За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















ПОКАНАТА

ГЛАВА 6

   Копнеете ли да имате вечен живот? Имате ли во вашата душа глад и жед за тоа, што може да ви го задоволи вашиот дух и да ви даде вечен живот? Тогаш „Дојдете, зашто веќе сè е готово”! (Лука 14:17). Сè, не само некои работи, но сè. Сè, од што имате потреба тука и на Небото е осигурано во Исус Христос, во Неговата личност и дело. Сè е готово: живот за вашиот мртов дух, простување на вашите гревови, очистување за вашата нечистотија, облека за вашата голота, радост за вашата тага, сила за вашата слабост. Всушност, повеќе од сè, што некогаш би го посакале, е собрано во безграничната личност и дело на Христос. Не велете:”Не можам да дојдам, затоа што немам тоа или онаа.” Вие ли треба да ја подгответе прославата? Дали е неопходно да осигурате нешто за прославата? Треба ли да однесете малку сол или вода? Вие се чини не ја познавате својата вистинска состојба, зашто ако ја познававте, немаше дури ни да помислете да понудите нешто од себе. Великиот Господар, Самиот осигурал сè за гозбата и не е потребно да правете ништо. Радувајте се! Ако нешто ви недостасува, дојдете и земете. Колку поголема потреба имате, толку понеопходно е да дојдете таму, каде можат да бидат задоволени наеднаш, сите ваши потреби. Ако сте дошле во таква беда, што ништо добро не останало во вас, знајте дека сè е готово. И кога Бог веќе осигурал сè, што можете да донесете? Би било бесрамен обид, ако мислете, дека можете да додадете нешто кон Неговото „сè”. Би било многу самонадежно од ваша страна да бидете соперник на Великиот Цар-Тој не би го трпел тоа. Сè што ви недостасува во портите на пеколот, каде сега лежете, и портите на Небото, каде ќе ве доведе благодатта, ако поверувате, веќе е осигурано и приготвено во Исус Христос, Спасителот.

   И сè е готово. Замислете се на тој збор. Згоените телиња и одбраните јагниња се веќе заклани. Уште повеќе-тие се веќе зготвени, поставени се на масата и од нив се дига пареа. Гозбата може да почне! Не е мала работа царот да заповеда да се заколат толку многу говеда, но гозбата се уште не е готова. И кога главите на жртвите паднат и веќе тие се одрани и ставени на огнот, нешто навистина е напоравено, но вечерата се уште не е готова. Само кога тие се сервирани на масата топли, со пареа што се крева од нив, и останатото, што е неопходно, е изнесено и подредено, како што приличи, само тогаш може да се каже, дека веќе сè е готово. Ве канам на таква гозба. Дојдете и видете, дека сè е направено што е возможно подобро. Никој никогаш не може да додаде ништо свое. Сè е приготвено токму за вас, за да ја зарадува и утеши вашата душа. Секое нешто е лично за вас. Сè е готово. Ништо не недостасува, ништо не треба да се поправа. Сè е така совршено, како што само вечната љубов може да го направи.

   Обратете внимание на зборот „веќе”. „Сè е веќе готово”-готово е сега, во овој момент. Знаете, дека често се случува, кога се подготвува некоја гозба, добрата домакинка да се вознемири ако гостите закаснат. Таа би се загрижила ако дојдат половина час порано, ама ако дојдат половина час покасно-тоа би расипало сè. Еве зошто таа се многу вознемирува и обеспокојува, кога сè е готово, а пријателите и каснат. Оставете го јадењето во фурната малку повеќе од неопходното и тоа нема да изгледа „веќе готово”, туку ќе биде повеќе од готово и нема да е убаво. Еве зошто домаќинот нагласува дека веќе сè е готово, затоа треба веднаш да дојдете. Тој не вели, ако дојдете после седум години. Сè ќе биде готово. Нека Бог направи така, да многу пред тие години да одминат, да не биде неопходно да ве убедуват да учествувате на гозбата. Тој вели, дека веќе сè е готово. Точно во тој момент. Имено, сега, кога вашето срце тагува, мислите ви се ројат безгрижно и вашиот дух лута безцелно-сè е веќе готово.

