ОХРАБРУВАЊЕ ЗА ОНИЕ ШТО БАРААТ-ЗАМЕНИКОТ
ГЛАВА 9
Целата суштина на христијанската религија се состои во доктрината за „замена” и јас не се двоумам да потврдам, дека голем дел од „христијаните” воопшто не се христијани, бидејќи не го разбираат фундаменталното учење на христијанското верују. За жал, има проповедници, кои не само што не проповедаат, но дури и не веруваат во таа основна вистина. Тие зборуваат за крвта на Исус по заобиколен начин, а за Неговата смрт-користат некаков магловит поетски стил, наместо да кажат јасно, дека патот на спасението е преку Христос, Кој стана Заменик на грешното човештво. Да го објаснам тоа уште поточно и поедноставно. Гревот е одвратен. Бог поради својата светост, треба да го проколне; треба да ги казни луѓето, кои вршат грев. Господовиот Христос, Славниот Син на вечно живиот Татко, стана човек и го понесе врз Себе проклетството, кое човечките синови го заслужуваа, така што преку таа застапничка жртва Бог, Кој праведно го казнува гревот, може да ја распростре Својата голема милост врз, оние, кои веруваат во Заменикот.
Но, прашувате, како стана проклет Исус Христос? Одговорот е: „Тој беше направен, проклет.” Сам по Себе, Христос не беше проклет. По Својата суштина Тој беше беспрекорно чист и невин. Лично немаше никаква вина. Во Него немаше никаков грев. „Оној, Кој не знаеше за грев, Бог Го направи грев за нас”(2Кор.5:21). Не треба дури ни да помислуваме, дека во личноста или карактерот на Христос постои нешто, што заслужува прекор или поправање. Во тој однос, Тој е без флека или брчка, Тој е Безгрешното Јагне на Божјата Пасха. Ниту пак Христос беше направен проклет, зашто тоа беше неопходно. Тој не беше нималку должен да страда заради проклетството, единственото нешто што Го принуди, беше Неговото полно со љубов ветување. Христовата светост, Го чуваше од гревот и од проклетството. Тој беше направен грев за нас, не заради Самиот Себе, не заради нешто, сврзано со Него Самиот, но целосно заради тоа, што нè сакаше и избра да застане на местото, што требаше да го заземеме ние. Христос беше направен проклет за нас не зашто заслужуваше или зашто имаше лична потреба од тоа, туку зашто доброволно прифати да стане водач на луѓето, со кои беше склучил завет, да биде нивни претставник и како таков да го понесе проклетството, кое тие го заслужуваа.
Сакам да бидам целосно јасен по тоа прашање, зашто луѓето кои, ја застапувале големата вистина, која се стремам да ја проповедам, користеле многу силни зборови. Тие ја изразуваат вистината, која ја носат, и уште повеќе. Мартин Лутер го ценел толку многу Посланието до Галатјаните, што го нарекувал својата Катрин фон Бора (тоа е името на неговата сакана жена, за него најценетото суштество). Во својата книга за Посланието до Галатјаните тој објаснува со едноставни зборови, но имајте го во предвид тоа, што сигурно не сакал да биде разбран буквално: „Исус Христос беше најголем грешник, кој некогаш живеел на земјата. Сите гревови на луѓето беа така ставени врз Него, што Тој стана секој крадец, убиец и прељубник, кој некогаш живеел на земјата.” Лутер го има во предвид тоа, што Бог се однесе кон Христос така, како да Тој Самиот беше голем грешник, така, како да ги претставува сите грешници во светот, собрани во еден. Зборовите на Лутер на многу едноставен начин ја учат таа вистина. Но типично за својот бурен карактер, Лутер оди многу далеку во таа забелешка и дава повод критичарите да му кажат, дека , кажувајки го тоа, тој богохулствува против благословената личност на нашиот Господ. Христос никогаш не бил и не може да биде грешник; и како личност и како карактер Тој никогаш не би можел да биде нешто друго освен Божјиот возљубен Син, Кој е благословен во сите векови, угоден во очите на Јахве. Така што денес, кога велиме, дека Тој беше проклет, треба да ставиме акцент на тоа:”Тој беше направен проклет”-Исус го понесе проклетството, беше објавен за проклет; и потоа треба да размислиме за зборот:”за нас”- во никој случај не заради Самиот Себе, зашто целосно беше раководен од Својата љубов кон нас, за да бидеме ние откупени. Тој застана на местото на грешникот и беше сметан за таков, се однесоа кон Него како кон грешник и беше направен проклет заради нас.
