НЕШТО, ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАЗЈАСНИ
ГЛАВА 7
Колку ли само е грешен човекот, кој прави зло и покрај тоа не го признава! Дури и да го признае, не чувствува срам; или ако се срамува извесно време, после одново се враќа во гревот, слично на куче, кое се враќа на својата блувотина. Колку длабоко се распространил гревот во неговите карактерни особини, колку сериозно е болен човекот, затоа што гревот воопшто не го чувствува како грев! Кога човекот направи нешто грешно и го сознае тоа, застане пред Бога и се покае од срце и го признае стореното зло, има недеж за тој човек. Па, на крај тој има и добри страни, има сила во него, која може да ја прогони болеста. Но кога злосторникот, откако извршил сериозен и безпричински престап, дури ни за миг не сознава, дека извршил грев, туку наместо тоа продолжува спокојно по истиот пат, тогаш, можеме ли да кажеме, дека во него има нешто добро? Не е ли тој целосно безбожен? Вие сте како тој човек.
Ако бевте во добар однос со Бога, ќе сакавте да паднете пред нозете на Таткото и да останете таму, сè додека не добиете опростување. Но бидејќи ви се чини дека срцето ви е од железо, закалена во пеколот, и дека е кораво како воденички камен, вие имате потреба од исцелување и сте оној, кого Исус дојде да го спаси. Тој дојде да ги повика, не праведните, туку грешниците на покајание, да ги спаси не здравите, туку тие како вас, кои навистина очајно имаат потреба од Него.
За да докажете дека имате потреба од исцелување, вие си мислете, дека сте неспособни да се молите. Во последно време сте се обидувале да се молите и сакате да се молите и би сакале да сте успеале. Застанувате на колена на молитва, но вашето срце не зборува со Бога. Ве напаѓа ужасен страв, или беззначајни и празни мисли ви го одвлекуваат вашето внимание. „О-си велите-би дал илјада лири да проронам една солза на покајание. Би ги извадил и двете очи, само да извикам кон Бога слично на цариникот: „Боже, биди милостив кон мене, грешникот.” Некогаш си мислев дека молитвата е најлесното нешто на светот, сега меѓутоа откривам, дека вистинската молитва е над моите можности.” Вие навистина имате потреба од исцелување, бидејќи сте опседнати со нем дух, како и со други зли духови, поради кои не можете да извикате за милост. Навистина вашата положба е тешка. Имате потреба од Исус Христос и не можам да а да не ви кажам повторно: Тој ги исцели сите болни-зошто да не ве исцели и вас?
Вие ми велите, дека вашите чувства и желба да правите добро, често пати се потискувани. Возможно е еден ден да сте вистински ревносни за Бога, а на следниот да сте рамнодушни, како и досега. Пред еден ден сте биле во собата и таму сте се бореле со Бога, а потоа некое искушение се испречило на вашиот пат и мислите за божествените работи исчезнале така, како да воопшто и не сте ја сознале нивната вистинска вредност. О, тоа ја покажува вашата потреба од исцелување. Вие сте навистина безбожен, штом се обидувате да си играте со вечноста и да се забавувате со смртта и Вечниот суд, штом се чувствувате спокојни пред опасноста од пеколот. Вашето срце навистина има потреба од спасение! Макар и да жалам поради ваквата состојба, во која сте западнале, јас исто се и радувам, што можам да ви кажам: Тој ги исцели сите болни.
Макар што знаете дека сте во тешка состојба, понекогаш создавате нешто како покајание според вашите сопствени правила и се обидувате да се оправдате во очите на Бога. Си велите: „Се покајав или барем се обидов да се покајам; се помолив или барем се обидов да се помолам, направив сè, што можев, за да бидам спасен, ама Бог не ме спаси.” Тоа всушност значи дека вината ја префрлате врз Бога, затоа што сте осудени и се правете праведни во Неговите очи. Знаете, дека тоа не е вистина. Причината што не сте спасени, е дека не сакате да поверувате во Исус. Тоа е единствената пречка и единствената тешкотија. Осудени сте на вечни маки не по вина на Бога, туку по своја вина. Осудени сте поради сопствената злонамерна порочност, изразена во вашето неверување во Христос. Вие сте многу безбожен, штом се осмелувате да се оправдате самиот, и навистина имате потреба од исцелување и спасение. Понекогаш одете во друга крајност-изјавувате дека сте толку грешен, што за вас веќе нема надеж, дека заслужувате уште сега да завршите во пеколот и дека Бог нема да може никогаш да ви прости. Ја отфрлате Божјат а милост, ја одрекувате Божјата сила дека може ви прости и очисти, јавно не се покорувате на Божјето Слово и Го правете Бога лажго.
