеш во небото. Но сега кога си сакат, кога мечот на законот ти ги има отсечено рацете и не можеш повеќе да делуваш, со горчина велиш:

   „И најдоброто дело на моите раце не се осмелува да се појави пред Твојот престол."

   Сега ја имаш изгубено сета моќ за извршување на законот. Чувствуваш дека кога сакаш да правиш добро, злото е присутно во тебе. Сакат си, си се одрекол, си оставил секаква надеж за обид да се спасиш, затоа што си сакат и немаш раце. Но состојбата со тебе е уште полоша, затоа што, ако не можеше да се пробиеш до небото, барем се надеваш дека ќе можеш на свој начин да го изодиш патот - со вера. Но ти си сакат и во рацете и во нозете - чувствуваш дека не можеш да веруваш, дека не можеш да се покаеш, дека не можеш да ги извршуваш барањата на Евангелието. Чувствуваш дека си крајно неподобен, во секој поглед немоќен да сториш нешто што ќе може да го задоволи Бога. Всушност, ти велиш:

   „О, кога би можел да верувам, тогаш би било лесно. Би сакал, но не можам! Боже олесни ми, помошта може да ми дојде само од Тебе."

   Исто така, јас кај тебе сум - испратен. Пред тебе треба да го издигнам крвавиот бајрак на крстот, тебе треба да ти го проповедам ова Евангелие: „Секој што ќе го повика името Господово, ќе биде спасен", и кон тебе треба да викам: „Секој што сака, нека дојде и нека земе бесплатно од водата на животот".

   Постои и друго нешто. Ти си парализиран. Се колебаш помеѓу две мислења. Понекогаш си сериозно поттикнат, а понекогаш световното задоволство те одвлекува. И оној мал напредок што го имаш во верата, не е ништо друго освен кривење. Имаш малку сила, но таа е толку малечка што со неа правиш само мачен напредок, полн со болка. Ах, куц пријателе, и кон тебе е пратена оваа порака за спасување. Иако си фатен помеѓу две мислења, Господарот ме праќа со ваква порака: „Колку долго ќе стоиш фатен помеѓу две мненија? Ако Бог е Бог – служи Му. Ако Баал е Бог - служи му нему." (Баал - феникиски бог на плодноста). Преиспитај ги твоите патишта. Бидејќи ќе го сторам тоа, биди подготвен да се сретнеш со твојот Бог. Не двоуми се повеќе, туку одлучи се за Бог и Неговата вистина.

   Гледам уште една група - слепите. Ти што не можеш самиот да се видиш, што за себе мислиш дека си добар, а полн си со зло, што горкото го сметаш за слатко, а слаткото за горко, темнината за светлина и светлината за темнина - за тебе сум пратен. Ти слепа душо што не можеш да си ја видиш својата изгубена состојба, што не веруваш дека гревот е толку многу страшен таков каков што е, и што не сакаш да бидеш убедена да мислиш дека Бог е фер и праведен - за тебе сум пратен. И за тебе, ти што не можеш да го видиш Спасителот, што во Него не гледаш никаква убавина за да би го посакал, што не гледаш никаква убавина во доблеста, ниту добро во верата, ти што не гледаш никаква радост во служењето на Бог и никакво задоволство во тоа да бидеш Негово дете - за тебе сум пратен.

   А има ли таков, според текстот, кај кого не сум пратен? Текстот оди уште потаму од ова - не само што дава конкретен опис за да може секој од овие случаи да се разбере, туку потоа дава и краен заклучок, и вели: „Одете по патиштата и оградите." Тука се опфатени сите класи и состојби на луѓето: великодостојникот на неговиот коњ, жената која со мака ја врши својата работа и крадецот што го дебне патникот. Сите овие се на патот и треба да бидат убедени ца дојдат, а таму, далеку крај оградите, лежат некои бедни души чии лажни засолништа се збришани и кои бараат не би ли нашле некое мало засолниште за нивните изморени глави. Денес сум пратен и кај нив. А ова е сеопфатната заповед: убедете ги да дојдат!

