За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















МОЖАМ ЛИ ДА ПОВЕРУВАМ?

ГЛАВА 13

   Веќе знаете Кој е Исус и верувате, дека Тој е Божјиот Син, Спасителот на луѓето. Сигурни сте дека Тој „може совршено да ги спасува тие, кои доаѓаат при Бога преку Него.” Не се сомневате ни малку во вечните вистини, сврзани со Божјиот Син-раѓањето, животот, смртта, воскресението и неговото второ доаѓање. Сомневањата кои ги имате, се поврзани со самите вас: „Дали е возможно и јас да учествувам во тоа спасение?” Целосно сте сигурни дека верата во Исус Христос може да го спаси секој, дека ќе ве спаси и вас, доволно е да ја применете. Не се сомневате нималку во оправданието преку вера. Вие сте го научиле тој принцип, вие сте го прифатиле за нешто неспорно, дека тој кој верува во Него, има вечен живоот; и знаете, дека тој, кој ќе дојде при Него, нема да биде отфрлен. Знаете кој е царот и верувате во неговата ефикасност. Тогаш, меѓутоа, доаѓа сомневањето-можам ли навистина да бидам исцелен преку Него? Длабоко во вашите убедувања се крие мрачната мисла:”Можам ли јас да поверувам? Можам ли и јас да се доверам? Гледам дека вратата е отворена и дека мнозина влегуваат. Ќе можам ли и јас да влезам? Гледам дека е возможно човекот да се очисти и од своите најлоши гревови во изворот на светата вода. Мнозина се очистуваат. Дали ќе може и јас да се измијам и да бидам очистен?” Сомневањето е магливо, но доаѓа по најразлични начини и ја грабнува целата утеха и целата надеж. Проповедта која ја слушаме, личи на маса, натрупана со секакви вкусни јадења, кон кои погледнувате, но истовремено со тоа чувствувате, дека немате право да седнете и да јадете. Тоа е една ужасна измама, од која, ако не се ослободите, ќе ве доведе до смрт. Слично на некое ненаситно чудовиште, таа стои и ве дебне. Кога го гледате потокот да се прелива со светликави струи, а вие сте жедни, мислите ли дека не ви е дозволено да се напиете? Ако сметате, дека не вие дозволено, тогаш вие не сте со здрав памет, затоа што размислувате како човек, кој го загубил разумот. Покрај тоа многумина се наоѓаат во таква духовна состојба. Сомневањето, дека имате слобода да отидете при Исус, е нешто ужасно; тоа го помрачува и руши читањето и слушањето на Словото, како и обидите да се молите; и никогаш нема да бидете утешени, додека не добиете во вашето срце одговор на прашањето: „Можам ли и јас?”

   Ве канам да го прочитате целиот Стар и Нов завет и да ми покажете еден стих, во кој Бог вели, дека не ви одобрува да дојдете и да се доверете на Христос. Веројатно ќе одговорите, дека не очекувате да го прочитате тоа во Библијата и дека Бог можеби некогаш и го рекол, без да го запишал. Е, добро, но еве што вели Бог:”Не го говорев во тајност, во катчето на мрачната земја. Не му го реков на Јакововото потомство:Барајте Ме напразно.” (Ис.45:19). Тој многупати ви заповедал да Го барате Неговото лице. Отфрлете ја таа мисла. Го повторувам уште еднаш тоа, што еднаш веќе го реков: нема стих во Писмото, кој ви забранува да дојдете и да ја ставите својата доверба еднаш засекогаш во Христос. Пишано е: „И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот!”(Отк.22:17). Дали кажаното ве исклучува вас? Пишано е: „Секој, кој ќе Го повика Господовото име, ќе се спаси”(Рим.10:13). Дали тоа не се однесува и на вас? Да, се однесува и на вас; тие стихови се покана и охрабрување за секој. Никаде во Божјото Слово не е запишано, дека ќе бидете отфрлени, ако дојдете, или, дека Исус Христос нема да ги одзеде тешкотиите на вашите гревови, ако ги оставете пред Неговите нозе.

   Има илјадници стихови во Писмото, кои ве повикуваат со добро дојде, и нема ниту еден, кој стои со исукан меч, за да ви го попречи патот кон дрвото на животот. Нашиот небесен Татко ги поставил Своите ангели на вратата на Својот дом, за да ги пресретнат сите, кои доаѓаат; и нема кучиња, кои ќе лаат по бедните просјаци, ниту табели, кои ќе предупредуваат прекршителите да внимаваат. Дојдете и бидете добро дојдени.

