БАРАЊЕ НА СПАСЕНИЕТО
ГЛАВА 10
Основната цел кон која се стреми мојата душа, е да помогнам на ожалостените, кои Го бараат Христос, но досега не Го пронашле. Изобличени за својот грев, пробудени и растревожени, тие кутри луѓе чекат долго пред вратата на милостта, така што смрзнуваат од студ и копнеат да влезат и учествуваат во празнувањето, на кое се поканети, но се уште се вртат околу, за нив широко отворената врата. Треперејќи, тие откажуваат да влезат низ неа, и покрај тоа што бескрајната љубов ги вика:”Дојдете и бидете добродојдени; влезете и ќе бидете блегословени.” Многу е зачудувачки, што во светот има луѓе, кои се толку близу до најдобрата утеха, но упорно откажуваат да ја примат. Тоа се чини толку неприродно, што ако не бевме го виделе многукратно, не би поверувале, би мислеле, дека е невозможно некоја несреќна душа да откаже да биде утешена. Дали говедото ја одвраќа главата од сеното? Го остава ли лавот својот плен или го намразува ли орелот своето гнездо? Откажувањето на човекот да биде утешен е уште понеобично, бидејќи му се нуди најпотребната утеха. Гревот може да биде простен; гревот веќе е опростен, Христос е искупувањето за нас. Бог е спремен со милост да го прими секој грешник, кој доаѓа при Него, ако тој ги исповеда своите гревови и поверува во крвта на Господ Исус. Бог чека, за да покаже добрина. Тој не е ниту жесток, ниту груб, туку исполнет со милост. Тој се радува да прости на тој што се кае. Никогаш не се открива така целосно славата на Бог Таткото, како кога го прима недостојниот грешник заради праведноста на Исус Христос. Има толку многу утеха во Божјото слово, што е полесно да се измерат границите на вселената, отколку благодатта, откриена таму. Може да се стремете да ја разберете целата полнота на Божествената љубов, но нема да успеете, затоа што таа го надминува секое човечко знаење. Изобилната Божја добрина, изјавена во Исус Христос, прилега на широкиот простор на океанот. Еве зошто е необично, што луѓето откажуваат да го примат тоа, што им се нуди така изобилно.
Раскажуваат како пред неколку години еден брод на пат за северниот брег на Јужна Америка, започнал да дава сигнали за опасност. Кога бил престигнат од друг брод, тие соопштиле дека „умираат од жед.” „Нацрпете вода”-бил одговорот.-”Се наоѓате во устието на реката Амазон.” Тие пловеле во слатка вода и единственото што требало да го направат, било да се наведнат и да нацрпат вода, но и покрај тоа, тие умирале од жед, затоа што мислеле, дека се заобиколени од соленото море. Колку често луѓето не ја забележуват милостта околу себе! И колку е тажно, што загинуваат поради недостаток на знаење!
Претставете си дека, откако ја дознале радосната вест, морнарите да одбијат да нацрпат вода, која била во изобилие околу нив-немаше ли тоа да биде целосен апсурд? Немаше ли веднаш да помислиме, дека капетанот и екипажот полуделе? Точно таква лудост ги опфаќа мнозина, кои ја слушаат добрата вест. Тие знаат, дека има милост за грешниците; знаат, дека ако не се замеша Светиот Дух, тие ќе загинат, не заради незнаење, туку поради едната или друга причина, слично на древните Евреи, се сметаат себе за „недостојни за вечен живот” и покрај тоа продолжуват да ја отфрлат Евангелската порака, така што откажуват да бидат утешени. Тоа е уште понеобично, затоа што понудената утеха е совршена. Ако имаше некакви сомневања, дека мирот на Евангелието се покаже измамлив, дека само ќе ги потхрани човечката самонадежност и ќе ја доведе душата до самоуништување, тогаш луѓето мудро би се отстраниле од него како од чаша со отров. Меѓутоа, има многумина кои пронашле задоволство во тој живототворен извор. Ниту еден не бил ранет, туку сите кои пиеле, биле благословени засекогаш.
