За Библијата

Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе

Артикли

Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе

Библиотека

Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе

















БАРАТЕЛИТЕ КОИ СЕ ДОПИРААТ ДО ХРИСТОС

ГЛАВА 3

   Некои од нас самите биле некогаш исцелени и затоа зборуваат од личен, во животот потврден факт. Еден човек, кого го познавам, беше силно напаѓан од необична духовна криза и депресија-тој го поминуваше животот до самите порти на пеколот поради длабока жалост, која беше ја преживеал како млад. Покрај тоа, тој само за секунда беше издигнат до состојба на совршен мир, кога едноставно го погледна Оној, Кој беше распнат на крстот. Тоа е еден типичен пример, зашто сите зла се надминуваат на еден и единствен начин. Исус може да те исцели од твојата гордост, може да те ослободи од гневот, може да те избави од мрзливоста, може да те очисти од завист, од лакомост, од злоба, од секоја духовна болест. Тој може да го направи тоа, не со посредство на измачување или преку исцрпувачка работа, поврзана со некои суеверни дела, или преку силни искуства на страдање. Доволен е едноставно, само еден Негов збор, еден ваш поглед, и со тоа сe завршува. Од вас се бара само да поверувате во Исус и ќе бидете спасени; ќе станете моментално ново создание; ќе бидете одново поставени на нозе, за да почнете нов живот со нова сила во вас, која ќе го победи гревот. Ние кои го даваме тоа сведоштво, изјавуваме дека тоа е веродостојно. Ние не сме лажливци. Дури и нашата цел да биде и Божјето прославување, пак нема да ви протуркаме некаква побожна измама, зашто сме ја почувствувале исцелителната сила на Христос во самите нас. Ја видовме и продолжуваме да ја гледаме секој ден во животот на другите, во животот на луѓе од секоја општествена положба и секоја возраст. Сите кои се потчиниле на словото на Исус, станале нови созданија преку Неговата сила. И тоа свидетелство не се дава од еден или двајца од нас; има стотици илјади, кои го потврдуваат истиот факт и тие не се само пастори, туку луѓе од секакви занимања и позиви. Меѓу нив има и трговци, благородници, обични работници, луѓе со висока или ниска социјална положба. Сите тие можат да кажат: „Ние исто така сме сведоци дека Христос може да ја исцели душата.”

   Ме зачудува фактот, што тие кои го знаат тоа, не почнуваат веднаш да се редат пред Христос, за да го добијат истиот благослов. Однесувањето на луѓето, за кои читаме во Евангелијата, беше рационално. Тие слушнаа, дека Христос исцелил многумина и нивната практична логика реши: „Да отидеме и ние да бидеме исцелени!” Каде е Тој? Да Го најдеме. Има ли многу народ околу Него? Нека со лактот да си пробиеме пат до Него, да го допреме и да ја почувствуваме исцелителната сила која излегува од Него. Во наше време, луѓето како да го изгубиле здравиот разум. Тие знаат дека благословот е достапен-вечниот благослов, немерлив со злато, неспоредлив со дијаманти, но и покрај тоа му свртуваат грб! Егоизмот обично ги привлекува луѓето таму каде што можат да добијат нешто добро. А тука е најдоброто - да поседуваш здрава душа, да добиеш нова природа, која ти дава право да ја споделиш вечната слава заедно со ангелите на светлината. Сето тоа е на располагање, но човекот, дејствувајќи во противречност со сопствената природа, не дозволува дури ни на добромислечкиот егоизам да го управува и наместо тоа, скренува од патот, кој води кон изворот на апсолутната добрина, и се упатува кон пустината, за да загине таму од вечна жед.

   Благата вест се проповедува, и Бог не ја испратил со намера откако ја чуете и побарате милост, да не ја најдете. Бог не нe измачува, така што во нас ќе разбуди неостварливи надежи. Тој не си поигрува со човечките синови. Бог ве моли да дојдете при Него. Покајте се, поверувајте и ќе бидете спасени. Ако дојдете со скрушено срце и доверба во Христос, Бог никако нема да ве отфрли; инаку не би се обратил кон вас со Евангелието. Најголема радост Исус Христос чувствува кога спасува грешници. Никаде не се зборува дека Исус се разгневил затоа што луѓето го притискале, за да Го допрат. Не, Тој чувствувал Божествено задоволство да ја раздава Својата исцелителна сила. Вие кои се занимавате со трговија сте најсреќни, кога имате многу работа; така и мојот Господ Исус, Кој се занимава со задобивање на души, е најсреќен, кога Великото Негово дело се распространува. Какво огромно задоволство чувствува лекарот, кога после тешка болест го издигне пациентот на нозе! Мислам дека лекарската професија треба да е едно од најпријатните занимања во светот, кога човек ги поседува потребните способности. Нашиот Господ Исус чувствува врховно Божествено задоволство кога застанува над нечие скршено срце и го исцелува. Еве тоа е блаженството за Христовата душа-да прави добро на човечките синови. Грешете ако мислете дека треба да спорите со Него или да Го убедувате да биде милостив. Тој ја дава дарум својата милост, така, како што сонцето ја излева светлината, небото-росата и облаците-дождот. Исус Христос се прославува со тоа што ги благословува грешниците. Тоа го велича Неговото Име и е вечен знак, кој никогаш нема да биде избришан.

