За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















„ЧЕКАМЕ СВЕТЛИНА”

ГЛАВА 5

   Сега се обраќам кон оние, кои искрено сакаат да дојдат до вистинската светлина на Небото, кои чекале, со надеж да дојдат до неа, но наместо тоа се нашле во полоша или уште пожална состојба, од порано. Тие се сигурно завлечени од мрачното лошо претчувство, дека за нив светлината никогаш нема да изгрее, дека ќе бидат затвореници, оковани засекогаш во долината на смртната сенка. До извесен степен тие луѓе ја осознават темнината, во која се наоѓаат. Тие ја бараат светлината. Неизвесноста во која живеат, не ги задоволува, зашто тие очекуваат Светлина. Има неколкумина, кои не се задоволни од тоа да бидат такви, какви што се родени. Откриват многу зло во себе и ќе се радуваат, кога би се отргнале од него. Сознават, дека не знаат ама баш ништо, и копнеат да бидат просветлени; не го разбираат Писмото, кога го читаат, и макар што ги слушаат зборовите на Евангелието, тие продолжуваат да не ја разбираат неговата суштина. Тие луѓе жедуваат да избегат од суетата, копнеат за вистината, која ја спасува душата, и сакаат да научат не само теорија, но да ја познаат нејзината практична сила врз внатрешната природа. Тие искрено и нетрпеливо сакаат да бидат ослободени од таа состојба, бидејќи чувствуваат дека тоа е опасно, и да бидат доведени во славната слобода на Божјите чеда.

   О, тоа се најдобрите слушатели - луѓе, во кои започнале да се пробудуваат праведни желби. Тие, кои се незадовоолни од темнината, јавно не се целосно мртви, зашто мртвите тлејат во подземните гробници, без да забележат дали надвор е ден или ноќ. Тие јавно не се целосно заспани, зашто луѓето, кои дремат, спијат уште подобро, кога е темно, и не би сакале сончевите зраци да им го нарушуваат сонот. Тие очигледно не се слепи, зашто за слепите е без значење дали сонцето го огреало целиот пејзаш со својата слава или ноќта го покрила со своето црнило. Тие, кон кои нашите мисли се директно насочени, веќе се пробудени, дигнати на нозе и во движење. Тоа не е мало благословение, бидејќи, повеќето луѓе се крути како камен во однос на духовните вистини. Колку проповедникот може да се надева да створи живот сред недрата на смртта или да издејствува топли солзи на сочувство од сицилијански мермер, толку може и да предизвика духовни чувства во луѓето од тоа поколение. Има надеж за тие, кои слично на дрвјата, ги простираат гранките кон сончевата светлина, копнеат за Исус-светлината и животот за луѓето.

   Нешто повеќе-тие луѓе имаат возвишена претстава за тоа што е светлината. Ја нарекуваат светло. Тие ја очекуваат и жалат, кога таа не доаѓа. ако го ценете високо духовниот живот, не сте погрешиле. Ако го сметате стремежот кон Христос, кон простувањето на гревовите и мирот со Бога за безценет, тогаш односот ви е целосно правилен. Колку високо да ви е мислењето во однос на единственото неопходно нешто, тоа никогаш нема да е претерано големо. Вистина е дека луѓето, кои веруваат во Бога, се среќни. Вистина е дека, да станеш син, да бидеш посинет и примен во семејството на Великиот Бог, е блаженство, за кое царевите би ги дале и скапоцените круни. Никогаш не ќе можеме целосно да ја искажеме големата вредност на Божјата благодат. Последното нешто, кое би го направил, е да се обидам да ве убедам, да ја преценувате. Поскоро би ве потикнувал да копнеете да ја поседувате. Спасението е големо благословение-тоа е блаженството на Небото. Благодатта излива во вас небесен живот. Таа е сигурноста, залогот и гаранцијата за вечното блаженство. И така, да кажам повторно, дека има голема надеж за вас. Чудесно е дека не ја сакате темнината и копнеете за светлината.

