Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
БИТИЕ - ПРВА КНИГА МОЈСЕЕВА
| ||||
|
1 Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот. 2 Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас. 3 А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма. 4 А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим. 5 Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи. 6 Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан. 7 А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан. 8 Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата. 9 Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!” 10 Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја. 11 Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах 12 и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град. 13 Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците, 14 Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците. 15 Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете. 16 Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците, 17 Евејците, Арукејците, Асенејците, 18 Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија, 19 така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша. 20 Тоа се Хамовите синови, според своите племиња и јазици, според своите земји и народи. 21 А и на Сим - прататко на сите Еверовци и постар Јафетов брат - му се родија синови. 22 Симови синови: Елам, Асур, Арфаксад, Луд и Арам. 23 А Арамови синови: Уз, Ул, Гетер и Маш. 24 И на Арфаксад му се роди Сала, а на Сала му се роди Евер. 25 А на Евера му се родија два сина; името на едниот беше Фалек, зашто во негово време се раздели земјата; а името на неговиот брат беше Јоктан. 26 Од Јоктана се родија: Алмодад, Шалеф, Хацармавет, Јарах, 27 Адорам, Узал, Дикла, 28 Овал, Авимаил, Шева, 29 Офир, Евил и Јовав; сите тие беа Јоктанови синови. 30 Нивните населби се тегнеа од Меша сè до Сефар, планинско подрачје на исток. 31 Тоа се Симовите синови според своите племиња, јазици, земји и народи. 32 Тоа се семејствата на Ноевите синови според нивните поколенија, во нивните народи. Од нив се раширија народите по земјата, после потопот.
| ||||
| ||||