   Сега, откако ги опишав личностите, ќе запрам. Ќе запрам за да ја разгледам џиновската ра6ота што лежи пред мене. Добро рекол Меланхтон: „Стариот Адам беше пресилен за младиот Меланхтон." На сличен начин како кога некое мало дете сака да убеди некој Самсон, така и јас сакам да поведам некој грешник кон Христовиот крст. Еве, мојот Господар ме праќа со налог. Пред мене ја гледам големата планина од човечка изопаченост и тапа незаинтересираност, но со вера извикувам: „Која си ти, голема планино? Пред Севишниот ќе станеш рамнина." Вели ли мојот Госпоцар: „Убеди ги да дојдат"? Тогаш, и да биде грешникот како Самсон, а јас како дете, ќе го водам како со јаженце. Ако Бог каже: „Стори го тоа", и ако јас се обидам со вера, ќе биде сторено. И ако со мака, борба и срце што плаче, ако така денес настојувам да го убедам грешникот да дојде кај Христос, благите напливи на Светиот Дух ќе одат заедно со секој збор, и некои навистина ќе бидат убедени да дојдат.

   II. А сега, да преминеме директно на работата. Необратени, неизмирени и необновени мажи и жени! Треба да ве убедам да дојдете. Најпрвин, дозволете ми, пред се, да ве запознаам со патиштата на гревот и да ви го кажам повторно мојот налог. Царот на не6ото, денес ви праќа великодушна покана. Тој вели: „Бидејќи Јас сум жив, вели Господ, не ми причинува задоволство смртта на оној што умира, туку повеќе сакам тој да се сврти кон мене и да живее." „Ајде сега, да просудиме заедно", вели Господ, „иако вашите гревови се пурпурно црвени, ќе бидат како бела волна; иако се пурпурно црвени, ќе бидат побели од снег." Мил пријателе, срцето ми се радува кога помислувам дека имам да ти соопштам толку добра вест, а сепак, признавам дека душата ми е нажалена зашто гледам дека ти тоа не го сметаш за добра вест, 6егаш од неа и не и го даваш должното внимание. Дозволи ми да ти кажам што сторил Царот за тебе. Тој знаеше за твојата вина и предвиде дека ќе се упропастиш. 3наеше дека Неговата правда ќе ја бара твојата крв, и за да се избегне тој проблем, за да се задоволи правдата и за да може ти да бидеш спасен, требаше да умре Исус Христос. Погледни ја за момент таа слика. Го гледаш онаму Тој човек во гетсеманската градина, на колена, со крвави капки пот. Потоа пак го гледаш Тој кутар страдалник, врзан за столб како страшно го камшикуваат, а коските на рамењата Му се гледаат како бели острови среде море од крв. Гледаш и трета слика: истиот човек виси на крстот со испружени раце и со цврсто заковани стапала, умира стенкајќи и крварејќи. Ми се чини како сликата да зборува и вели: „3авршено е!" Сето тоа го стори Исус од Назарет, за да може Бог, доследно со Неговата правда, да ти го прости гревот. А пораката за тебе ова утро е: „Верувај во Господ Исус Христос и ќе бидеш спасен". Тоа значи, да имаш доверба во Него, да се откажеш од твоите дела и патишта и да го насочиш твоето срце само кон овој човек што се даде себеси за грешниците.

   Ете пријателе, ти ја кажав пораката. Што велиш за неа? Ќе се одвратиш ли? Ми велиш дека не ти значи ништо, дека не можеш да ја слушаш, дека ќе ме слушаш одвреме навреме, дека денес ќе си заминеш по својот пат и ќе се вратиш на твојата нива и трговијата. 3астани пријателе, не ми е кажано само да ти кажам и потоа да си ја терам својата работа. Не! Кажано ми е да те убедам да дојдеш и дозволи ми да ти посочам, пред да одам понатаму, дека едно можам да кажам, за кое Бог денес ми е сведок: имам искрена желба за тебе да ја послушаш оваа Божја заповед. Можеби го занемаруваш своето спасение, но јас не го занемарувам. Можеш да си одиш и да го заборавиш ова што ќе го чуеш, но те молам да запомниш дека овие работи што ти ги кажувам сега, ме чинеа многу воздишки пред да дојдам тука да ги изнесам. Пријателе мој, кога те преколнувам заради Оној што живееше, умре и живее вечно, знај дека ти зборувам од длабочината на мојата душа. Размисли за пораката на мојот Господар која Тој ме тера сега да ти ја упатам.

