За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















СЕ УШТЕ НЕ СЕ ГЛЕДА СВЕТЛИНА. ЗОШТО?

ГЛАВА 4

   Ќе ми биде посебно пријатно да се потрудам да им помогнам на оние, кои сакаат да излезат од темнината и да влезат во светлината. Ќе го направам тоа, така што ќе се обидам да одговорам на следното прашање: зошто се случува така, што јас, кој сакам да сум во светлината, сe уште не сум ја открил? Зошто сум оставен да лутам како слепец и да се сопнувам сред бел ден, како да е ноќ? Зошто Господ не ми се открил? Можеби ја барате светлината, каде што не треба. Многу луѓе, слично на Марија, ги бараат живите меѓу мртвите. Можно е да сте жртва на лажно учење, дека човек може да има мир со Бога, со посредство на исполнување на различни обреди.

   Можеби сте барале спасение така што едноставно сте прифатиле одредена вероисповест. Сте мислеле, дека ако успеете да ја откриете чистата вера, ќе ја поверете својата душа на нејзините наложени ограничувања и така ќе бидете спасени. Како последица на тоа, безрезервно сте поверувале, доколку ви било возможно, во вистините, предадени од традицијата, следувана од вашите предци. Можеби сте калвинист, или арминијанец, или протестант, или римокатолик или православен. Вашето верују може да биде вистина, може и да е лага. Верувајте ми, вистинскиот мир со Бога не доаѓа едноставно со примањето на било која вероисповед, назависно од тоа колку вистинска и библиски е основана таа. Заклучоците на умот, сами по себе не можат да нe одведат на Небото. „Треба да се родиш одозгора” означува многу повеќе од тоа да поверуваш во определени догми. Признавам, дека е од исклучително големо значење да го толкувате Писмото, бидејќи во нив, како што мислите, имате вечен живот. Сетете се како нашиот Господ ги укори фарисеите. Тој им рече дека тие ги проучуваат Писмата, но после додаде: „Но вие не сакате да дојдете при Мене, за да имате живот” (Јован 5:40). Ако не отидете подалеку од проучувањето на Писмата нема да стигнете до вечниот живот. Нивното проучување, колку и да е добро, нема да ве спаси. Треба да сте упорни и да продолжете во барањето. Треба да стигнете до живото, лично познавање на Христос, Кој беше некогаш распнат на крст, но сега живее, за да се застапува за нас од десната страна на Бога, зашто во спротивен случај дури и да сте ја примиле и најздравата доктрина, тоа нема да има влијание врз спасението на вашата душа. Возможно е да сте заблудени на некаков друг начин. Возможно е да сте тргнале по некаков погрешен пат во барање на мир со Бога. Ако е така, јас искрено се молам да успеете да ја спознаете вашата грешка.

   Треба да разберете, дека има само еден пат и тој е Христос, само една вистина - Христос, еден живот - Христос. Спасението е единствено во Исус. Тоа не зависи од вас, од вашите дела, чувства, знаење, одлуки. Во Него се собрани во полнота животот и светлината за човечките синови поради милоста на Бог Таткото. Тоа може да е една од причините, поради кои не сте ја откриле светлината - сте барале на погрешно место.

   Возможно е додека сте го барале спасението, да не сте имале правилен однос кон Бога. Кога се молиме за простување на гревовите, помирување и спасение, треба да имаме на ум на Кого зборуваме и што претставуваме ние, кои молиме за милост. Некои се чини се однесуват кон Бога така, како да Тој е должен да им даде спасеение, како да спасението е неизбежен резултат од редица дела или е заслужената награда за одредени добрини. Тие одбиваат да разберат, дека спасението е Божји дар, а не последица на нивните дела или резултат од нивните заслуги, дека е израз единствено на безусловната благонаклонетост; дека не доаѓа од човек, ниту поради човек, туку е само од Господа. Покрај тоа што Господ запишал во Своето Слово, целосно разбирливо дека: „Не зависи од оној кој сака; ниту од оној, кој трча, туку од милостивиот Бог.” (Рим.9:16), се уште многу луѓе си вообразуват, дека вечниот живот е сврзан со задолженија и се заработува преку служење. Треба да се откажете од тие суетни идеи. Треба да дојдете пред Бога како смирен просјак, кој моли за ветувањата на Неговата милост и се одвраќа од мислата, дека има некакви заслуги. Молител, кој признава, дека ако Господ осудува некого, Тој го има правото да го прави тоа, и дека ако спаси некого, тоа е дар на вистинска милост, дело на суверена благодат. О, мошне многу од вас, кои го барате Бога, сте со гордо подигнати глави. Ќе треба да се наведнете, за да влезете низ ниската порта на светлината. Пригодно е да просјакот падне на колена. Пригодно е да се моли: „Боже, биди милостив кон мене, грешникот.” Ако Бог ве осуди, не треба да се оплакувате, дека тоа е неправедно, бидејќи илјада пати досега сте заслужиле да бидете осудени. Ако вашите молитви никогаш не добиваат одговор, не треба да Го обвинувате Бога за тоа, зашто немате право да бидете послушан. Ако посака, Бог може целосно основано да се откаже да одговори на вашата молба за мир.

