Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
КНИГА НА ПРОРОК ОСИЈА
| ||||
|
1 Господовото слово што му дојде на Осија, синот Веириев, во денови на Озија, Јоатам, Ахаз и Езекија, јудејските цареви, во деновите на Еровоам, синот Јоасов, израелскиот цар. 2 Почеток на Господовото слово на Осија. Господ му рече на Осија; „Оди, ожени се со блудница и народи блуднички деца, зашто земјата му се предаде на блудот, одметнувајќи се од Господа.” 3 И тој отиде, ја зеде Гомера, ќерката Димлаимова, која зачна и му роди син. 4 Господ му рече: „Наречи го со името Езраел, зашто уште малку и ќе ги казнам езраелските колежи на Јујевиот дом и ќе го докрајчам царството на Израелевиот дом. 5 И во тој ден ќе го скршам израелскиот лак во Езраелската Долина.” 6 И таа пак зачна и роди ќерка. И Господ му рече: „Наречи ја со името: Непомилувана (Ло-Рухама), зашто отсега нема да ми биде мила Израелевата куќа, ќе се повлечам од неа; 7 а ќе ми замилее Јудината куќа, ќе ја спасам со Господа, со нивниот Бог, а не ќе ја спасам со лак, со меч ни со копје, ни со коњите ни со коњаниците.” 8 Кога ја одби Непомилувана (Ло-Рухама), пак зачна и роди син. 9 И Господ рече: „Наречи го со името Ло-Амиј (Не-Мој- Народ), зашто веќе не сте Мој народ, и Јас веќе не Сум ваш Бог.” 10 А Израелевите деца ќе бидат на број како мроска песок што не може да се измери ни да се изброи. Во место каде што им зборуваат: Вие не сте Мој народ, ќе ги наречат: Синови на Живиот Бог. 11 Ќе се обединат Јудините синови и Израелевите синови, ќе си постават за себе еден главатар и ќе заминат од земјата: зашто голем ќе биде езраелскиот ден.
| ||||
| ||||