Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
Псалм 1 | ||||
|
1 Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните, и не стои на патот на грешниците, и не седи во седиштето на потсмевачите; 2 туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе: 3 Тој е како дрво засадено покрај водни потоци, што донесува плод во свое време; неговите лисја никогаш не венат; сè што прави, во сè успева. 4 Нечесните не се такви, тие се како плева што ветерот ја разнесува. 5 Затоа нечесните нема да се одржат на суд, ниту грешниците во собранието на праведните. 6 Зашто Господ го знае патот на праведните; а патот на нечесните ќе пропадне.
| ||||
| ||||