   Не ли ви се чини, дека имено, карактерот на Господ Исус Христос го отфрла секое сомневање дали ви дозволува да дојдете и да го допрете крајот на Неговата облека? Несомнено, ако некој сака да го претстави Господ Исус Христос како аскет, кој со гордост се одвраќа од скромните луѓе, кои нукогаш не успеале да го достигнат Неговото високо ниво на осветување, или ако реши да го наслика како фарисеј, кој ги гони од Себе цариниците и грешниците, или како леден мраз на праведност, кој ги мрази грешниците, тој изрекува гнасна клевета спрема божествениот карактер на Христос. Ако некој каже, дека Исус Христос е пробирлив-нема да ги приме грешниците такви какви што се и бара многу од нив, и ќе го прими радосно само оној, кои се како Него- добри, вистински и совршени, тоа нема да биде вистина, туку длабока заблуда. Кога беше на земјата, Го обвинуваа право во лицето: „Тој прима грешници и јаде со нив.” Зборовите на пророк Исаија за Него се целосно вистински:”Тој не ја крши напукнатата трска ниту ја гасне светилката што тлее”(Ис.42:3).

   Малите деца се одлични познавачи на човечкиот карактер; тие интуитивно сфаќаат кој е добар. Истото се однесува и на вљубените жени. Тие не поминуваат низ процес на размислување, туку многу брзо прават заклучок за карактерот на даден човек. И еве, децата доаѓаа и седеа на колената на нашиот Искупител и мајките ги носеа своите деца, за да ги благослови Исус. Како е воозможно тогаш да вообразувате, дека Тој ќе ве отфрли вас? Жените плачеа, Го молеа и ги жалеа тие кои се одвраќаа од Него; поради тоа сум сигурен, дека не е тешко Исус да биде трогнат. Еве зошто сакам да бидете уверени, дека нема ништо во карактерот на нашиот Спасител, што дури и за момент ќе Го натера да се откаже од вас и да ве истера од Неговото присуство.

   Тие кои Го познаваат најдобро, ќе кажат, дека е целосно невозможно Тој да одбие да ги насите гладните и тие што имаат потреба. Немаше слеп да Го повика и да не прогледа или некој гладен да Го погледне и да не биде нахранет. Исус Христос беше исполнет со сочувство кон нашите немоќи, беше највнимателниот, Оној Кој најмногу љуби, и најнежен од сите, кои некогаш живееле на земјата. Еве зошто постојано ве молам да прифатете без сомневање, дека можете смело да дојдете при него без страв, дека ќе ве отфрли. Штом Исус има сила да ве исцели, кога Го допрете, треба да сте спокојни, дека ќе имате право да Го допрете. Нема сомневање, дека можете да Му се доверете, зашто Исус премногу ве љуби, за да ве отфрли. Тој ќе се радува да ве прими. Невозможно е да ве одбие; не е во Неговата природа да ве истера од Неговото присуство.

   Размислете повторно на полнотата на Христовата спасителна сила и нека ја дискутираме таа тема. Христос беше исполнет со сила да благосовува и таа невидлива сила беше ја напоила дури и Неговата облека, та преливаше од Неговата благосовена личност, течеше по полите на Неговата наметка се до синиот раб, со кој завршува облеката на секој Евреин. Силата достигаше до крајот на Неговата облека, затоа и жената само Го допре, таа протече во неа(Лук.8:43-48). Ако допирањето беше со вера, немаше значење каде се допрела раката до Него. Често ја проценуваме способноста на човекот да помага, по силата која ја поседува. Кога човек поседува малку, тогаш тој е ограничен. Ако располага само со малку пари ќе треба да ја пресмета секоја пара пред да даде. Но кога имотот на некој благородник е бескрајно голем, чувствуваме, дека тој може да даде многу, доволно е да има дарежливо и жалостиво срце. Нашиот благословен Господ бидејќи полн со исцелителна сила, не може да сопре да прави чуда на исцелување; и во склад со Својата добра природа, Тој се радува да излева и да го споделува тоа, што има, со луѓето, кои доаѓаат при Него. Ако во некој град водата е при крај, општината издава заповед за ограничување на нејзината употреба и исто така се налага лимит и врз јавните бањи и фабрики, поради недостиг на течността. Ако тргнете низ Темза малку по дождовната сезона, ќе се насмеете на мислата за недостиг на водата и ограничувањата, поврзано со нејзиното штедење. Ако некое куче посака да пие од реката, никој нема да му го оспори неговото право на тоа. Тоа доаѓа до водата, лока од неа и уште повеќе-се фрла во водата без да се интресира за тие, кои би пиеле по него. Погледнете ги кравите и говедата, газат во водата и пијат ли пијат; и никој од минувачите крај Темза нема да каже, дека кутрите Лондончани ќе останат без вода, бидејќи кучињата и кравите ќе ја испијат пред да дојде до градот. Никогаш нема да помислиме да ги замолиме сопствениците на тие кучиња и крави да не ги пуштаат, зашто водата е толку многу што секој треба да се чувствува да пие колку што сака. И на вашето прашање: „Можам ли и јас? Можам ли и јас?” Одговарам: нема ништо, што ќе ви забрани да го направите тоа; сè во Христовиот карактер ве охрабрува. Тој е толку милостив, што не треба и да помислете дека Тој има и најмалку желба да ви ја откаже Својата бескрајна благодат.