   Знам, дека и јас некогаш имав лажна претстава за Бога. Кога сознав дека моите гревови ми стануваат претешки, си реков: „Ќе отидам при Исус, но можеби Тој ќе ме отфрли.” Си мислев дека треба да почувствувам и да направам многу нешта, за да можам да се исправам пред Него, и поради тоа вршев најразлични работи, но колку повеќе се трудев, толку полошо се чувствував. Заприлегав на жената која ги потрошила сите свои пари по лекари, но тоа место да и помогне, нејзината состојба се влошила. Целосно се уверив дека, за човекот да има живот, доволно е само да погледне кон Христос. Знаев, дека единствено, што е неопходно да направам, е едноставно да Му се доверам, да отидам при Него таков каков сум, да ја ставам својата судбина во Неговите прободени раце. Покрај се не верував, дека тоа ќе се случи. Се чинеше толку едноставно-како е возможно да биде вистина? Тоа ли е сe? Си мислев, кога ќе отидам при Него, ќе ми каже:”Грешнику, ти Ме отфрлаше толку долго време, се подигруваше со Мене, кога изговараше молитви, макар што срцето не ти се молеше и лицемереше, кога пееше заедно со божјите луѓе, макар што твоето срце не Ме фалеше.” Си мислев, дека ќе ме столчи и дека ќе ми напомне илјадници мои гревови. Наместо тоа, заклучи само со еден Негов збор. Погледнав кон Него и товарот исчезна. Можев да запеам: „Осана! Благословен Тој Кој доаѓа во Господовото Име, со простување во Својата десна рака и помирување во левата, со изобилни благослови кон најнедостојниот од човечкоите синови.” И така, треба да ви кажам дека Исус Христос и сега ја поседува истата сила, со која даруваше спасение, кога одеше по земјата. Тој живее вечно, за да се застапува за грешниците. Еве зошто Исус може да ги спаси оние, кои пристапуваат кон Него; и сe уште е вистина, дека кој доаѓа при Него нема да биде отфрлен. Никогаш не се случило, да загинал човек, кој се доверил на Христос, и никогаш нема да се случи.

   Доверете се на Христос. Не одлагајте повеќе. Немој да си мислете дека некогаш ќе ви биде полесно да поверувате во Него, отколку сега. Не мислете дека некогаш ќе најдете позгодно време да дојдете при Него од денешниот ден. Дали валканите облеки не се за перење, дали болните немаат потреба од лекар, дали просјаците немаат потреба од милостиња? Не обидувајте се да ги сошиете закрпите, ниту да го усовршувате својот карактер, ниту да станете подобар, пред да дојдете при Христос. Дојдете при Него со целата своја беда и порочност, такви какви сте и кажете Му:”Господе мој и Боже мој, Ти пострада како човек поради сите гревови на сите оние, кои Ти се доверија. Јас Ти се доверувам. Прими ме, дај ми мир и радост.”

   Ве молам, кажете после тоа на светот, дали Исус ве прими или не. Ако ве отфрлил, ќе бидете првите, на кои тоа им се има случено, и тогаш нe укорувајте. Но ако ве прими, ќе бидете само малечок дел од илјадниците примени од Исус заедно со вас, и тогаш прогласете што станало со вас, за да се зацврсти и нашата вера.