   Пријателе мој, доаѓам кај тебе со едноставни зборови и те советувам да поиташ кон Христос. Само кога би знаел колку многу Тој љуби! Дозволи да ти кажам што знам за Него. И јас некогаш го презирав. Тој чукаше на вратата од моето срце, а јас одбивав да ја отворам. Доаѓаше кај мене безброј пати, утро по утро и ноќ по ноќ. Ми ја испитуваше совеста и ми зборуваше со Својот Дух, и кога најпосле во мојата совест преовладаа молњите на законот, си помислив дека Христос е суров и нељубезен. Не можам да си простам што толку лошо мислев за Него. Но, каков љубезен прием ми приреди кога отидов кај Него! Мислев дека ќе ме здроби, но раката не му беше стисната од лутина, туку широко отворена, со милост. Бев сигурен дека Неговите очи кон мене ќе исфрлаат молњи од гнев. Но наместо тоа, тие беа полни со солзи. Ме гушна околу вратот и ме бакна. Ми ја зеде мојата искината облека и ме о6лече со Неговата праведност и направи душата да ми пее од радост. Во моето срце и во Неговата црква одекнуваа музика и песни, затоа што Неговиот син кој беше изгубен, беше најден, и оној што беше мртов - оживеа.

   3атоа те поттикнувам да погледнеш на Исус Христос за да бидеш просветлен. Грешнику, никогаш нема да зажалиш, ти гарантирам дека нема да се каеш, нема ни да посакаш да се вратиш во твојата проколната состојба. Тешки ќе ти бидат неволјите во христијанскиот живот, но ќе откриеш дека милоста ќе ги направи лесни. А што се однесува до радостите и уживањето да се биде дете Божјо, ако лажам, знаеш каде да ме најдеш. Ако вкусиш, ќе видиш дека Господ е добар. Ќе откриеш дека не само што е добар, туку е подобар отколку што може да опише човечка уста.

   Не знам кои аргументи да ги употребам за тебе. Помисли на својот личен интерес. Кутар пријателе, зарем не е подобро да бидеш измирен со Бог, отколку да бидеш Негов непријател? Што добиваш со тоа што Му се противиш на Бог? Дали се чувствуваш посреќен затоа што си Негов непријател? Одговори ми, трагачу по задоволства! Наоѓаш ли задоволство во чашата? Одговори ми, ти којшто се сметаш за праведен! Си нашол ли починка за твоите нозе од сите твои дела? О, ти што сакаш да воспоставиш своја сопствена праведност, пушти нека зборува твојата совест. Дали патот по кој одиш те прави среќен? Ах, пријателе мој, „зошто си ги трошиш парите на она што не е леб и на работа што не ти носи задоволство? Чуј ме внимателно и јади го она што е добро и нека душата ти се наслади со мрсно." Те преколнувам со сe она што е свето и величествено, со сe она што е важно и вечно! Бегај за да си го спасиш животот, не гледај наназад, не застанувај, не запирај додека не го испиташ и не се заинтересираш за делото на Исус Христос, за Неговото дело кое нe чисти од сите гревови.

