ПРЕЧКИ ПО ПАТОТ КОН СВЕТЛИНАТА
ГЛАВА 8
Возможно е да криете грев во себе и така да ја уништувате својата душа. Кога ногата на некој војник не може да биде излекувана, хирургот ја прегледува многу внимателно и го проучува секој нејзин дел. Секоја коска е на место; нема видлива причина за инфекцијата, но и покрај тоа раната не заздравува. Хирургот бара повторно и повторно, додека скалперот не дојде до некое тврдо и туѓо тело. „Еве го-вели тој,-еден куршум заседнал тука. Треба да го извадиме, зашто во спротивен случај раната никогаш нема да зарасне.” На истиот начин е можно моите зборови да откријат некоја ваша тајна, и ако тоа се случи, таа треба да излезе најаве, во спротивен случај, ќе умрете. Не можете да очекувате да бидете во мир со Бога и да продолжете да се оддавате на вашите пијанства. Можно ли е пијаницата да биде во мир со Бога? Не можете да се надевате дека сте во мир со Бога и покрај тоа да одбивате да зборувате со вашиот роднина, кој ве навредил пред многу години. Како очекувате да ви простат, ако самите не сте простиле? Има некои сомнителни работи, кои ги правите на работа зад штандот: смеете ли да се надевате, дека Бог прима крадци? Всушност, вие сте такви-крадци и лажговци. Ги одредувате цените на стоките на нечесен начин, велите, дека чинат дваесет денари, кога всушност чинат петнаесет денари. Да не очекувате Бог да биде ваш пријател, и покрај тоа што си останувате истите измамници? Сметрате ли, дека Тој ќе се насмее на измамите и ќе продолжи да оди до вас, додека вие ги правите гнасните дела? Возможно е да се оддавате на гордост или да имате склоност кон безделничење: без значење е каков нечист дух има во вас, тој треба да излезе или во спротивен случај Божјиот мир нема да влезе во вас. И така, спремни ли сте да се откажете од гревот? Ако не, тогаш би било губење време да зборувам за Христос, зашто Тој не е спасител на оние, кои остануваат во нивните гревови. Исус дојде да ги спаси луѓето од нивните гревови, а не во нивните гревови, и ако вие се уште се приврзани кон некој ваш сакан грев, не се заблудувајте, дека некогаш ќе влезете низ портите на Небото.
Зошто некои, се уште не ја откриле светлината? Возможно е да сте го барале Бога само од време на време-некоја пламена проповед ве пробудила, но по завршувањето на службата сте се вратиле повторно кон безделничењето, така како мрзливецот, кога се разбудува, се обраќа на другата страна во своето легло. Возможно е после болест или смрт во семејството, да сте се обиделе да вложете извесни усилби, но не после долго време, сте се вратиле во поранешната состојба на безделничење. Запомнете дека, наградата се заработува не од оној, кој одпрвин се втурнува со главата и брзо се откажува, но од оној, кој продолжува да трча до крај. Ако мислете на Него само од време на време, а во меѓувреме ја обожавате суетата и измамата на вашето срце, Христос нема да ви се открие. Тој ќе дојде само во оној, кој жедува за Него, кој копнее да го сретне сега и го дава целото срце на Него, молејќи се:” Ќе Го барам, се додека не Го најдам, и кога Го најдам, никогаш нема да дозволам да си отиде од мене.”
Да ве потсетам, дека основната причина, поради која тие што го бараат Бога, не наоѓаат веднаш покој, е што не се потчинуваат на единствениот едноставен предговор на Евангелието: „Поверувај во Господ Исус Христос и ќе бидеш спасен.” И јас би ставил акцент имено на тоа, кога зборувам со нив. Нема потреба да се бориме со нивните сомневања и стравови. Можеме да го направеме тоа, но не мислам, дека сме повикани да го направиме тоа. Едноставно кажано, работите стојат вака: Бог го изработил патот, по кој би се помириле со Него, но вие не сакате да одете по него. Бог вели, дека ако поверувате во Христос, ќе живеете, но вие не сакате да верувате во Него и покрај тоа се надевате да живеете! Бог Го открива пред вас, Својот Син и ви вели: „Довери Му се!”и уште:”Кој не Му верува на Бога, Го направил лажец” (1Јов.5:10), но покрај тоа вие се осмелувате да го правете Бога лажец! Колку е ужасен тој грев! Колку безумно е грешникот да вели, дека Бог е лажец, и истовремено да претендира, дека бара мир со Него!