   Дури и да претпоставиме, дека доаѓате при Христос така, како што дојде таа жена, и се допирате до крајот на Неговата облека, со тоа вие нема да го ранете Исус. Би требало да се двоумете да побарате нешто добро за себе, ако така го ранувате оној, од кого го добивате тоа што го барате. Меѓутоа, вие нема да го ранете Господ Исус Христос. Тој чувствува, дека излезе сила од Него, но не зашто почувствува некоја болка. Верувам, дека Тој разбира, дека некој го допира, поради задоволството што го чувствува во истиот момент. Нешто Му донесува необична радост. Допирот со вера доаѓа до Него преку Неговата облека и Тој се радува да воскликне, откако ја подари Својата исцелителна сила.

   Грешнику, ти нема да го онечистиш мојот Господ, ако му го дадеш целиот свој грев, кога дојдеш при Него. Нема да биде неопходно, Тој да умира повторно, за да ги отстрани тешкотиите на твоите беззаконија. Нема да има потреба Исус да пролее ни една капка крв, за да те искупи од твојот огромен грев-жртвата на Голгота е доволна, за да ја покрие секоја вина. Ако дојдеш при Него таков, каков што си, нема да е неопходно Исус повторно да го напушти Небото, да се роди одново на земјата и да живее живот исполнет со мака, за да те спаси. Нема да има потреба да прими уште еден венец од трње, ниту да ги прободуваат одново Неговите раце и нозе, или Неговото тело. Исус целосно го заврши Своето искупително дело; спомни си за победничкиот восклик:”Се сврши!” Не можеш да Го раниш дури и ако ги ставиш сите свои лоши мисли и зборови врз Него. Нема да Го ограбиш на никаков начин, макар што твоето допирање до Него ќе ти донесе живот. Во Него живее таква полнота, што дури, ако секој несреќен грешник дојде при Него и го земе достоинството, од кое има потреба, во Него ќе има останато точно толку, колку што имало пред тоа. Кога имаш работа со бескрајното, можеш да делиш и да вадиш, но не и да го намалиш. Дури целото човештво да биде измиено во непресушниот извор на Исусовата правда, тој ќе продолжи непрестано да блика.

   Други, токму како вас, се осмелиле да пристапат кон Него и немало случај, во кој Тој откажал да ги спаси. Кога бев дете, и јас мислев како вас: дека добрата вест е нешто прекрасно и се дава дарум на сите, со исклучок на мене. Воопшто немаше да се зачудам, ако мојот брат или сестри, мајка ми или татко ми го добиеја спасението; но, некако ми се чинеше невозможно јас да бидам спасен. Тоа беше нешто толку ценето и толку далеку од мене, колку што беа и дијамантите на кралицата. Така си мислев. Многу луѓе сметаат, дека Евангелието приличи на трамвај кој се движи и во кој не можат да се качат. Мислев, дека сигурно сите ќе бидат спасени, но не и јас; покрај тоа, откако започнав да викам за милост, јас ја добив. Моите очекувања да поминам низ тешкотии останаа пријатно неоправдани. Поверував и веднаш најдов мир за својата душа. Кога разбрав дека „има живот, дури и само со еден поглед кон Распнатиот на крстот”, јас Го погледнав и најдов вечен живот.

   Никој никогаш не дал различно сведоштво. Ја повикувам целата вселена да ми покаже само еден човек, кој бил изгонет од Христовата врата или да му било забрането да Го прими за свој Спасител. Аве зошто ве молам да разберете, дека откако други поминале низ тој пат и пронашле мир и живот, тогаш Бог Го предопределил Исус да биде изворот на благодатта. Несреќни, кутри грешници, има табела поставена за вас: „Одовде за грешниците. Одовде за виновните. Одовде за гладните. Одовде за жедните. Одовде за изгубените. „Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети и Јас ќе ве успокојам.” Еве зошто е сигурно, дека не треба да велите:” Возможно ли е и јас. . .” Нема смисла да го велите тоа, зашто пред сè, вие сте поканети да дојдете и да Го примете Христос како свој Спасител и Божјото Слово многукратно ја упатува таа покана кон вас. „Духот и невестата велат: „Дојди!” И кој слуша нека рече: „Дојди!” И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе дарум од водата на животот!”(Отк.22:17). „О сите вие, кои сте жедни, дојдете при водите; ако и немате сребреници, дојдете, купете и јадете. Да, дојдете, купете вино и млеко, без сребреници и без плаќање!”(Ис.55:1). Исус Христос ве кани сите, кои се трудат и се обременети да дојдат при Него, и Тој ќе ги успокои. Бог е верен на Своите ветувања. Бидете уверени во тоа. Штом Бог ве кани, Тој сака да ја земете поканата. Откако ги прочитате многубројните покани упатени кон вас од Божјото Слово, не велете: „Возможно ли е и јас. . .?” тоа прашање би било израз на злонамерно сомневање во Божјата искреност.