   Дали сe уште си студен и незаинтересиран? Нема ли слепиот да ми дозволи да го одведам на гозбата? Нема ли мојот сакат брат да ја стави неговата рака на моето рамо и да ми дозволи да му помогнам да стигне на банкетот? Нема ли бедниот да ми дозволи да чекорам крај него? Мора ли да употребам посилни зборови? Мора ли да употребам други средства за да те натерам да дојдеш? Грешници, ова утро една работа знам сигурно: ако не бидете спасени, ќе 6идете без оправдание. Сите вие, од најстарите па до најмладите, ако денес не се фатите за Исус, крвта ваша ќе падне врз вашите глави. Ако во човекот има сила да го доведе својот пријател, (а има кога му помага Светиот Дух), таа сила, со Божја помош, ќе биде употребена ова утро.

   Дојди, нема да дозволам да ме замолкнеш со твоите одбивања. Ако моите поттикнувања не успеат, ќе морам да смислам нешто друго. Пријателе, те преколнувам, те преколнувам да застанеш и размислиш. 3наеш ли што е тоа што го одбиваш денес? Го одбиваш Христос, твојот единствен Спасител. „Човек не може да положи друга основа" и „нема друго име дадено за луѓето преку кое можеме да се спасиме". Пријателе, не можам да дозволам да го сториш тоа, зашто знам што забораваш. 3абораваш дека доаѓа ден кога ќе посакаш Спасител. Нема да мине долго, пред твоите тешки години да изминат, силата ќе почне да ти опаѓа, нагонот ќе те напушти, потоа силата ќе си замине, а ти и лутиот монструм, смртта, ќе мора да се соочите. Што ќе правиш без Спасител во тие моменти? Смртните постели се ладни без Господ Исус Христос. Страшно нешто е да се умре во неизвесност. И оној што ја има најдобрата надеж и најпобедничката вера, знае дека смртта не е нешто со кое треба да се подбива. Страшно е да се помине од видливото во невидливото, од смртното во бесмртното, од временото во вечното, а ќе ти биде тешко да минеш низ железните порти на смртта без меките крилја на ангелите кои можат да те понесат кон не6есните порти.

   Ќе биде тешко да умреш без Христос. Не можам, а да не мислам на тебе. Гледам утрово како вршиш духовно самоубиство, и се замислувам како стојам покрај твојот кревет слушајќи ги твоите крици и знаејќи дека умираш без надеж. Не можам да го поднесам тоа! Замислувам како стојам крај твојот ковчег и гледам во твоето лице, ладно како глина, и си велам: „Овој човек го презре Христос и беше небрежен кон спасението." Си мислам: какви горки солзи ќе леам тогаш, ако си помислам дека сум бил неверен кон тебе и како тие ненадејно затворени очи во смртта, ме прекоруваат и велат: „Проповеднику, ги посетував твоите богослужби, но ти не беше настојчив кон мене. Ме забавуваше, ми проповедаше, но не ме преколнуваше. Не знаеш што мислел апостолот Павле кога рекол: ,Како Бог да ве преколнува преку нас, така ве молиме во името на Христос, помирете се со Бог."`

   Те молам дозволи оваа порака да влезе во твоето срце. Си замислувам како седам на клупата за обвинети, пред Бог. Бог ми е сведок, судниот ден доаѓа. Го веруваш ли тоа? Не си неверник, совеста не ти дозволува да се сомневаш во Библијата. Може6и си се преправал дека не веруваш, но не можеш. Чувствуваш дека мора да има ден кога Бог со праведност ќе го суди светот. Те гледам како стоиш среде таа толпа, а Божјото око е вперено во тебе. Ти се чини дека не гледа никаде на друго место, туку само во тебе. Те повикува пред Него, ти ги чита гревовите и извикува: „Оди клетнику во вечниот оган во пеколот!"