Дали ќе се двоуми жедната душа кога реката, чиста како кристал, тече покрај нејзините нозе? Колку повеќе утехата на Евангелието може да целосно да ги насити грешните, слабите, луѓето со скршени срца, скрушените кои имаат потреба од милост, како и тие, кои најмалку осознаваат, дека таа утеха им е неопходна. Евангелието има во раката балсам, кој е потребен и за најголемиот грешник, за кого не може да се каже ништо добро и во кого не останало ништо, што може да му даде надеж. Не изјавува ли Евангелието, дека Христос умре за безбожниците? Не ли е вистина и не заслужува ли целосно примање, тврдењето, дека Христос Исус дојде на земјата, за да ги спаси грешниците, од кои вели апостолот, „главниот сум јас”? Не ли е наменето Евангелието за оние, кои се мртви во своите гревови? Не читаме ли во Библијата изјави како:”Но Бог, Кој е богат во милост-поради Својата голема љубов со која нè возљуби нас,нè оживе заедно со Христа и нас, кои бевме мртви поради нашите гревови, -по благодат сте спасени.” Не ли е веста на Евангелието, доколку можеме да проценеме, најљубезната и најпривлечната покана, која може да биде напишана и упатена кон грешникот, кој западнал и во најлошата и ужасна состојба? „О сите вие, кои сте жедни, дојдете при водите; ако и немате сребреници, дојдете, купете и јадете. Да, дојдете, купете вино и млеко, без сребреници и без плаќање!” (Ис.55:1). „Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто тој ќе го умножи опростувањето.” (Ис.55:7). Не се користени никакви квалитети, за да се определи добрината, која поканетите треба да ја поседуваат, но наместо тоа на безбожните се вели да дојдат и на неправедните се заповеда да се обратат кон Бога. Покана за грешникот, покрај неговата грешност, која е јавна и видлива. Благодатта не бара никој друг освен страдалниците, недостојните, виновните и беспомошните. Заповедано ни е да поверуваме во бескрајната Божја милост, искажана од Исус Христос, и така да добиеме утеха, не затоа што сме добри, туку затоа што Господ е милостив. Необично е, дека таму, каде утехата е изобилна, каде мирот е толку сигурен и освежувањето на душата е совршено, можат да се откријат илјадници луѓе, кои одбиваат да бидат благословени.
Тој факт е уште позачудувачки, затоа што тие луѓе имат огромна потреба од утеха, и од тоа, што велат и што верувам чувствуваат во себе, може да се заклучи, дека точно во утехата би се зграпчиле така, како што давеникот се фаќа за спасителното јаже. па нели тие тешко заспиваат ноќе имено заради своите стравови? Преку денот, нивните лица ја изразуваат маката, која како бурно море се бранува во нив. Едвај некогаш би рекле нешто охрабрувачки. Нивното семејство страда поради нив; нивната мака ги опфаќа и другите. Човек би помислил, дека во моментот, во кој би им се шепнал зборот „надеж”, тие веднаш ќе отрчат кон неа; но тоа не се случува. Можете да им го претставите Евангелието на каков ли не начин, но тие несреќни души, кои имаат потреба од сочувство, за жал, независно од сè, одбиваат да бидат утешени. Независно од поставената храна пред нив, нивната душа одбива секакво јадење, и тие се приближуваат кон вратите на смртта. Дури и да им ја понудите небесната манна, тие повторно нема да протегнат рака кон таа духовна храна; ќе умираат од глад наместо да го примат тоа, што им нуди божествената љубов.
Кога се измори од летањето, гулабот се сети на ковчегот и веднаш полета кон Ноевите раце; тие луѓе се уморени и знаат каде е ковчегот, но не се упатуваат кон него. Кога некој Израелец од невнимание би го убил својот другар, стравувајќи од одмазда, тој бегал кон градот прибежиште, затоа што таму бил во безопасност. Тие грешници знаат каде е засолништето и секоја недела и ние подигаме знаци , кои покажуваат на Патот, но покрај тоа, тие не доаѓаат, за да бидат спасени. Бездомниците што живеат во мизерија и бездомните деца по улиците на Лондон одат во ноќните домови за бедни и молат засолниште; се редат околу нив као врапците под стреите на куќите во дождлив ден; се молат за место за спиење и корка леб. Денес домот на милоста е осветен и поканата е напишана со големи и јасни букви: „Кој сака, нека сврати овде”, но мнозинството од бедни и несреќни души не сакаат да влезат.
