НЕПОТРЕБНО ПРАШАЊЕ, НО ОДГОВОРЕНО
ГЛАВА 14
„Ако само се допрам до крајот на Неговата облека, ќе оздравам.” Тука се раѓа едно жешко прашање: „Но дали ќе можам? Знам дека ми е дозволено да Го допрам, сигурно дека смеам; меѓутоа, јас не можам.” Тоа е прашањето, на кое ќе одговорам сега. Желбата на човекот да се довери на Христос е, како дело на благодатта, така и на верата, и оној, кој има желба и силен копнеж да поверува, веќе добил благодат и сила да го направи тоа. Не знаете ли дека според Писмото, желбата да прељубодејствуваш се смета за прељубодејство? Тој „веќе прељубодејствувал со неа во своето срце.” Според тоа, ако самата мисла за нешто нечисто и желбата да го извршиш се рамни на самото извршување, тогаш копнежот или желбата да поверуваш го содржат во себе основниот елемент на верата. Не велам дека тоа е целата вера,но смеам да тврдам, дека, Божјата сила го натерала човекот да посака да поверува, поголемиот дел од работата е веќе завршена и тој навистина ќе поверува, кога му дојде времето.
Вистинското посакување на човекот да поверува претставува 90% од вистинската доверба. Бидејќи посакувањето е веќе на јаве, силата која ви недостасува, сигурно ќе ви се даде. Човекот е мртов и најтешкото нешто е да го натераш да живее; но во тој случај тој веќе е оживотворен, зашто човекот живее, кога има желба за тоа-тој сака да поверува, копнее да поверува, жедува да поверува. Колку многу веќе е направено за него! Воскресението од мртвите е многу поголемо нешто од самата пројава на животот. Довербата во Христос е најлесното нешто, што секој би можел да го направи. Довербата е дело, присутно кај новороденото дете преку благодатта. Новороденото дете не прави никогаш ништо премногу сложно. Велиме: „О, тоа е детска работа”, имајќи во предвид, дека е многу лесно. И така, довербата доаѓа во моментот, во кој се раѓа дете во Божјото семејство; се појавува во времето на самото новораѓање. Еден од првите знаци и белези, дека некој е новороден, е довербата; еве зошто тоа е нешто многу, многу едноставно. Се осмелувам да кажам, дека довербата во Христос на никој начин не се разликува од довербата во кој и да било друг, освен по личноста, на која се однесува. Се доверуваш на мајка си, на истиот начин можеш да се довериш и на Исус Христос, Божјиот Син. Се доверуваш на својот пријател. Истото треба да го направиш и со твојот превозвишен и подобар пријател. Се доверуваш на новостите, кои редовно соопштуваат и објавуват во весниците, истиот однос на доверба треба да се покаже и кон Писмото и Божјото ветување.
Причината, поради која верата во Исус Христос ја надминува верата во некој друг, се засновува на фактот, дека Личноста, во која веруваш е најважна, а човечкото срце е понаклонето да верува во некој друг, отколку во Исус. Светиот Дух треба да ги открие пред твојата вера основните прашања поврзани со Христос. Нивното познавање доаѓа преку едноставна, детска доверба. Тоа е дар од Бога, бидејќи Бог ти дава способност да разбираш и проценуваш, за да ја искористиш спрема Неговиот Син и да Го примиш. Довербата на детето во својот татко е чудесно, слично на довербата, за која би го молеле Господ Исус. Многу деца веруваат, дека нема друг човек на светот-толку славен, добар, праведен, внимателен и богат како нивниот татко; и ако некој им каже, дека не е толку прекрасен, тие доста ќе се натажат; зашто, ако нивниот татко не е цар, тогаш тоа е така, затоа што настанала некоја грешка. Така размислуват децата за своите родители и таква е верата, која би сакал и вие да ја покажете спрема Господ Исус Христос, Кој заслужува слична доверба и многу повеќе од тоа. Треба така да веруваме во Исус, така што преку својата вера Го почитуваме и прославуваме.
