Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
ПЕСНА НАД ПЕСНИТЕ
| ||||
|
1 Соломоновата Песна над песните 2 Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино. 3 Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците. 4 Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат! 5 Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси. 6 Не гледајте дека сум поцрнета, зашто сонцето ме опали. Синовите на мајка ми се разгневија на мене, ме поставија да ги чувам лозјата; а моето лозје, не го чував. 7 Кажи ми ти, кого го љуби мојата душа: каде пасеш? Каде одмараш на пладне? за да не скитам, барајќи те, околу стадата на твоите другари! 8 Ако не го знаеш тоа, о, најпрекрасна меѓу жените, излези и следи ги трагите на стадата, и паси ги твоите јариња околу пастирските шатори. 9 Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена. 10 Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите; 11 ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци. 12 Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса. 13 Мојот возљубен е како страк смирна, што почива меѓу моите гради. 14 Мојот возљубен е како кипров грозд од енгадските лозја. 15 О, ти си прекрасна, моја возљубена; колку си убава! имаш очи како гулабица. 16 О, ти си прекрасен, мој возљубен, и љубезен! Зеленилото е наша постела. 17 Кедрите се греди на нашите куќи, а кипарисите покрив.
| ||||
| ||||