   Освен што сте поканети, вие исто така сте и замолени да дојдете. Многу цитати од Писмото далеку ја надминуваат обичната покана. Бог ве убедува и замолува да дојдете при Него. Тој вика со жал: „Животот Ми Мој-говори Господ Бог-Мене не ми е до смртта на безбожникот, туку да се одврати од својот лош пат и да живее! И така, обратете се од својот лош пат! Зошто да умрете, Израелов дому!”(Ез.33:11). Кога нашиот Господ и Господар ја подготви гозбата и тие, кои беа поканети, не дојдоа, Тој ги испрати Своите слуги да ги принудат да дојдат. Тогаш Бог искористи нешто повеќе од обична покана-Тој даде и Божествена принуда. Би ве молел, убедувал, сите вас, кои не сте поверувале во Исус, да го направете тоа сега. Во името на Исус, ве молам да Го побарате Господа. Јас не ви кажувам едноставно еден избор, туку го вложувам сето срце во таа молба и ви велам: „Дојдете при Исус. Дојдете и смирете ги своите грешни души.” Не ли ја разбирате пораката на Евангелието? Знаете ли што ве моли и што ви дава тоа? Ќе добиете целосно простување во истиот момент, во кој поверувате во Исус. Ќе добиете вечен живот-можете да го добиете сега, во еден момент, само ако поверувате во Божјиот Син. Кој и да си, што и да си направил, ако со срцето поверуваш во Оној, Кого Бог Го воскресна од мртвите и потоа Му се потчиниш како на свој Господ и Спасител, секој грев и престап ќе ти бидат опростени. Бог ќе ги отргне како густа магла твоите престапи. Тој ќе ти помогне да започнеш од почеток и одново. Ќе те направи ново создание во Исус Христос. Старото ќе помине, сè ќе стане ново.

   Важното, инаку е, верата во Исус; но можете да ме погледнете во моите очи и да извикате:”Но возможно ли е и јас да поверувам?” А зошто да не? Та не ли ви ветуват, канат и замолуват да го направете токму тоа. Дури нешто повеќе-заповедано ви е да го направете тоа. И заповедта е: да поверувате во Исус, Кого Бог Го испратил. Тоа е добрата вест:”Кој поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува ќе биде осуден”(Мар.16:16). Тоа е заповед, која носи во себе застрашување од казна при непочитување. Сега, ќе се најде ли некој, кој ќе праша:”Можам ли и јас?” Кога читам:”Да Го возљубиш Господа својот Бог со целото свое срце” се прашуваме ли: „Може ли и јас да Го љубам Бога?” кога читаме:”Почитувај татко си и мајка си”, велиме ли: „Можам ли и јас да го почитувам татко ми и мајка ми?” Не. Заповедта е дозвола плус уште нешто друго. Таа дава апсолутна дозвола и уште нешто. Бидејќи ќе бидете осудени, ако не поверувате во Бога, Тој ви дал право да верувате-не само дозвола да го правете тоа, но и реална практична возможност. О, не можете ли да разберете? Нема ли да извикате кон Бога: „Господи, штом ќе ме осудиш, ако не поверувам, Ти си ми дал и целосната слобода да поверувам во Евангелието. Еве зошто доаѓам и се доверувам на Исус.” „Можам ли и јас?”-мислам, дека веќе можете да одговорете на тоа прашање. Нема ли да се откажете од Него? Нека Светиот дух ти покаже, беден грешниче, дека можеш да ја оставиш маката пред нозете на Исус и да бидеш спасен веднаш. Ти можеш да поверуваш. Сега ја имаш целосната дозвола да ги исповедаш своите гревови и да добиеш незаборавно простување-провери дали нема да се случи тоа. Предај Му ја својата грешна душа, биди оправдан и обновен, и живеј, благодарејќи за чудото на Неговата љубов.

„Совети за оние што трагаат по Вистината" - Глава 13
-Содржина-
Крај