   Читателу, не можам да поднесам да те замислувам во таква состојба. Ми се чини дека секое влакно на главата ми се исправа од помислата некој мој слушател да биде проколнат така. Сакате ли да се замислите во таква ситуација? 3борот гласи: „Оди проклетнику." Ја гледаш ли јамата што зинала да те проголта? Ги слушаш ли криците и повиците на оние што пред тебе стигнале во езерото на вечната мака? Наместо да си ја замислувам таа сцена, ти се обраќам со зборовите на инспирираниот пророк, и велам: „Кој од нас може да престојува во огнот што проголтува? Кој од нас може да живее во вечниот пламен?" О, пријателе мој, не можам да те оставам да ја отфрлиш верата тукутака. Не, јас мислам на она што доаѓа после смртта. Треба да бидам најголем 6едник, па да дозволам да гледам како некој се подготвува да се отруе, а да не му ја турнам чашата, или да видам како некој се подготвува да се фрли од мост в река, а да не го спречам да го стори тоа. Би 6ил полош од ѓавол, ако сега, со сета љубов, со сето внимание и искреност, не те преколнувам „да го зграбиш вечниот живот", „да не работиш за храна што гние, туку за храна што трае вечно".

   Некој можеби ќе ми рече дека грешам што правам така. Но не можам, а да не го правам тоа. Кога на крајот ќе морам да застанам пред мојот Судија, чувствувам дека не ќе можам да дадам добар доказ за мојата служба, ако со солзи не те преколнувам да се спасиш, да погледнеш на Исус Христос и да го примиш Неговото славно спасение. Но зарем ова ќе биде бескорисно? Дали сите мои молби кон тебе се напразно? Дали се правиш глув? Тогаш, пак ќе го сменам тонот.

   Грешнику, те молев како што се моли пријател. И да се работеше за мојот живот, не ќе можев поревносно да зборувам денес како што ти зборувам сега за твојот живот. Навистина се чувствував загрижен за мојата сопствена душа, но ни трошка повеќе отколку што сум загрижен за душите во секоја црква денес, и затоа, ако ги отфрлаш овие преколнувања, имам нешто друго да ти кажам - морам да ти се заканам. Нема секогаш да слушаш вакви преду- предувања. Доаѓа ден кога, барем за тебе, ќе биде замолкнат гласот на секој проповедник на Евангелието, затоа што твоето уво ќе се олади во смртниот час. Ќе нема повеќе закани, туку тоа ќе биде исполнувањето на сите закани. Ќе нема ветувања, ќе нема навестување за прошка и милост. Ќе нема зборување за жртва која носи помирување, а ти ќе бидеш во земјата каде што Денот за почивка ќе биде проголтан од вечна ноќ полна со мака, и каде што проповедањето за Евангелието ќе биде забрането затоа што ќе биде бесполезно. 3атоа ти велам: чуј го сега гласот што е упатен кон твојата совест, зашто ако не го послушаш, Бог ќе ти зборува преку Неговиот гнев и ќе ти зборува страшно незадоволен: „Те повикав, а ти одби. Ја испружив раката, и никој не и обрати внимание. 3атоа ќе и се потсмевам на твојата мака, ќе се смеам кога ќе те обземе стравот."

   Грешнику, повторно ти се заканувам. 3апомни, нема уште долго да ги слушаш овие предупредувања. Си мислиш дека ќе имаш долг живот, а свесен ли си колку е краток? Си помислил ли некогаш колку си кршлив? Си видел ли некогаш тело кога хирург ќе го расече на делови? Си видел ли нешто такво чудесно како што е човековото тело?

   „Колку необично! Харфа од илјада жици, а се одржува наштимана толку долго."

   Само една од тие жици да биде скината, само еден залак да отиде во погрешен правец и - можеш да умреш. Ако Бог сака, и најмалата случка што може да ти се случи, може бргу да те одведе во смрт. Силни луѓе гинеле од најмала и најбезопасна незгода. Истото може да ти се случи и тебе. И во црквите се случувало луѓе да паднат на место мртви. Колку често слушаме за луѓе што од ненадеен срцев удар умреле на сред улица - и се отркалале од сегашноста во вечноста? И дали си сигурен дека твоето срце е сосема здраво? Дали крвта ти циркулира исправно? Дали си сосема сигурен во тоа? И да е така, уште колку ќе трае? Можеби има некои од вас што нема да го дочекаат Божиќ - може6и им истекол рокот! „Среди си го домот, зашто ќе умреш и нема да живееш."- вели Библијата.

