За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















СПАСЕНИ ПРЕКУ ВЕРА

ГЛАВА 12

   Патот на спасението бил секогаш само еден. Никој човек не бил спасен преку своите добри дела. Патот, по кој праведните живееле, секогаш бил патот на верата. Таа вистина никогаш не се променила ни најмалку; таа е одредена и непроменлива; секогаш е една и иста, како што е Бог, Кој ја објавил. Во сите времиња и на секое место Евангелието било секогаш едно и ќе биде едно и исто. „Исус Христос е ист вчера, и денес, и довека”(Евр.13:8). Знаеме, дека Евангелието е едно, никогаш и немало друго Евангелие. Небото и земјата ќе преминат, но Христовото Слово никогаш нема да поминат.

   Треба да одбележиме, дека таа вистина не е само толку стара и непроменлива, но исто така содржи во себе и животна сила. Пораката на Реформацијата е: „Праведникот ќе живее преку верата.” Тој единствен ред, слично на отварањето на еден од печатите во книгата Откровение, поставува основата на целото евангелско фалење и сите евангелски песни, на шум на многу води во светот. Тоа малку семе, заборавено и скриено далеку во мрачниот среден век, беше извадено, посадено во човечкото срце и израсна преку Божјиот Дух, да даде изобилен род. И најмалата честица вистина, фрлена каде и да било, ќе оживее! Некои растенија се толку животоспособни, што ако земеме само лист и го поставиме во земјата, тоа ќе пушти корен и ќе порасте. Апсолутно е невозможно слично растение да престане да постои; така е и со Божјата вистина- таа е жива и вечна и нема ништо, што може да ја разруши. Се додека во светот постои и една Библија, верата во безусловната благодат ќе живее; дури, ако изгорат сите печатени Библии, се додека некое Божјо дете помни само еден стих од Словото, вистината ќе продолжи да живее. Дури и во пепелта на вистината огнот продолжува да тлее и кога Господовиот Дух дувне врз неа, пламенот ќе се разгори со славна сила.

   Во Стариот Завет ни се вели, дека „Авраам Му поверува на Господа и тоа му се засмета за праведност”(Бит.15:6). Тоа е сеопштиот пат на оправданието. Верата се темели на Божјата праведност, така што го прифаќа Божјиот пат на оправдание преку жртвата на Исус Христос, која го претвара грешникот во праведен човек. Верата го открива патот и ни ја подарува целата полнота на Божјата праведност, откриена во личноста и делото на Господ Исус. Верата се радува да види како Тој доаѓа во светот, примајќи човечка природа, и како во таа природа Тој се потчинува на Законот до најмалата ситница, покрај тоа што Тој Самиот не беше под Законот, додека не прифати да биде под Законот заради нас; Верата со задоволство гледа на Господа, дојден под Закон, како се принесува Себе како совршена искупителна жртва и така, преку Своите страдања и смрт, да ја задоволи целосно Божјата правда.

   Верата ја прима личноста, животот и смртта на Господ Исус за единствена надеж и се сообразува со Христовата праведност. Таа вика: „Казната за мојот мир падна врз Него, преку Неговите рани јас се исцелив.” И така, праведен е тој кој верува во Божјиот пат на оправдание преку Христовата праведност, го прима Исус и Му се доверува. Тој, чие единствена надеж и увереност е животот и смртта на големата Божја милост, е оправдан во Божјите очи и запишан помеѓу праведните од Самиот Господ. Верата му се засметува за правда, зашто преку неа, тој ја прима Божјата праведност во Христос. „И од сè од што не можевте да се оправдате преку мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој, кој верува”(Дел.13:39). Тоа е сведоштвото на боговдахновеното Слово и кој ќе го оспори?

   Верникот е праведен и во друга смисла, која светот повеќе ја цени, макар што ништо не е поценето од тоа, за што зборувавме. Тој кој верува во Бога, е привлечен од сè, што е правилно, добро и вистинито. Верата во Бога го очистува неговиот ум и го прави побожен. Тој станува праведен во мислите, желбите, страстите и во своето срце. неговите гревови биле простени дарум, и сега во часот на искушението, тој вика: „како после сè, што е направено за мене, да го извршам тоа огромно беззаконие и да згрешам против Бога?” Тој верува во пролеаната крв, која Бог ја даде, за да бидат очистени неговите гревови, и откако веќе е измиен во таа крв, тој не може да избере да се онечисти поново.