Како беше Христос направен проклет? На прво место, Тој стана проклет, зашто сите гревови на Неговите луѓе во суштина беа положени врз Него. „. . .Го направи грев за нас. . .” Да го цитирам и пророк Исаија: „А Господ ги возложи на Него беззаконијата на сите нас” и од истата книга : „И Тој ќе се натовари со нивните беззаконија.” Гревовите на Божјите луѓе беа однесени и наметнати на Христос, и на нив се гледаше така, како да ги извршил Самиот Тој. Христос навистина беше сметан за грешник, во суштина Тој го зазеде местото на грешникот. Веднаш откако се натовари со вината, дојде проклетството на гревот. Законот, кој го казнуваше злото, за да го казни, во истиот миг го забележа гревот кој беше положен врз Христос бидејќи требаше да го осуди гревот, каде и да го открие, тој Го осуди Христос, Кој беше натоварен со човечкиот грев. Еве како Христос стана проклет.
Прекрасни и страшни зборови, но бидејќи се од Библијата, ние треба да ги прифатиме. Откако гревот беше положен врз Христос, проклетството исто дојде врз Него, и како последица на тоа нашиот Господ почувствува неопишлив ужас во Својата душа. Сигурно и поради тоа на Неговото чело избија големи капки крв. Светата душа на Христос паѓаше во длабока агонија од најлесниот допир со гревот. Толку чист и совршен беше нашиот Господ, што никаква зла мисла не му помина низ Неговиот ум, ниту Неговата душа беше извалкана од ударите на злото, и покрај тоа, во Божјите очи, Тој беше грешник, заради што Неговата душа се исполни со голем ужас. Тогаш Христос стана проклет за нас, и тоа страдање не помина , се додека не ја понесе сета казна, која беше надвисната над нас.
Ние сме свикнати да ја делиме казната на два дела: одделување и страдање. Христос ги понесе и двете. Грешниците заслужуваа да го загубат Божјото благоволение и присуство и еве зошто Исус извика : „Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?” Грешниците заслужуваа да ја загубат секоја утеха; затоа и Христос беше лишен од каква и да било утеха; дури и последната Негова облека беше раздрана и тој беше оставен како Адам-гол и беден. Потребно беше и душата да загуби сè, што би ја поткрепило, и еве зошто Христос загуби сè, што можеше да го утеши. Тој се загледа и немаше ни еден човек, кој би сочувствувал со Него или да Му помогне. Тоа Го натера да извикне: „А јас сум црв, а не човек, срам за луѓето и презрен од народот”(Пс.22:6). А што се однесува за вториот дел на казната, имено самото страдање, нашиот Господ го понесе целосно. Како што евангелистите јасно укажуваат. Често сте читале за физичките страдања на Исус, внимавајте никогаш да не ги омаловажите. Физичката болка, која нашиот Спасител јас понесе во телото, беше толку голема, што Тој никогаш немаше да успее да ја издржи, ако не беше поткрепуван од Своето единство со Бога; но всушност тоа, што најмногу Го измачуваше, беше страдањето на душата. Страдањето кое Неговата душа го претрпе, беше еднакво на самиот пекол. Казната , која следуваше на безбожниците, беше да бидат фрлени во пеколот, и макар што Христос не беше испратен таму, Тој Го претрпе мачењето, кое го заслужуваа безбожниците. Можете ли сега, да кажете дека разбирате за што станува збор? Тоа беше страдање, кое никогаш нема да биде измерено, агонија, која никогаш нема да биде целосно сознаена. Бог и само Бог може да ги разбере Неговите страдања. Во една Грчка литургија тоа е изразено многу добро : „Твоите незнајни страдања” затоа што тие ќе останат засекогаш надвор од човечкото сфаќање.