   Не би можел со точност да кажам колку луѓе од мојата околина ќе умрат за една година. Но сигурно е дека сите ние, како целина, нема никогаш повторно да се сретнеме заедно на каков и да е друг собир. Некои од нас може6и ќе заминат пред доаѓањето на Нова година. Значи, те потсетувам, пријателе мој, дека портата на спасението може да биде затворена или да останеш вон местото каде што е портата на милоста. Затоа, ајде, дозволи заканувањето да има ефект врз тебе. Јас не се заканувам и не дигам тревога без причина, туку со надеж дека братската закана може да те потера кон местото каде што Бог ја има подготвено гозбата на Евангелието.

   Па... ќе морам ли да си заминам 6ез надеж? Дали исцрпив сe што можев да кажам? Не, ќе ти се вратам повторно. Кажи ми, пријателе, што е тоа што те задржува да не дојдеш кај Христос? Слушам како еден вели: „Господине, тоа е затоа што се чувствувам многу виновен." Не е така пријателе, не е така. „Ама, господине, јас сум најголемиот грешник!" Не си, пријателе. Најголемиот грешник умре пред многу години и замина во не6ото. Неговото име е Савле од Тарс, кој потоа беше наречен апостол Павле. Тој беше најголемиот грешник и знам дека ја зборуваше вистината. „Но", ќе кажеш, „јас сум многу лош". Не можеш да бидеш полош од најголемиот грешник. Можеш да бидеш само втор по него. Но и да претпоставиме дека ти си најлошиот жив грешник, сепак ти си втор по лошотија, зашто тој беше најголемиот. Но и да си најлошиот, не ли е тоа вистинска причина зошто треба да дојдеш кај Христос? Колку полошо се чувствува човекот, толку поголема е причината зошто треба да оди в болница или кај лекар. Колку си посиромав, толку поголема причина имаш да примиш милостина од друг. А Христос не ти бара заслуги. Тој дава бесплатно. Колку полошо се чувствуваш, толку си подобредојден. Но дозволи да те прашам: дали мислиш дека некогаш воопшто ќе ти биде подобро, ако стоиш настрана од Христос? Ако така мислиш, тогаш малку или воопшто не го познаваш патот на спасението. Не, господине, колку подолго стоиш настрана, толку полоша ќе ти биде состојбата. Ќе ти ослабне надежта, ќе запаѓаш во се поголем очај, а клинот со кој сатаната те приковал, се поцврсто ќе те држи и ќе стануваш се побезнадежен. Дојди, те преколнувам, и запомни дека ништо нема да добиеш со одлагањето, туку напротив, може сe да изгубиш.

   „Но", ќе рече некој друг, „чувствувам дека не можам да верувам." Не, пријателе, никогаш и нема да поверуваш, ако првин се трудиш да веруваш. Запомни: не сум дојден да те повикам на верување, туку да те повикам кон Христос. Но ќе речеш: „Во што е разликата?" Зошто прашуваш така? Ако најпрвин велиш: „Сакам да верувам во нешто", никогаш нема да веруваш. Но, твоето прво прашање треба да биде: „Што е тоа во кое треба да верувам?" Потоа верата ќе дојде како последица на тоа барање. Нашата првенствена работа нема ништо со верата, туку со Христос.

   Дојди, те преколнувам, на ридот Голгота (ридот на којшто беше распнат Христос) и види го крстот. Види го Божјиот Син, Тој што ги создаде небото и земјата, како умира за твоите гревови. Погледни кон Него. 3арем во Него нема сила која може да спаси? ГIогледни му го лицето, полно со сожалување. 3арем во Неговото срце нема љубов која докажува дека сака да спасува? Грешнику, сигурен сум дека Христовиот поглед ќе ти помогне да веруваш. Немој првин да веруваш, а потоа да одиш кај Христос, зашто инаку верата ќе ти биде безвредна. Оди кај Христос без вера и фрли се во Него, а потоа нуркај и пливај во Неговите длабочини.