   Христовата љубов го тера да го бара тоа, што е вистинско, праведно, побожно, сакано и чесно во Божјите очи. Откако еднаш преку верата ја добил привилегијата на посинувањето, тој се стреми да живее како Божјо дете. Добил преку верата нов живот, тој започнува да оди во него. „Вечните принципи му забрануваат на Божјото дете да греши.” Ако некој човек живее во грев и тоа му се допаѓа, тогаш тој ја нема верата на Божјите избраници, зашто вистинската вера ја очистува душата. Верата која Светиот Дух ја создава во нас, е најголемиот непријател на гревот. Преку Божјата благодат таа допира до највнатрешните делови на срцето, ги променува желбите и чувствата и го прави човекот, ново создание во Исус Христос. Ако на земјата има некои, кои со право се нарекуваат праведни, тоа се луѓето, кои станале такви преку верата во Бога преку Исус Христос, нашиот Господ. И навистина, никој не може да биде наречен „праведен”, освен оној, кого светиот Бог го нарекува така; и тој живее преку вера. Верата се доверува на Бога и затоа таа Го љуби, Му се потчинува и расте во Неговиот лик. Верата е коренот на светоста, изворот на праведноста, животот на праведните.

   Бог е толку верен, што сомневањето во Него е неправда; и тој, кој врши таква неправда спрема Бога, е неправеден. Праведниот на прво место треба да биде праведен кон Највеликиот од сите. Би било бессмислено тој човек да биде праведен кон своите ближни, ако бил злонамерно неправеден кон Бога. Тогаш тој не би заслужувал да се нарекува праведен. Верата е тоа, што Господ праведно го заслужува да го добие од Своите созданија-должни сме да веруваме во кажаното од Него и најмногу во Евангелието. Кога големата Божја љубов, изразена во Исус Христос, е јасно изјавена, тогаш таа Ќе биде поверувана од чистите по срце. Ако големата љубов на Христос, Кој умре за нас, биде целосно разбрана, тогаш таа би требало да биде прифатена од секој чесен разум. Сомневањето во сведоштвото на Бога за Неговиот Син е најужасната неправда кон Неговата бескрајна љубов. Тој, кој не верува, го отфрлил Божјото сведоштво за драгоцениот дар, го отфрлил тоа, што заслужува длабока благодарност, зашто само верата може да ја задоволи Божјата правда и да донесе мир во совеста на човекот. Вистинскиот праведник треба да верува во Бога и во сè, што Бог открил, за да биде целосно праведен.

   Некои си вообразуват, дека прашањето за правдата се однесува само за општествениот живот на човекот и не е поврзано со тоа, во што верува. Јас меѓутоа велам, дека тоа не е така. Праведноста е поврзана со највнатрешните делови на човекот, со суштината на неговата личност; вистинскиот праведник копнее да биде очистен и од најтајните гревови, и да ја познае мудроста во длабочина. Не ли е така? Непрекинато сме уверувани, дека мислите и верувањето се област, кои не подлежат на Божјиот суд. Дали навистина можам да верувам што и да посакам, без да давам сметка пред Бога за тоа? Нема дел од нашата личност, кој е надвор од дофатот на Божјиот закон. Целото наше битие е под суверената власт на Тој, Кој нè создал, и ние сме должни точно толку да веруваме во правилните работи, колку и да ги правиме. Всушност делата и мислите, ни се така зависни и заемно поврзани, што е невозможно да бидат разделени. Да кажеме дека нашите правилни дела, кои го одразуваат нашиот живот, се доволни, означува да се спротивставуваме на основната тема во Божјото Слово. Јас сум должен да служам на Бога како со својот ум, така и со своето срце. Должен сум да го верувам тоа, што Бог ми го открива, точно толку, колку да го правам тоа, што Тој го бара.

   „Праведникот ќе живее преку вера.” Таа изјава ни напомнува за тесната врата, која стои во почетокот на патот-тесниот пат, кој води кон вечниот живот. Со еден удар таа дава крај на сите претензии за праведност надвор од единствено можниот начин на живот. Добрите луѓе во светот можат да живеат преку вера, зашто нема друг начин, преку кој човек може да бииде праведен во Божјите очи. Не можеме да живееме праведно од самите себе. Ако се довериме на самите себе или на што и да било друго, кое произлегува од нас, означува, дека не сме го познале Божјиот живот според учењето на Светото Писмо. Треба да ја оставете секоја надеж во тоа, што сте или што се надевате да бидете. Треба да ја раздерете заразената облека на праведноста по Закон и да се збогувате со своето его независно од тоа каква форма зазело тоа. Во духовните работи надежта во себе води до самоуништување. Треба да се надевате на Бога таков, каков се открива преку Својот Син Исус Христос, и само на Него.