Многу од грешниците одбиваат да бидат утешени поради физичка и душевна болест. Попусто е да се користат Библиски аргументи кон оние, кои имаат потреба од итно лечење или изобилна храна. Врската меѓу службата на лекарот и онаа, на Божјиот служител, е толку тесна, што тие се справуваат посебно добро, кога заеднички ги отстрануваат заблудите од болното човештво. Убеден сум, дека има многу случаи, во кои присуството на пастор, е бесполезно, ако прво лекарот не ја завршил својата работа.
Кај некои луѓе ужасното одбивање е израз од горда антипатија кон планот за спасение. Тие би се утешиле,но дали навистина не би можеле да сторат нешто, за да имат вечен живот? Не може ли да допринесат за своето спасение со чувствата или емоциите? Не можат ли да се подготват за да Го сретнат Христос? Треба ли спасението да е бесплатно? Потребно ли е да бидат прифатени во домот на милоста како просјаци? Дали „Боже биди милостив кон мене грешникот” се единствените зборови, со кои можат да дојдат? Треба ли да се дојде до таму, што човекот мора да го презре секое свое достоинство, сè, дури и да ги отфрли парталите на себеправедноста, убавите чувства и добрите дела? Неопходно ли е болеста да биде неизлечива, срцето целосно скршено, и човек да падне целосно скршен и немоќен пред Исус, за да прими сè, што раката на распнатиот на крстот Спасител, му нуди? „Е, тогаш нема да прифатам”-одговара пленетето тело. Еден огромен знаменосец го држи високо знамето на „егото” и тоа продолжува да се вее долго после битката, која веќе е загубена. Каква безумност! За да угодиме на своето глупаво достоинство, не ја примаме утехата. Долу „егото” и вашето достоинство! Ве молам, поклонете се сега пред Исус и бакнете ги Неговите нозе, кои беа приковани поради вашите гревови.
За други, причина не е гордоста, туку е несвето решение да си зачуваат некој мил грев. Во повеќето случаи, кога пастирот се обидува да исцели некоја рана, која крвари долго време, тој ја прочистува и преврзува многупати, така што се чуди зошто не заздравува. Му се чини, дека сè е преземено за негово успешно оздравување. Не може да разбере зошто таа продолжува да крвари, се до моментот кога ја открива тајната: „А” еве го; туѓо тело, кое непрестано ја дразни и раната загнојува. Та не може да биде исцелена, се додека зрното на гревот е внатре во неа.” во некои случаи откриваме, дека огорчениот, со духот се оддал на некој таен порок, или се дружи со безбожни пријатели, или не се грижи за своите родители, или не простува, или е мрзлив, или живее во ужасниот грев на пијанството. Во таков случај, ако човекот реши: „Нема да се откажам од тој грев”, чудно ли е што човекот не може да биде утешен? Кога човекот е инфициран, ако раната му е покриена со тенка кожа, понатаму гнојта ја затровува крвта и го одзема животот. Исповедајте го гревот пред Исус, Кој ќе ја прости вашата глупост и ќе ве прими, не ја отфрлајте повеќе утехата.
Некои одбиваат да го примат мирот поради својот инает да бидат утешени единствено на начин, кој самите го избрале. Прочитале книга за животот на некој добар човек, кој бил спасен на посебен начин.” сега, велат тие, ако го почувствувам тоа, што тој го почувствувал, сигурен ќе сум дека сум спасен.” Мнозина се фаќаат за доживувањата, опишани во книгата Целата Благодат . Тие велат: „Треба да бидам доведен до спасението како Џон Банјан или во спротивн случај, нема да поверувам.” Други велат: „Јас треба да поминам по истата патека, по која поминал и Џон Њутн- моите стапки треба да ги следат неговите, или никогаш нема да поверувам.” Зошто мислите дека Бог ќе се сообрази со вашата волја, и какво право имате на Великиот лекар да му кажувате на кој начин ќе исцелува? О, ако Тој ме доведе до Небото, јас ќе Го благословувам, дури и ако ме преведе покрај портите на пеколот. Ако бидам поведен да Го видам царот во Неговата убавина, во свет, многу далечен од овој, моето срце нема да се вознемирува низ какви доживувања сум стигнал до таму. Дојдете, оставети ги настрана глупавите посакувања, и кажете: „Господи, имај милост кон мене, дај ми сила да поверувам во Твојот мил Син и јас ќе се откажам од своите посакувања и себичност.”