   Би сакал сега да позборувам со оние, кои се уште се надеваат да ја добијат таа светлина. Тие ја очекуваат со надеж и понекогаш се разочаруваат, дека наместо светлина доаѓа темнина. Тие се многу зачудени, дека не е оправдана нивната надеж. Се обезумуваат, што се уште одат во темнина, покрај тоа што со жар се надевале дека ќе ги огрее Господната светлина. Би сакал да ги охрабрам тие искри на надеж во вас, бидејќи очанието е една од најужасните препреки за примање на Евангелието. Се додека пробудените грешници продолжуваат да ја негуваат во себе надежта за милост, има надеж за нив. Се надевам дека за не така долго време ти, кој Го бараш Бога, ќе можеш да запееш за твоето простување, купено со крвта, и откако овој живот ќе одмине, да влезеш во славниот град сред блажените, кои секогаш Го гледаат лицето на љубениот Исус. Покрај тоа што изгледа премногу убаво, за да биде вистина, дури и ти низ поубавите моменти на твојот живот, си мислиш за тоа како еден ден ќе се радуваш, дека Христос е твој, и дека ќе го заземеш твоето место сред Неговите луѓе, независно што твоите очи се најнезначителни помеѓу нив. Потоа си претпоставуваш во своето срце како со жар ќе Го сакаш својот Искупител, како понизно ќе го бакнуваш правот под Неговите нозе и исполнет со благодарност ќе Го благословуваш Оној, Кој те извади тебе, недостојниот, од буништето, и те постави сред царевите. О, да никогаш повеќе нема потреба да гледаш, исполнет со кпонеж, преку прозорот, туку наместо тоа, да дојдеш на гозбата и седнеш на масата. Христос ќе ја задоволи твојата глад и ти ќе се зарадуваш заедно со другите избрани!

   Луѓето кои ги опишувам, научиле како да Го молат Бога. „Чекаме светлина, а еве темнина; светло, а одиме во мрак.” Тие зборови се израз на внатрешни чувства, тие ја откриваат агонијата на срцето пред Севишниот. Покрај тоа што се уште не сте го откриле мирот, кон кој се стремете, добро е што веќе сте започнале да се молите. Можеби мислете дека вашата молитва е безвредна. Навистина, тешко ви е дури и да го наречете изговореното од вас, молитва. Меѓутоа, Бог не мисли како човек. Офкањето се слуша на небото. Тешката воздишка и проронетите солзи се најсилните оружја пред Божјиот престол. Да, вашата душа вика кон Бога, и не можете да ја спречете. Додека се занимавата со секојдневната работа, се пазете да воздишате:” О, да исчезнеше тоа бреме на виновност! О, да можев да Го наречам Господа, „мој Татко” без да се двоумам!”Ноќ по ноќ и ден по ден, тој копнеж се зголемува во вас, слично на утринската магла по долините. Спремни сте да ја отсечете десната рака и да го извадете десното око, ако преку тоа би го добиле чудесниот благослов на спасението во Исус Христос. Искрено сте загрижени да се помирете со Бога и тоа наоѓа израз во вашите молитви и прозби. Се надевам вашите молитви да продалжат. Верувам, дека никогаш нема да престанете да викате кон Бога. Нека Светиот Дух ве принуди да продолжете да воздивнувате и офкате. Нека и вие, слично на упорната вдовица (Лук.18:1-8), продолжете да Го молете Бога, се додека не ви го даде Својот благ одговор, заради извршеното од Исус. До тука се движете добро-за вас има надеж. Велејќи го тоа, сакам да кажам многу повеќе, бидејќи не сте стигнале до крајот. Не е доволно да копнеете, не е доволно да барате, не е доволно да се молите. Неопходно е вистински да го примите, навистина да го зграпчете вечниот живот. Никогаш нема да се радувате на утехата и мирот, доколку не преминете од самракот на барањето во светлината на постигнатата цел, така што вашиот стремеж кон Господ Исус да израсне во жива и делотворна вера во Него. Сите дарови и милости, кои ви се неопходни, се собрани во превозвишениот Спасител и се приготвени да ги задоволат вашите потреби. О, да стигнете до Неговата полнота и така да добиете благодат врз благодат!

   Човекот кој сакам да го утешам, може да биде опишан и на друг начин. Тој е целосно спремен да го открие своето срце пред Бога, да ги исповеда своите желби, биле тие грешни или правилни, да ја признае својата состојба- здрава или болна. Кога се обидуваме да скриеме нешто од Бога, тогаш сме како глупави и безбожни. Желбата да избегаме од нашиот Создател е израз на бунтовничкоит дух внатре во нас; но кога човекот ја открие својата рана, кога се довери друг да го прегледа ранетото место и го замоли хирургот да го изреже мртвото месо од распаднатата рана, со зборовите:”Еве тука, гледај подлабоко, ќе видиш какво зло ќе откриеш таму. Не ме штеди, но навистина ме излекувај”-тогаш е сигурно, дека тој ќе биде исцелен. Кога човек сака да се исповеда пред Бога слободно, без лицемерие, го излева своето срце пред Него, тогаш има надеж за него. Вие веќе сте Му кажале на Господа за својата состојба во која се наоѓате, сте ги претставиле своите барања пред Него. Верувам дека ќе продолжете да го правете тоа, се додека не најдете утеха; но се надевам и на нешто поголемо: дека наскоро ќе добиете мир со Бога преку Исус Христос, нашиот Господ.

„Совети за оние што трагаат по Вистината" - Глава 5
-Содржина-
Крај