   Ако причината, поради која грешникот треба да дојде е дека сè е веќе готово, би било безсмислено тој да каже:”Да, но јас не сум готов”. Јасно е, дека спремноста која се бара од страна на човекот, е желбата да дојде и да го добие од Бога веќе приготвеното благословение. Ништо друго не е неопходно. Ако луѓето сакаат да дојдат, тие можат да дојдат, и ќе дојдат. Готов е секој, чие срце Бог го додирнал и исполнил со копнеж кон Христос. Готов е секој кој вистински жедува за праведност. Сè што е потребно, е да ја осознаете потребата од Него и Неговата способност да ја исполни, и чувствувајќи ја таа потреба, да сакате да дојдете при Него. Желбата да дојдете е сè што е неопходно. Потребно е да посакате да поверувате во Исус, да Му ја предадете својата душа, да Го примите таков, каков е , зашто чувствувате, дека е Спасителот, од Кого имате потреба. Не беше ништо друго неопходно, и не би можело, да се сака нешто од бедните и слепите, сакатите и хромите, кои покрај тоа дојдоа на гозбата. Во текстот не се вели:”Веќе сте готови, еве зошто можете да дојдете”-тоа е закон. Наместо тоа се вели:”Сè е веќе готово, Евангелието е готово. Ете зошто можете да дојдете.” А што се однесува до вашата готовност, имате потреба единствено од желба, да дојдете при Исус, желба,што ја дава Духот.

   А сега обратете внимание на тоа, дека недостатокот на готовност во првопоканетите, беше предизвикана од богатствата и нивните способности. Еден не можеше да дојде , зашто си беше купил парче земја. Каква висока преграда става сатаната меѓу душата на човекот и Спасителот! Преку светските богатства и занимања тој изградува огромна тврдина помеѓу грешникот и неговиот Господ. Некои луѓе имаат многу земја, за да отидат при Христос. Тие мислат премногу за светот, за да можат да мислат на Него. Мнозина се грижат за своите ниви со труд, така што одгледуваат различни работи, со кои се гордеат. Тоа ги тера да се чувствуваат личности со особено големо значење. Многу луѓе не можат да отидат при Христос со молба да ги задоволи нивните потреби, зашто веќе поседуваат премногу.

   Други не дојдоа, зашто имаа доста работа, а и добро се оправдуваа. Еден беше купил пет чифта волови и одеше да ги проба. Тој беше силен човек, можеше да оре; и причината, поради која не дојде, беше таа негова способност. Илјадници луѓе стојат далеку од благодатта поради тоа, што го имаат, и тоа, што можат да го направат. Немоќта, а не задоволството, нè поттикнува да отидеме на гозбата. Колку често се случува бедата и неспособноста да помогнат на душата да дојде при Христос. Ако човекот мисли, дека е богат, тој не би се обратил кон Спасителот. Ако некој си вообразува, дека може да се покае и да поверува, кога посака, и да направи сам се што е неопходно, малку е веројатно да дојде со едноставна вера и да се предаде во рацете на Христос. Тоа што пречи на многу луѓе да дојдат Христос, не е недостатокот на нешто, туку неговото богатство. Грешното јас, е ѓавол, но самоправедното јас, е седум пати поголем ѓавол. Возможно е човекот, кој се чувствува виновен, да биде држан извесно време далеку од Бога, но тој, кој е самоправеден, никогаш нема да дојде при Него. Додека Бог не ја отстрани неговата гордост, тој ќе продолжи да ја отфрла поканата за гозбата на изобилната благодат. Способните, почитуваните и богатите тешко ќе дојдат при Искупителот.