Би сакал да можам да ве фатам за рака и да ви погледнам во очите. Се плашам за вас, поради опасноста сосем да се оладите како последица на продолжената мака, и така да дојдете во состојба на смртоносна апатија. Баравте почивка, но безуспешно. Во каква незавидна состојба сте сега! Не сте помирени со Бога, вашиот грев упорно ја бара својата казна. Вие сте од оние врз кои лежи Божјиот гнев. Можете ли да поднесете да бидете во таква состојба? Не ли ве тера нешто да станете и да избегате од овој град на пропаста, за да не би ја нашле пропаста и вие во него? Каква среќа пропуштате со секој изминат ден! Ако се фатете со вера за Христос, ќе имате мир и радост, кој го надминува секој разум. Се измачувате во тој ужасен затвор. Со години на ред стоите во темнината, додека надвор сонцето грее, цвеќата цутаат и сè ве чека, за да ве изведе со радост надвор. О, каква радост пропуштате со вашето неверување! Зошто стоите така долго во таа пропадната состојба? Колку добри нешта можевте да направите досега! О” да бевте погледнале на Исус Христос со месеци пред тоа, наместо да стоите во темнината, сега ќе водевте други при Него и ќе го покажувавте на други, скапоцениот крст кој ви донесе мир во душата.
Каков голем грев правите секојдневно! Не ја давате на Христос задолжителната слава, бидејќи ден со ден вие живеете во неверие и ја одрекувате Неговата сила. Зарем Божјиот Дух во вас, не ве тера да кажете: „Ќе станам и ќе отидам при мојот Татко?” О, ако во вашата душа се поткрадува слична мисла, не ја задушувајте, потчинете и се, станете и отидете. Нека вашиот Татко ве прегрне уште денес, пред сонцето да зајде. Дозволете ми да ви кажам: вашето срце станува сè покораво! Ако не сте подобри, тогаш сигурно вашата состојба е полоша од пред една година. Еве, ветувањата кои некојпат ви даваа надеж, сега не ви носат никаква утеха! Предупредувањата, кои тогаш ве стресуваа, сега не ве плашат! Дали ќе се бавите уште? Очекувавте состојбата да ви се подобри, а сега сè повеќе се влошува. Си велевте самиот на себе: „Ќе чекам да дојде позгодно време,” а секој ден станувал се понепогоден од другиот. Се сомневавте тогаш, а денес станувате жртва на уште подлабоки сомневања. О, да можевте да поверувате во Тој, Кој со сигурност е секогаш верен! О, да можевте да се доверете на Тој, на Кого треба да се довериме, зашто Тој никогаш нема да нè измами! Се молам да дојде денот, се молам дури точно сега да дојде моментот, во кој ќе се истресете од правот, ќе станете и ќе се облечете во прекрасна облека, зашто со секој одминат час, поминат на буништето на сомненијата кои ја рушат вашата душа, вие сте врзани со железни ланци кон столбот на очајанието. Очите стануваат се потемни, рацете се повеќе парализирани, а во вените отровот тече се појаросно. Еве, таму е крстот на Спасителот, Неговата крв е доволна. Доверете се на Исус сега и уште во овој момент ќе добиете мир. Вратата на милоста се отвара припремена за секоја душа, која се фрла на градите на Спасителот. О, зошто чекате? Ќе се уништите така. Сонцето заоѓа. Побрзајте патници, да не ве достигне вечната темнина.
Има многу луѓе околу вас, некои од нив можеби познавате, кои веќе поверувале во Исус и ја пронашле светлината. Некогаш и тие страдале од истите разочарувања, сега меѓутоа нивните души се исполнети со мир. тие дошле при Исус, такви, какви што се, и сега можам да ви кажам, дека Тој ја исполнил секоја празнина. Ако други пронашле мир за својата душа, зошто и со вас да не биде така? Исус е се уште истиот. Христос не сака да ги отфрла грешниците; Бог не се прославува ако ги презре, оние кои Го бараат; уште повеќе-Неговото Име се прославува, кога ги прима оние, кои смирено почиваат во жртвата на Неговиот мил Син. Што ве задржува? Бог ве повикува, дојдете. Повикани сте да дојдете, дојдете. Сум слушал во судот, како повикуваат одреден сведок. Веднаш потоа, макар и да се наоѓа на другиот крај на судницата, тој започнува да си пробива пат до ложата за сведоци. Никој не вели: „Кој се турка, така?” или ако го запрашаат: „Кој сте вие?” доволно е да одговори: „Ме повикаа.” „Но вие не сте богат, немате златен прстен на раката!” „Да, немам, но тоа нема значење, ме повикаа.” „Но вие не сте јавна личност, вашето име не е познато меѓу народот, и немате никаков социјален статус.” „Тоа нема значење, ме повикаа. Направете пат.” Отстапете, вие, сомневања и стравови; направете пат, духови на пеколот, Христос го вика грешникикот. Грешнику, дојди, и покрај тоа што немаш што да дадеш, зашто е пишано: „Кој и да дојде при Мене, нема да го испадам.” Дојди, Господ ќе те благослови во името на Христос.
-Содржина-