   Но слушам и друг како вика: „Господине, не знаеш ли колку често бев канет и колку долго го од6ивав Господ?" Не знам, и не сакам ца знам. Сe што знам е дека мојот Господар ме пратил да те убедам да дојдеш. 3атоа дојди со мене. Можеби си одбил илјада покани. Немој оваа да ти биде илјада и првата. Си доаѓал во домот Божји и само си го отврднувал срцето кон Евангелието. Но не гледам солза во твоето око. Дојди, пријателе, немој да бидеш закоравен при оваа денешна проповед. О, Духу на живиот Бог, дојди и растопи го ова срце зашто никогаш порано не 6ило растопено и убеди го да дојде! Не можам да те пуштам со такви млитави изговори. Ако си проживеал толку многу години во омаловажување на Христос, имаш толку многу причини поради кои сега не треба да го омаловажиш.

   Дали слушнав како шепотиш дека ова не е погодно време? Тогаш, што треба да ти кажам? Кога ќе дојде тоа погодно време? Дали кога ќе бидеш во пеколот? Ќе биде ли тогаш погодно? Ќе дојде ли кога ќе бидеш на смртна постела - кога смртта ќе те гуши, ќе дојде ли тогаш? Или кога жешка пот ќе ти се спушта по веѓите или кога сиот ќе бидеш во студена леплива пот - ќе бидат ли тоа погодни времиња? Или кога болки те обземаат и со едната нога ќе бидеш в гроб? Не, господине, денес е најпогодното време! Нека Бог направи да биде така.

   3апомни, јас не сум овластен да те молам утре да дојдеш кај Исус. Господарот не ти даде покана да дојдеш следниот вторник. Поканата гласи: „Денес, ако го чуеш Неговиот глас, не стврднувај си го срцето како кога те провоцираат", зашто Божјиот Дух вели: „денес". 3ошто да ја отфрлаш поканата? Дојди сега да разговараме. Тоа може да бице последното предупредување што воопшто ќе го добиеш. Отфрли го - и може никогаш повеќе да немаш можност да се покаеш. Може никогаш повеќе нема да чуеш ваква искрена порака наменета за тебе. Може никогаш повеќе да не бидеш молен вака како што јас сега те молам. Можеш да си заминеш, а Бог да каже: „Оддаден е на идол и, остави го" Тие ќе ти стават оглав, и тогаш, внимавај - патот ќе ти биде сигурен, но тоа е пат кон загарантирано проклетство и брза пропаст.

   А сега повторно: дали е сe напразно? Нема ли да дојдеш кај Христос? Тогаш што можам уште да сторам? Имам само уште едно средство, и ќе се обидам со него. Може да ми биде допуштено да плачам за тебе. Може да ми биде дозволено да се молам за тебе. Ако сакаш, можеш да го одбиеш моето обраќање, можеш да му се смееш на проповедникот, можеш да го наречеш фанатик, ако сакаш. Тој нема да те укори и нема да те обвини пред великиот Судија. Што се однесува до твојата навреда, таа ти е простена уште пред да ја искажеш, но запомни дека пораката што ја одбиваш денес, е порака од Некој што те сака, а исто така ти е пренесена преку усните на човек што те сака. Сети се дека твојата душа можеш да ја оставиш да си игра со ѓаволот и ни најмалку да не мислиш дека тоа е важно, но има барем еден кого го засега твојата душа, и еден кој, пред да ти се обрати, се борел со неговиот Бог да му даде сила да ти проповеда, и кој кога ќе ти го каже ова, не ги заборава своите читатели.