   Од друга страна личната состојба на човекот не е основа тој да се смета непригоден да дојде при Христос, бидејќи тешката состојба на оние, кои присуствуваа на вечерата, не им попречи да отидат таму. Некои беа бедни и без сомнение несреќни и за жалење. Тие немаа ниту една пара, да се зарадуваат. Облеките им беа испокинати и можеби полошо- беа гнасни. Тоа не беа луѓе, подобни да седнат до поштените гости и со сигурност не се достојни за трпезата на мојот Господ. Но оние, кои излегоа, за да ги доведат на гозбата, не ги претресоа нивните џебови, ниту им ги гледаа нивните облеки, туку едноставно ги доведоа. Тие беа бедни, но на пратениците им беше кажано да ги доведат бедните и тие ја исполнија заповедта. Нивната сиромаштија не им попречи да бидат готови. И ако ти бедни човече, си беден во буквална смисла на зборот или ако си беден духовно, тоа не би можело да те отстрани од божествената милост. Ако ти останал само еден денар или ако веќе си го потрошил и него, си заложил сè што си имал, и покрај тоа сепак си западнал во долгови до грло и си мислиш, дека не ти останува ништо друго освен да бидеш фрлен во затвор и оставен таму засекогаш, независно од целата таа беда и сè друго, ти можеш да дојдеш.

   Друг дел од дојдените на гозбата беа инвалиди. Тие не беа особено привлечни на изглед: на еден раката му беше отсечена, на друг окото му беше извадено. Третиот беше го изгубил носот. А четвртиот - ногата. Сите беа изнакажани. Понекогаш ги свртуваме нашите погледи и чувствуваме дека, би дале што ли не, само да не ги гледаме просјаците, кои ги покажуваат своите рани и опишуваат како биле осакатени. Покрај тоа, слугите ги доведоа на гозбата, и никој од нив не беше отфрлен поради своите ужасни недостатоци. Така што, ти бедна душо, независно како те осакатил и ранил Сатаната, независно од состојбата, до која те довел и поради која се срамиш да живееш, знај дека не ќе бидеш отфрлена-ти можеш да дојдеш на трпезата на благодатта точно таква, каква што си. Моралните рани брзо се исцелуваат, кога Исус го земе карактерот на човекот, во Своите раце. Дојдете при Него, без значење колку длабоко сте зафатени од гревот.

   Имаше и други луѓе- сакатите. Тие, или ја беа загубиле ногата, или не можеа да ја користат. Имаа потреба од патерица, за да дојдат, но тоа не беше пречка да бидат радосно пречекани. Ако ви е тешко да поверувате, тоа не е причина да не дојдете и да не го примите големото опростување, кое Исус Христос е спремен да ви го подари. О” вие, кои сте задржани од своите сомневања, дојдете на вечерата и кажете: „Господи, верувам; помогни на моето неверие.”

   Господарот ги покани на гозбата и слепите. Тие не можеа да го најдат патот и затоа тој заповеда на слугата не само да ги повика, но и да ги доведе. Тогаш слепиот може да дојде. Неопходно беше само желба да биде воден за раката во правилна насока. Така што, вие, кои не можете да го разберете Евангелието во полнота, како што би сакале, кои сте смутени и збркани, ставете ја својата рака во раката на Исус, и посакајте да го поверувате тоа, што не го разбирате, и да го примите со доверба онаа, кое се уште не можете да го разберете со својот ум. Слепите, независно колку неспособни и необразувани да се , нема да бидат оставени надвор поради својата немоќ.

   Потоа, господарот ги покани оние, кои беа по патиштата. Тие, според мене, беа просјаци. Ги повика и луѓето по оградите, кои претпоставувам, се криеа и веројатно беа крадци. Независно од сè и тие беа поканети. Тие дојдоа, и беа радосно пресретнати, покрај тоа што беа од оние кои дебнеа по патиштата и по оградите. Тие беа духовни скитници, луѓе отфрлени од општеството, за кои никој не се грижеше, но тоа не беше од значење. Тие требаше да дојдат, зашто сè беше готово. Нека дојдат макар и облечени во дронци или покриени со мрснотија, изнакажани, покриени со чуми и какви ли не други одвратни и ужасни рани. Независно од тоа, бидејќи беше веќе сè готово, слугата требаше да ги доведе или да ги натера да дојдат.