   Признај, дека не заслужуваш ништо добро, дека си грешник, достоен единствено за пеколот, и започни да се молиш така, како што не си се молел никогаш досега. Повикај од самите длабочини на твоето понизување ако сакаш да бидеш послушан. Дојди како просјак, а не како кредитор. Дојди и помоли Го Бога, наместо да бараш од Него. Сметај единствено на Бога:” Господи, послушај ме, зашто си милостив, и зашто Исус умре, викам кон Тебе како осуден престапник, кој бара опростување. Избави ме од пеколот, за да можам да Го фалам Твооето име.” Се плашам дека скриениот дух на гордост е причината за неволјите кои ги имаат мнозина. Ако и со вас се случило истото, поправте се и помолете се со смирено и раскајано срце, со кроток и скрушен дух пред Таткото, Кого сте го ожалостиле, зашто Тој со сигурност ќе ве примии како Свои деца.

   Се плашам дека други не добиле мир, зашто се уште немат јасна претстава за правилниот начин, на кој можат да го направат тоа. И покрај тоа што толку често ни се проповеда на таа тема, се уште малку ја разбираме. Повеќето луѓе го гледаат патот на мирот со Бога како низ магла, така што без значење, колку јасно им го покажуваш, тие како никогаш да не те разбираат. Вашето спасение не зависи од тоа, што го правите, но од тоа, што Христос го направи, кога се принесе Себе за жртва за грев. Вашето целосно спасение се темели на смртната агонија на Голгота. Големиот Заменик го понесе вашиот грев и праведната казна за гревот. Вашиот грев никогаш нема да ви наштети, зашто на окрвавениот дрвен крст избраниот од Бога Првосвештеник ве искупи целосно од вашите гревови. Тие никогаш повеќе нема да бидат користени против вас. Тоа, што треба да го направите, е едноставно да го прифатите извршеното од Исус. Знам дека сметате за неопходно да донесете нешто пред Него. Таа суетна мисла ги довела многумина до нивното загинување, ќе загинат и други. Кога отидете со празни раце, кога копнеете да добиете безусловно и целосно спасение од раката на Распнатиот, тогаш и само тогаш ќе бидете спасени.

    Има живот, дури само во еден поглед
    Кон Распнатиот на крстот.


    Луѓето не сакаат да погледнат кон крстот. Тие размислуваат, како да издигнат друг крст, или како да го украсат со скапоцени камења, или да вплетат во него убави цветови, наместо само да погледнат кон Спасителот и да се надеваат единствено на Него. Нема човек, кој добил мир со Бога на поинаков начин, само патот, кој ви го претставувам, е вистинскиот пат, кој води секогаш до целта.

    Водите на Авана и Фарфар се поценети од горделивата човечка природа, но само реката Јордан може да ја измие лепрата (видете 2Цар.5:1-14). Нашето покајание, дела, одлуки-сите заедно се безводни бунари. Голтката живот единствено може да се нацрпи од изворот на живата вода, отворен преку смртта на нашиот Емануил. Разбирате ли, дека едноставната доверба, искрената зависност, искрената надеж во Христос е единствениот пат кон вашето спасение? Ако веќе го знаете тоа, нека Бог, Кој ви помогнал да го најдете тој пат, да ви помогне и да одете по него. Тогаш ќе блесне и вашата светлина: станете и светете. Вашиот мир дошол, зашто Христос го купил со Својата крв. Колку луѓе поверувале, дека Тој беше казнет заради нив, на толкумина, гревовите се простени.

    Изгубена како во невиден потоп
    Удавена во крвта на Искупителот,
    Ти, душо, колку блажена си сега,
    Оправдана од сите твои гревови.


   Ако никој од досега наброени аргументи не се однесуваат за вас, би сакал да дадам уште еден предлог. Веројатно се уште не сте ја откриле светлината, зашто сте ја барале без ентузијазам. Никој од оние, кои слабо посакуваат да отидат во Небото, нема да влезе во него. Неискрените молитви, го молат Бог да не ги послуша. Кога човек отворено покажува, дека не ја цени милоста, за која се моли, и дека би бил апсолутно задоволен и да не ја добие, не е чудно што не добива ништо. Со години, грешникот лежи, смрзнувајќи се пред вратата на Божјата милост, зашто нималку не се потрудува да го земе насила Божјето царство. Ако не сакате да бидете спасени, ќе бидете оставени да загинете. Но ако сте внатрешно решени да не го оставете Бога на мир, се додека не го добиете простувањето од Него, тогаш Тој ќе ви го даде, тоа што го посакувате во срцето. Тој кој треба да биде спасен, ќе биде спасен. Тој, чие срце копнее да го најде патот кон Сион, ќе го најде. Верувам, дека многу често, сознанието дека сме помирени, доаѓа во нас, кога слично на Самсон, ги зграпчиме во очајание столбовите на вратата на милоста така, како да ги искорнуваме од земјата, заедно со вратата, наместо да продолжиме да стоиме надвор од мирот и сигурноста. Силниот плач и солзите, офкањата на духот, силните копнежи и бескрајните молби-тоа се средствата, кои преку крвта на Исус, ја заработуваат победата во борбата да Го најдеме Господа. Ете зошто е возможно, дека не сте ги вложиле напорите, кои е требало да ги вложите. Нека Бог ви помогне да бидете силни борци, а потоа и победоносни царски синови!

„Совети за оние што трагаат по Вистината" - Глава 4
-Содржина-
Крај