Така Христос нè искупи од проклетството на Законот. Тие, за кои Тој умре, се засекогаш слободни од него. Кога Законот дојде, за да осуди некој верен во Христос, тој одговара: „Што имам заедничко со тебе, Законе? Ти велиш: „Јас ќе те проколнам”, но јас ти одговарам: „Ти веќе Го проколна Христос заради мене. Зарем ќе осудиш двапати за еден престап?” И тогаш Законот замолкнува! Добил сè, што барал. Божјиот Закон не е неправеден, за да бара нешто повеќе. Христос веќе плати сè, што Бог може да бара од некој верен грешник, и од сега понатаму нема глас на небото или на земјата, кој ќе ја обвини душата, која верува во Исус. Си имал долг према некој, но твојот пријател го платил наместо тебе; никој не може да те натера и ти да платиш. Нема значење, што ти не си платил, зашто веќе е платено и имаш признаница. Тоа е доволно за секој праведен суд. На истиот начин и Христос ја понесе целата казна, која ние ја заслужувавме. Вистина, јас не ја понесов; не сум бил во пеколот и не сум го испитал врз себе Божјиот гнев во неговата полнота, но Христос го понесе тој гнев наместо мене и јас сум толку чист, колку и сам да сум платил за долгот кон Бога и да сум го почувствувал Неговиот гнев. Тоа е славната потпора на која можеме да се потпреме! Тоа е карпата, врз која можеме да ја положиме основата за вечната утеха! Нека човекот ја разбере таа вистина: мојот Господ ја пролеа Својата крв заради мене надвор од градските врати како мој заменик и преку крстот ме ослободи од мојот долг. Зошто тогаш, Боже, да продолжам да се плашам од Твоето негодување? Како можеш да ме осудиш сега? Ти веќе ги излеа сите стрели на Својот гнев; секоја од нив беше упатена против мојот Господ, и сега сум така чист и неизвалкан во Него, оправдан и ослободен, како никогаш да не сум грешел.
„Тој нè искупи”-се вели во Библијата. Колку често сум слушал една определена група луѓе, претставници на современо „богословско” учење, како се потсмеваат над искупувањето, со тоа што нè обвинуваат, дека тоа претставува нешто како бизнис зделка, или како што ја нарекуваваат тие „трговското гледиште за искупувањето”. Не се двоумам да кажам, дека таа метафора од областа на трговијата многу правилно го одразува Божјото гледиште за искупувањето, го опишува точно така, како што го откриваме во Писмото. Искупувањето е откуп, т. е. платена цена; и во тој случај оригиналното значење на зборот ни вели многу повеќе:”плаќање за; цена, платена наместо некој друг.” Преку Своите страдања Исус стана, како што би можело да се изрази потврдно и точно, откуп, компензација на пресудата за тоа, што ни следуваше нам заради нашите гревови. Христос ја понесе казната, која требаше ние да ја сносиме. Нашите гревови беа направени како да се Негови, Исус беше како грешник во Божјите очи. Покрај тоа што Самиот не беше грешен, Тој беше казнет како беззаконик и умре како беззаконик под проклетство.
Треба само да поверуваш во Христос и ќе живееш. Кој и да си, што и да си, каде и да се наоѓаш, дури и да лежиш до вратата на пеколот од очајание и да си на крајот од смртта, пораката доаѓа при тебе и ти вели:”Бог Го направи Христос жртва за грев. Тој Го направи грешен Оној, Кој не знаел за грев, за да станеме ние преку Него праведни пред Бога.” Христос нè ослободил од проклетсвото на Законот, со тоа што стана проклет за нас. Тој, кој поверува во Него, не е веќе под проклетство. Можеби бил прељубник, богохулник, пијаница, убиец, но од моментот, во кој поверува, Бог нема повеќе да гледа во него ништо од сето тоа. Бог ќе гледа на него како на невин човек и ќе ги смета неговите гревови за положени врз Искупителот и казнети во Исус преку Неговата смрт на крстот. Откако поверуваш во Христос, макар и да си еден од најпеколните поединци кои некогаш газеле по земјата, во тебе нема да остане никаков грев. Бог ќе те гледа чист; дури Сèзнајниот нема да забележи грев во тебе, зашто гревот ќе биде положен врз искупителната жртва, Христос, и ќе биде однесен во заборавот.
Остави ја настрана својата проколната и идолопоклоничка зависност од самиот себе. Христос го заврши делото на спасението, го заврши засекогаш. Не ги споредувај своите партали со Неговиот чист и бел лен. Христос го понесе проклетството; не ги мешај своите бедни самоналожени казни и своите солзи, полни со нечистотија, со Неговата скапоцена пролеана крв. Остави го тоа, што е твое, и дојди и земи го тоа, што е Христово. Остави сега сè, што си мислел, дека си, или што си сакал да направиш, за да те прими Бог; смири се и прифати дека Исус Христос е Алфа и Омега, Првиот и Последниот, почетокот и крајот на твоето спасение. Ако го направиш тоа, не само што ќе бидеш спасен, но ти си веќе спасен. Одмори се, о, изморен пријателе, затоа што твоите гревови се простени. Стани ти, кој си сакат поради недостаток на вера, затоа што престапите ти се покриени; стани од мртвите, ти, кој веќе гниеш, стани слично на Лазар од гробот, затоа што Исус те повикува! Поверувај и живеј!
-Содржина-