Така, како што детето не мисли од каде ќе дојдат лебот и маслото за утрешниот ден, и неговата малечка главичка не се мачи да мисли како ќе добие нови чорапи, бидејќи тие, кои ги носи, веќе се скинати, така и ти треба да се довериш на Исус Христос за сè, што сакаш, додека живееш тука на земјата, пред да отидеш на Небото-довери Му се, без да прашуваш. Тој може, и ќе промисли за тебе. Предади Му се така целосно, како што детето ја предава својата грижа на своите родители и е совршено спокојно. О, колку едноставна работа е довербата! Сигурен сум дека тоа е нешто многу едноставно, нешто кое не бара голема мудрост, зашто сум забележал, дека ниту мудрите, ниту силните, ниту самоправедните можат да ја достигнат. Верата е дело кое се извршува од оние, кои се како деца во своето срце, кои светот ги нарекува глупаци и ги исмејува заради нивната глупост.”. ..Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род. Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот. . .што е слабо пред светот. . .и што е неблагородно и што е презрено во светот. . .”(1Кор.1:26-28). Има луѓе без никакво образование, кои едноставно знаат, дека нивната Библија е вистинита и имат изобилна вера-тие се бедни во овој свет, но се богати со вера. Среќни луѓе! Тешко на мудрите, чија мудрост им пречи да се доверат на Исус! Тие учеле во повеќе универзитети и ги добиле сите научни степени, кои човечката мудрост може да им ја даде, но покрај тоа тие не можат да поверуват во Исус Христос, Божјиот Син. О, пријателу, не мисли, дека верата е нешто тешко достапно и загадочно, зашто, ако беше така, тие студенти и доктори по богословие ќе ја имаа. Тоа е наједноставното нешто, што умот може да го направи.
„Но зарем нема да е неопходно да направам многу добри дела?”-ќе праша некој. Ќе правиш толку многу, колку сакаш, кога ќе бидеш спасен; но што се однесува на самото спасение ќе треба да ја отфрлиш целата самоправедност, бидејќи тоа зло ќе те рани и разруши. Треба едноставно да дојдеш при Христос, само при Него, и да Му се довериш.
О, ќе каже друг, мислам, дека започнувам да сфаќам. Ако ми се даде возможност, ако ми се даде доволно сила, за да поверувам во Исус, тогаш ќе бидам спасен.” А јас би те запрашал нешто друго: не знаеш ли, дека ти си должен да поверуваш во Христос, дека Тој заслужува луѓето да поверуваат во Него? Убеден сум, дека многумина од вас можат да поверуваат и дека веќе, во голем степен сте поверувале; само што барате чуда и знаци кои никогаш нема да дојдат. Зошто не ја применете малку повеќе дадената сила? Божјиот Дух ви дал вера; О, доверете се целосно, со целото свое срце. Та вие треперете при самата помисла дека се сомневате во Христос. Чувствувате колку неправедно и погрешно е тоа; во вас веќе има скриена вера во Него. „Кој не Му верува на Бога, Го направил лажец” (1Јов.5:10). Ќе Го направете ли Христа лажец? Зошто наместо тоа не ја применете верата и не кажете:”Јас навистина верувам; јас ќе верувам, дека Христос, Синот на Севишниот, Кој умре поради човечкиот грев, е способен да ги спаси оние, кои Му се доверат и затоа јас Му се доверувам, за да ме спаси. Што и да се случи, јас ќе верувам во Него. Загубен или спасен, јас ќе верувам во Него. Таков каков сум, без друго оправдание, единствено со увереноста, дека Тој сака и може да ме спаси, ја предавам својата душа во Неговите раце!” Вие ја имате силата да поверувате во Исус, откако веќе сте се убедиле, дека тој заслужува доверба. Единственото што треба да го направите во пракса е тоа, што Бог Светиот Дух веќе ви го открил и ќе најдете мир.
Ако се уште продолжувате да мислете, дека има нешто, што ви попречува да се доверете на Христос, макар што знаете, дека ако тоа се случи ќе бидете спасени, јас искрено ве молам не чекајте ниту миг, но да ја побарате целосната, совршената и спасителна вера во Христос; зашто, ако умрете како неверник, вие сте загубен и тоа, засекогаш. Само ако се доверете на Господ Исус Христос со целото свое срце, така што се потчинете на Неговите заповеди, ќе бидете во вистинска безопасност.
-Содржина-