   И пак велам: кога ќе ни снема зборови, можеме да дадеме солзи - зашто зборовите и солзите се рацете со кои проповедниците на Евангелието се служат за да ги убедат луѓето да дојдат. Ти не знаеш, и претпоставувам дека не можеш да веруваш колку загрижен за својата црква се чувствува човек што е повикан од Бог за таа служба, а посебно за некои луѓе во неа. Пред некој ден чув за еден млад човек кој долго време доаѓа в црква, а чиј татко се надева дека ќе биде доведен кај Христос. Но тој се запознал со некој неверник и сега си ја запоставува работата и секојдневно живее во грев. Го видов бледото и жално лице на татко му. Не го замолив самиот да ми каже што се слу- чило, зашто чувствував дека тоа би 6ило копање по мачна и отворена рана. Понекогаш ми се чини дека белите коси кај добрите луѓе се резултат на тешки маки. Млади луѓе, вие не се молите за себе, но вашите мајки се борат за вас. Не мислите на вашите сопствени души, но вашите татковци се грижат за вас. Сум бил на молитвени состаноци кога се молат Божји деца. Тие не би се молеле толку усрдно и со таква болка, кога би се молеле за своето спасение. И зарем не е необично тоа што ние сме подготвени да превртиме и небо и земја за вашето спасение, а вие воопшто не мислите за себеси во однос на вечните работи?

   Сега, за момент ќе се свртам кон некои други луѓе. Има меѓу вас такви што се членови на христијански цркви, кои тврдат дека веруваат, и ако не се лажам (а би бил среќен ако се лажам), вашето тврдење е лага. Вие не живеете во склад со верата и ја обесчестувате. Можете да живеете во постојано отсуство од Божјиот дом, па дури во поголеми гревови од тоа. Сега, ве прашувам таквите кои не сте украс за учењето за Божјото спасение: дали мислите дека можете да ме нарекувате ваш пастир, а мојата душа да не трепери и тајно да плаче за вас? И пак ќе речам: може6и не ви е многу грижа како ја валкате облеката на вашето христијанство, но тоа претставува голема грижа за Божјите слуги кои не ги гледаме јавно, а кои воздивиуваат, плачат и стенкаат заради беззаконијата на оние што се нарекуваат христијани.

   Му преостанува ли на проповедникот нешто друго, освен плачењето и молитвата? Да, има само уште едно. Бог на своите слуги не им дал моќ на обновување, но им дал нешто слично. 3а човекот е невозможно да го нановороди својот 6лижен, а сепак, како се раѓа тој за Бог? Не зборува ли апостолот за таков човек кој 6ил роден од него, додека 6ил во окови? Проповедникот има моќ дадена од Бога, да биде сметан за татко и мајка на оние кои се раѓаат за Бог, зашто самиот вели дека трпел родилни маки за душите додека Христос се формирал во нив.

   Па што да правиме? Можеме да го повикаме Светиот Дух. 3нам дека го проповедав Евангелието, и тоа ревносно, и барав од Господ да си го исполни Своето ветување. Тој рече цека Неговиот Збор нема да се врати празен - и така ќе биде. Тоа зависи од Него, а не од мене. Јас не можам да те убедам, но Ти, Светиот Дух, Кој ги имаш клучевите од срцето, Ти можеш да натераш. Дали некогаш сте забележале во една глава од Откровението каде што се вели: „Еве, стојам пред вратата и чукам", само неколку стиха пред тоа, истата личност е опишана како личност што го има клучот. Па така, ако чукањето не помогне, Тој што го има клучoт, може да влезе - и сака да влезе. Затоа, ако чукањето на еден проповедник не помогне денес, преостанува тоа тајно отворање од Светиот Дух, за да бидеш убеден.

   Го сметав за моја должност тоа, да работам со вас како да сум обврзан да го правам тоа. Сега тоа го префрлам во рацете на мојот Господар. Неговата волја не е да трпиме родилни болки без да раѓаме духовни деца. Тоа зависи од Него. Тој е Господар на срцето и ќе дојде ден кога ќе се покаже дека некои од вас што биле натерани од Неговата суверена милост, станале доброволни заробеници на најмоќниот освојувач, Исус, и Нему му ги покориле своите срца преку денешнава порака.    ...назад

Порака од Чарлс Хедон Сперџен, дадена на 5 Декември 1858 г.

Крај