   Мислам дека, точно тоа, што тие луѓе ги правеше недостојни, им помогна да дојдат. Голема вистина е дека онаа, кое го сметаме за наш недостаток, всушност во многу случаи ни е полезно. Сакам да го скренам вашето внимание на тие бедни, слепи и сакати луѓе. Некои од поканетите не отидоа на гозбата, зашто си беа купиле земја или пет чифта волови, но, кога пратеникот отиде при сиромашниот човек и му рече: „Дојди на вечерата”- јасно е дека нема да му одврати, дека си купил нива или волови, бидејќи не можеше да го направи тоа, зашто не располагаше со никакви пари. Токму поради тоа тој беше слободен од искушението да откаже. На истиот начин и кога некој е поканет да дојде при Христос и каже:” Не Го сакам, јас си имам своја сопствена праведност-тогаш тој ќе остане надвор. Кога Господ Исус дојде при мене, јас не бев така искушан, бидејќи немав своја праведност и не можев да си изработам таква, дури и да се обидев. Познавам луѓе, кои нема да можат да си направат облека на праведноста дури и да ги сошијат сите свои партали, и имено тоа им помогнало во голем степен да Го примат Господ Исус. Каков благослов е да имаш такво чувство на душевна беда, никогаш да не стоиш далеку од Христос, поради тоа што го поседуваш.

   Некои не можеа да дојдат, бидејќи се беа ожениле. Мислам дека е многу веројатно, тие луѓе, кои беа инвалиди и покриени со рани, дека не биле оженети, и можеби не би можеле да најдат човек за кого би се ожениле. Ете зошто пред нив не стоеше тоа искушение, кое можеше да им попречи да дојдат при Христос. Тие беа многу неубави за да привлечат врз себе поглед на некој, кој бара убавина, и поради тоа не беа искушани на тој начин. Но на вечната блажена Вечера, дадена од јагнето, тие го откриваат вечниот брак, кој беше далеку подобар. Еве така душите ја губат земната радост и утеха, но преку таа загуба добиваат извонредно многу. Тие се прилепуваат до Христос и откриваат вистинска радост и утеха. Нивната грдост, која им пречи, во суштина им помага. Едно од извинувањата беше:” Си купив пет чифта волови, одам да ги пробам”. Сакатиот не можеше да го направи тоа. Кога пратеникот го допре по рамото и му рече:”Дојди”-тој не можеше да каже:” Ќе излегувам оваа вечер, за да орам со новата спрега.” Откако ја беше загубил ногата, тој никогаш не беше одел во полето, така што не можеше да даде слично извинување. Слепиот не можеше да каже:” Си купив нива и одам да ја видам.” Тој не беше потчинет на желбите на своите очи и поради тоа спремноста да биде одведен на вечерата беше уште поголема. Кога во својата душа човекот ја сознае својата сопствена грешност, бедност и безизлезност, тој се смета за недостоен да отиде при Христос, но тоа всушност му помага, бидејќи го чува да не гледа на ништо друго, освен на Господа, ги отфрла извинувањата и тој може слободно да го прими спасението по благодат.

   Но што да кажеме за оние, кои беа по патиштата? На мене ми се чини дека тие веќе беа на улицата, т. е. надвор од своите домови, ако воопшто ги имаа. Ако стоеле надвор просејќи, тие со поголема готовност ја прифатија поканата да отидат да се нахранат, зашто точно и за тоа пееле. Многу поголема надеж има за тој, кој е надвор од куќата на сопствената праведност, колку и да е голем грешник. Првин тој ќе дојде при Христос, отколку оној, кој се гордее со својата вообразена самоправедност.

„Совети за оние што трагаат по Вистината" - Глава 6
-Содржина-
Крај