Тој ви вели, дека ако се доверете на Исус, ќе најдете мир, а вие му одвраќате дека не е возможно некогаш да се помирите со Бога. Бог ви вели, дека Тој Самиот никогаш и никого не отфрлил, а вие се оплакувате, дека вас ќе ве отфрли. Ја жалостите Божјата светост, со тоа што ја одрекувате Неговата верност и поштеност. Со тоа што дозволувате тоа безбожно очајување да ве заробува, вие навистина имате потреба од исцелување. Отидовте многу далеку, но покрај тоа се радувам, зашто знам, сè уште сте помеѓу оние, кои Исус може да ги спаси. Тој дојде заради луѓето, кои имаат потреба од исцелување и не може да одречете, дека и вие сте еден од нив. Дури и самиот Сатана нема да има дрзост да ве убедува во спротивното. О, само да можевте да се фрлете во прегратката на Спасителот-не откако првин се обидете да станете подобар, но откако признаете сè во што ве обвинив, и потоа се доверете како грешници на тоа Божјо Јагне, Кое Го зеде гревот на светот.
Запомнете, дека навистина имате потреба од исцелување, зашто се додека не бидете избавени од гревовите и од сите ваши безбожни мисли и похоти, сигурно е , дека ќе бидете фрлени во пеколот, као што е сигурно, дека сега сте живи. Нема друга вистина, на која што проповедам, а да ми причинува толку голема болка, како што е оваа. Грешниците ќе бидат осудени-тоа навистина е страшно, но најстрашно е, дека пробудените грешници ќе бидат осудени, ако не поверуваат во Исус. Не се заблудувајте, дека вашите солзи можат да го извршат делото на Христос, не се надевајте, дека сте во безопасност, со тоа што се оддавате на горчиви мисли и очајание. Додека не поверувате, никогаш нема да најдете мир. Ако не дојдете при Христос, може и да сте убедени во реалноста на гревот, правдата и судот, но тие убедувања ќе бидат само почеток на вашата пропаст. Велите дека Го барате Бога, но сè додека не Го најдете ќе бидете Негови непријатели и Неговиот гнев ќе биде над вас секој ден. Колку и да сте слаби и скрушени, можам да ви кажам само едно: верувајте и ќе живеете. Одбиете ли да верувате, ќе загинете, зашто скршеното срце, солзите и пристореното покајание не можат да Го заменат Христос. Треба да имате вера во Него, или ќе бидете мртви засекогаш.
Не е неопходно да ја опишувам подробно вашата состојба. Запомнете, Исус спаси слични луѓе на вас. Вашата состојба може да ви изгледа исклучително необична, но некаде во Новиот Завет ќе најдете човек како вас. Велите, дека вашата безбожност е многу голема. Нели Исус изгони седум демони од Марија Магдалена? Да, но вашата порочност како да е по зла од тие седум демони. Не изгони ли Исус цел легион нечисти духови од човекот од Гадара? Велите дека не можете да се молите- Исус, инаку, ослободи еден, кој беше опседнат со нем дух. Сметате, дека сте закоравени и бесчувствителни, но Тој изгони и глув дух од друг човек. Велите дека не можете да поверувате-и човекот со исушена рака не можеше да ја протегне, но тоа го направи кога Исус му заповеда. Ми велите, дека сте мртви поради вашите гревови-Исус натера дури и мртви да оживеат. Вашата состојба не може да биде толку лоша, за да нема слична на вашата а Христос веќе да не помогнал на такви како вас.
Повторно ви напомнувам, дека Христос може да ве спаси, бидејќи ниту светската историја, ниту традицијата опишува случај, во кој Исус потфрлил. Ако некогаш во моите патувања сретнам душа, која се доверила единствено на Исус, и покрај тоа не добила простување, ако во пеколот може да се открие еден единствен дух, кој сметал на бесценетата крв Христова и да не нашол спасение, тогаш Евангелието може да биде оставено во темнина и никогаш повеќе да не биде прославено. Но бидејќи тоа никогаш не било и нема да биде, ти грешнику, нема да бидеш првиот исклучок. Ако дојдеш при Христос, а тоа означува само да поверуваш во Него-искрено и целосно, ти нема да загинеш, зашто Тој рече: „Кој и да дојде при Мене, нема да го истерам.” Христос да не лаже? Ќе смееш ли да го помислиш тоа? О” дојди зашто Тој не може да те отфрли. Грешнику, помисли само за момент врз следното и можеби тоа ќе те утеши. Тој за Кого зборувам како за исцелител на твојата душа, е Бог. Има ли нешто невозможно за Бога? Кој грев не би можел да го прости Тој, Кој е над сè? Ако со твоите гревови требаше да се справува некој ангел, тогаш тие би требало да ја надминат целата сила на Гаврил; но Тој, Кој дошол да те спаси, е Емануел, Бог со нас.
Уште нешто, ти не можеш да се сомневаш, дека Тој сака да го направи тоа. Си слушнал ли за Него, за Тој, Кој е Бог и стана човек?
Тој беше внимателен како мајка,
Срцето му беше целото од нежност,
Преполно со љубов.