   Праведните ќе живеат преку вера; но луѓето, кои сметаат на делата по Законот, се под проклетство и не можат да стојат пред Бога. Истото важи и за тие, кои се подготвуваат да живеат според своите чувства или расположение. Тие судат за Бога по тоа, што гледаат-ако им даде богатство, тогаш Тој е добар Бог; но ако се бедни, тие немат ништо добро да кажат за Него, зашто мислењето им зависи од тоа, што чувствуваат, вкусуваат и гледат. Ако Бог работи неодложно, за да постигне некаква цел, и тие разберат каква е таа, тие Го фалата за Неговата мудрост; кога ниту сознават каква е Неговата цел, ниту го разбират патот, по кој Господ ја постига, тие веднаш одлучуваат, дека Бог не е мудар. Животот, раководен од чувствата, станува безсмислен и ја убива секоја утеха и надеж.

   Мнозина велат: „Јас сум си водач, самиот ќе си создадам учење, кое ќе го применувам и развивам во согласност со сопствените идеи.” Тоа го убива духот. Да одиш со тек на времето означува да станеш непријател на Бога. Патот кон животот е да поверуваш во Божјата наука и најмногу во Тој, кого Бог Го испрати да стане жртва за нашите гревови; затоа што тоа означува да Го направиме Бога сè во животот, а ние да станеме ништо. Кога се изградуваме на беспогрешното откровение и се доверуваме на Семоќниот Искупител, ние наоѓаме мир и покој. Ако се надеваме на други, променливи принципи, тогаш се претвараме во ѕвезди скитници, за кои се чува мрачна темнина до века. Нашата душа може да живее само преку вера, што и да правиме друго, ќе мислиме, дека живееме, а всушност ќе сме мртви.

   Сето тоа важи со истата сила и за фантазиите. Често се среќаваме со измислени религии, во кои луѓето се доверуваат на своите импулси, соништа, гласови и разни мистични работи, кои си ги вообразуваат, дека виделе. Сето тоа се глупости, но тие луѓе се целосно проголтани од нив. Се молам да ја отфрлете таа плева, зашто во неа нема храна за духот. Животот на мојата душа се темели не на тоа, што мислам, што фантазирам или што претставувам, ниту на пријатните чувства, туку само на тоа, што верата осознава дека е Божјо Слово. Ние живееме пред Бога, така што се доверуваме на даденото од Него ветување, така што зависиме од Неговата личност, ја примаме Неговата жртва, ја облекуваме Неговата праведност и се предаваме на Него-Бог Татко, Бог Син и Бог Свети Дух. Апсолутна доверба во Исус, нашиот Господ, е патот на животот, а секој друг пат води кон смрт. Тие, кои ја сметаат таа изјава за ограничена или фанатизам, нека велат што и да сакаат; таа е вистинска, и покрај нивниот презир.

   „Праведникот ќе живее преку вера” е изјава со богата содржина. Не се кажува кој дел од животот на праведникот е основан на неговата вера или кој дел од неговиот живот ја покажува најмногу неговата вера-таа го вклучува почетокот, растот, развитокот и усовршувањето на духовниот живот, така што целиот се состои од вера. Во моментот во кој поверува, човекот започнува да живее пред Божјите очи: се доверува на Бога, го прифаќа Божјото откровение за Себе, се потпира и надева на Својот Спасител и од тој миг станува духовно жив, соживен со духовнииот живот, благодарение на Бог Светиот Дух. Целото Негово постоење пред да поверува било само некаква форма на смрт; кога се довери на Бога, тој влегува во вечниот живот и е роден одозгора.

   Да, но тоа не е сè, не е дури ни половината, зашто ако тој човек продолжи да живее пред Бога, ако сака да оди по патот на светоста, неговата постојаност е резултат од продолженото дејство на верата во него. Верата, која спасува, не е едноставно дело, што може да биде започнато и завршено во еден ден, таа е дејство, што треба да биде практикувано постојано преку целиот живот на човекот. Праведникот не само што започнува да живее преку вера, но и продолжува да живее преку неа. Тој не започнува во Духот, за да заврши во телото, ниту оди донекаде во благодатта, за да го изоди останатиот дел од патот, потпирајќи се на делата од Законот. „А Мојот праведник ќе живее од верата-се вели во посланието до Евреите,- ако ли се повлече, Мојата душа нема да благоволи во него. А ние не сме од оние кои се повлекуваат за погибел, туку од оние кои веруваат за спасение на душата.”(Евр.10:38;39). Верата има првостепено значење; секој ден, преку целиот ден и во сите работи. Нашиот природен живот започнува со вдишувањето на воздухот и треба да продолжиме да дишеме. Верата за душата е како дишењето за телото.

„Совети за оние што трагаат по Вистината" - Глава 12
-Содржина-
Крај