Се плашам, дека во многу луѓе постои и друга причина, поради која одбиваат да бидат утешени, имено-непоштеното неверување во Божјата љубов, добрина и верност. Тие не веруваат, дека Бог е милостив; сметаат, дека Тој е тиран, или ако не е точно таков, тогаш е толку суров, што грешникот треба долго да Го моли пред Неговото срце да се смилува. О, вие не Го познавате мојот Бог! Каков е Тој? Тој е љубов. Ви велам, не е потребно Тој да се убедува, за да покаже милост, така како што сонцето нема потреба да биде убедувано да свети или изворот-да ја излева својата вода. Во карактерот на Бога е да биде милостив. Имено, Тој ја покажува најсилно Својата Божественост, кога покажува милост. „Осудата е несвојствена за Него”, тоа е работата која ја врши со Својата лева рака; но милоста е Неговата препознатлива карактеристика, Неговиот Венјамин, синот на Неговата десница, која со радост дарува милост. Нели е пишано, дека „Угодно Му е да покажува милост?” Жално, жално, што Бог е ожалостуван од оние, кон кои се обраќа со таква љубов! „Се заколнувам во Својот живот”, вели Господ. Тука Тој се заколнува, нема ли да Му поверувате? „Животот ми Мој-говори Господ Бог-Мене не Ми е до смртта на безбожникот, туку да се одврати од својот лош пат и да живее! И така,обратете се од својот лош пат! Зошто да умрете, Израелов дому!” (Ез.33:11). Тој дури постанува молител пред сопствените созданија, кога ги убедува да дојдат при Него. Тој копнее за нивното спасение, викајќи:”како да постапам со тебе Ефреме, како да те предадам Израелу! Дали да постапам со тебе како со Адма? Дали да постапам со тебе како со Севоим? Моето срце Ми се врати во Мене, милосрдието Ми пламна: не ќе му дадам веќе замав на гневот, не ќе го сотрувам пак Ефрема, зашто Јас Сум Бог,а не човек; Светец сред тебе-не ќе доаѓам веќе гневен!”(Ос. 11:8-9). О, ве молам, не бидете веќе неверни, но поверувајте во Божјето Слово и заклетва, и примете ја утехата, која Тој изобилно ви ја нуди преку зборовите на Евангелието!
Инаку, некои толку долго одбивале да бидат утешени, што во нив се развила навиката да очајуват. О, тоа е опасна навика, која многу нè приближува до пеколот. Колку повеќе човекот и се оддава, толку повеќе таа го завладува. Таа навика е слична на студот во поларните области, кој по извесно време започнува да го грчи патникот, додека не стане бесчувствителен и се оддаде на сонот и белата смрт. Некои се очајувале толку многу пати, што накрај паѓаат во состојба на идно очајание, кое неминовно ги води во пеколот. Чувството на безизлез го закоравува срцето на некои луѓе и тие веќе се подготвени да прават гревови, кои не би ги направиле, ако имаа надеж во себе. Внимавајте да не ја негувате депресијата. Се вметнува ли таа во вас преку неверието? О, ослободете се од неа, ако тоа е можно! Извикајте кон Светиот Дух, Утешителот, за да ве ослободи од примката на ловецот. Сметајте на Него, зашто сомневањето во Бога е една од клопките на Сатаната и блажен е тој, кој нема да падне во неа. Верата во Бога дава сила на душата и нè исполнува со светост и среќа, додека неверието, сомневањето, и стравот го закоравуват срцето и нè тера да мислиме, дека е сè поневеројатно да дојдеме при Бога. Пазете се од очајанието; и нека, ако сте се оддале на таа ужасна навика, бидете истргнати како гламна од огинот кој гори и нека Господ ве ослободи од затворот на очанието.
-Содржина-