   Никогаш не се задоволувајте само со тоа да се доближете до Христос. Кога некоја црква ги доживува дејствијата на Божјата благодат и луѓето се обраќаат кон Бога, мнозина од оние, кои ја посетуваат, се опуштаат самозадоволно, зашто се наоѓаат во собрание, каде се пројавуваат делата на Божјата милост. Нe опфаќа ужас, кога сфаќаме дека има луѓе кои се целосно задоволни само со фактот дека неделата ја поминале таму некаде, каде се одржуваат богослужби. Претставети си, еден лепрозен оди таму каде е Исус. Тој гледа луѓе кои се туркаат, за да се приближат до Него, и се присоединува со нив. Се турка извесно време со нив и се враќа целосно задоволен, затоа што бил дел од мноштвото народ. Следниот ден, Великиот господар одново зрачи со Својата исцелителна сила и истиот човек се присоединува со собраниот народ, си прави пат, за да биде близу до Спасителот, и потоа си заминува. „Е, добро-си вели тој, се присоединив со мноштвото, се туркав, се пробивав напред, успеав да си направам пат и стигнав дури до Него. Веројатно сум го добил Неговиот благослов.“ Стотици, илјади луѓе, кои одат во недела на богослужба, прилегат на тој лепрозен. Таму се прогласува Евангелието и тие одат да го чујат. Одат и следната недела и таму одново се проповеда Евангелието. Тие го слушаат, и потоа секогаш си заминуваат по сопствениот пат. „Глупаку!” - му велите на лепрозниот, - „Зошто не направи нешто? Да влезеш сред народот е ништо, штом не си Го допрел Господа, Кој дарува исцелување. Само си го губел времето. Уште и ќе одговараш, затоа што си бил близу до Него, а не си ја протегнал раката, за да Го допреш, и така си ја загубил понудената можност.” Тоа се однесува и за вас, добри луѓе, кои одете таму, каде се проповедува вистинската вест за Исус Христос. Одете и после си заминувате, и сe така си одете и заминувате. Колку сте само глупави! Колку големи глупаци сте само, да влезете сред народот и да се задоволете со тоа, без да го допрете Христос! Ми раскажувате за црквата и вашите служби! Тие никако нема да ви помогнат, ако одејќи таму, не се допирате до Спасителот.

   Треба да ве предупредам: не мислете дека е доволно да ги допирате оние, кои се веќе исцелени. Има многу луѓе сред мноштвото, кои го допреле Господа, плескат со рацете и воскликнуваат: „Слава на Бога, исусшената рака ми е веќе здрава”, „Очите ми се отворија” Парализата ми ја снема”. Еден по друг тие Го фалат Бога за Неговите големи чудеса; и понекогаш нивните пријатели кои истотака се болни, се пробудуват заедно со нив велејќи: „каква милост! Да си одеме дома заедно.” Тие ќе чујат сe, што се случило, ќе зборуваат за него, ќе го раскажуваат на други, но преку целото време, и покрај што се радувале на доброто, сторено на другите, и биле непосредни сведоци, самите тие никогаш не се допреле до Исус. Дрводелците најмени од Ное, го конструирале ковчегот, но потоа сите се удавиле. О, ве молам, не се задоволувајте само со тоа да зборувате за случувања и да слушате како други луѓе поверувале. Започнете вистински да се интересирате. Нека ништо друго да не ни донесува задоволство освен вистинскиот духовен контакт со Господ Исус Христос. Да не спиеме и не безделничеме, сe додека не ја добиеме целосно големата жртва, која Бог ја направи заради гревовите на човештвото. Да не мислиме за Исус како за Спасител на некој друг човек, туку со жар да го бараме, сe додека не Го примиме за свој личен Спасител.

   Еден млад човек еднаш ми кажа: „сакам да знам што треба да направам за да се спасам.” Му го спомнав следната реченица: „Виновен, слаб и беспомошен црв, во Твоите раце полни со љубов јас паѓам.”

   Тој ми кажа: „Господине, јас не можам да паднам.” Му одговорив: „О, вие не ме разбравте. Јас немам во предвид паѓање, што ќе бара од вас употреба на некаква сила; Во прашање е паѓање предизвикано од недостаток на каква и да било сила.” Тоа значи, да се препуштите во рацете на Христос, зашто не можете да стоите исправени. Да припаднете во Христовите раце-тоа е вера. Едноставно, откажете се да правете што и да било, престанете да сметате на тоа, што сте, или на тоа, што правите, или на тоа, што се надевате да станете и сметајте на совршената правда, завршеното дело и скапоцената крв на Исус Христос. Ако го направете тоа, вие сте спасен.

   Тоа, што го правете сами, расипува сe. Вие не треба да правете ништо. Треба да се откажете да сметате на вашите молитви, солзи, на вашето крштение, на своето покајание и дури и на својата вера. Единственото, на што треба да се надевате, е самата личност на Исус Христос. Неговите скапи раце, Неговите благословени нозе се знакот на Неговата љубов-погледнете кон нив. Исус, раскрвавен, измачен и убиен заради нас, е највпечатливата објава на љубовта на вечоблагословениот Бог. Погледнете кон Него. Погледнете на болките, маките и стенкањата на Спасителот. Тоа е казната за човечкоит грев. Тоа е Божјиот гнев, кој се излева врз Христос, наместо врз верникот. Поверувајте во Исус и бидете уверени, дека Тој веќе пострада наместо вас. Доверете му се и ќе бидете спасени.

„Совети за оние што трагаат по Вистината" - Глава 3
-Содржина-
Крај