Не е во карактерот на Исус да биде груб. Како одговори Тој, кога ја доведоа жената во самиот чин на прељуба? „Ни Јас не те осудувам; оди си и одсега не греши веќе.” За Него велеа:” Тој прима грешници, и јаде со нив.” И сега кога царува во небесата, Исус е истиот. Тој сака да прима грешници точно така, како и кога беше долу на земјата.
Искупувањето да не беше некоја измислица? Недоволна ли беше смртта на вечниот Божји Син? Потребно е доста сила , за да се отргне гревот од светот. Дојди и изми се, дојди и изми се ти, кој си безбожен и извалкан од гревот, дојди и изми се, и ќе бидеш веднаш очистен- во моментот, во кој ќе ја допреш со вера, Неговата пречистувачка крв.
Исус ја бара твојата доверба. Тој ја заслужува, затоа-довери Му се. Ти имаш потреба од исцелување. Тој дојде да ги исцели сите болни. Тој може да те спаси. Што треба да направиш, за да бидат простени твоите гревови, за да бидеш исцелен и спасен самиот ти? Остави го стремежот да си помогнеш самиот и дозволи Му, тој да го изврши потребното, престани да гледаш на себе или на другите, но едноставно дојди и фрли се во Неговите прегратки. Тоа е сè.
О-велиш ти-,но јас не можам да поверувам.” Не можеш да поверуваш?! Тогаш, знаеш ли што правиш? Го правиш Исус лажго. Ако кажеш на некого:”Не ти верувам>, тоа е исто како да си му рекол: „Ти си лажго.” О, нема да смееш тоа да го кажеш на Христос. Не, пријателу мој, ќе те фатам за раката и ќе ти кажам нешто друго: ти треба да поверуваш во Него. Тој е Бог, да не се осмелуваш да се посомневаш во Него? Тој умре за грешниците. Се сомневаш ли во силата на Неговата крв? Тој вети. Сакаш ли да Го навредиш, со тоа што ќе се посомневаш во Неговото Слово?” О, не-велиш,-чувствувам, дека треба да поверувам, дека треба да Му се доверам. Но што ќе стане, ако се покаже дека не верувам на правилен начин? Ако на пример, верата во мене треба да дојде по природен пат?” О, пријателу мој, смирената вера во Исус е нешто, што никогаш не се раѓа во човекот по природен пат. Обраќањето кон Христос и довербата во Него се секогаш плод на Духот. Не е неопходно да се сомневаш во тоа. Ниту ѓаволот ниту самата природа, би го испразниле човекот од неговата суштина, за да го доведе при Исус. Не се вознемирувај за тоа прашање. „Но-велиш ти- Духот треба да ме доведе до моментот, во кој би поверувал во Него!” Да, но ти не можеш да го видиш Духот, Неговото дело е тајно и чудно. Тоа што треба да го направиш е да поверуваш во Исус. Еве, Тој стои таму-Бог и истовремено човек страдалец, Кој се жртвува Себе си, за да го искупи светот. Исус ти вели дека, ако поверуваш во Него, ќе бидеш спасен. Треба да Му се довериш. Не е добро да се сомневаш во Него. Зошто? А каква основа ти дал за тоа?
О, поверувај во прогласената вистина,
Бог Го дал Својот Син за тебе.
И ако Му се довериш, не е потребно да се прашуваш од каде дошла твојата вера. Со сигурност е од Светиот Дух, чие дејство не се гледа, зашто Тој работи таму, каде што Самиот одбере. Го гледаш Неговиот плод, и тоа е доволно. Веруваш ли, дека Исус е Христос? Ако е така, тогаш си роден од Бога. Ако си во прегратката на Исус, што и да стане, ти си веќе спасен.
Сме читале за тоа како еден човек бил спасен од стрелање. Тој бил осуден на смрт од шпанскиот суд, но бидејќи бил Американски државјанин, а исто така и со Англиско потекло, конзулите на тие две земји се застапиле за него и изјавиле дека шпанските власти немат право да ја исполнат смртната пресуда. И што направиле тие, за да го запазат неговиот живот? Го завиле во своите национални знамиња, го покриле со ѕвездите на американското и крстот на британското знаме, и на тој начин се спротивставиле на екзекуторите. „Сега, стрелајте, ако смеете, зашто, ако го направите тоа, би значело дека се кревате против силите , претставени од тие знамиња, и ќе предизвикате две силни нации.” Човекот стоел таму, пред него-војниците, и покрај тоа што само еден истрел можел да стави крај на неговиот живот, тој бил така заштитен, како да бил облечен во непробоен штит. На истиот начин и Исус Христос, откако поверував во Него, ја зеде мојата бедна и виновна душа и го обвитка околу мене крвавото црвено знаме на Својата искупителна жртва. Пред Бог да ме уништи мене или кој и да било друг, облечен во Неговото искупување, Тој ќе треба да Го ожалости Својот Син и да ја презре Неговата жртва; а тоа Бог никогаш нема да го направи, благословено да биде Неговото Име.
-Содржина-

