Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
КНИГА НА ПРОРОК АГЕЈ
| ||||
|
1 Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, во првиот ден на месецот, Господовото слово дојде преку пророкот Агеј на Зоровавел, синот Салатилов, јудејски управител, и на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник: 2 „Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!”‘“ 3 Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј: 4 „А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.” 5 Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта! 6 Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!” 7 Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта! 8 Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак Домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам - зборува Господ. 9 Се надевавте на изобилство, а ете, малку е; што ќе донесете дома Јас ќе го дувнам. А зошто? - говори Господ, над Војските. Затоа што Мојот Дом е разурнат, додека секој од вас се грижи за својот дом. 10 Затоа небото се заклучи и не дава роса, а земјата не ги подава своите производи. 11 Јас ја повикав сушата на земјата и по горите, на житото и на виното, на маслото и на сè што раѓа земјата, на луѓето и на добитокот, и на секој со мака добиен плод.” 12 А Зоровавел, синот Салатилов и Исус, синот Јоседеков, врховен свештеник, и сиот останат народ ги послушаа гласот на Господа својот Бог, и зборовите на пророкот Агеј, како посланик на Бога: и народот се исплаши од Господа. 13 Тогаш Агеј, Господов гласник пратен од Господа, му рече на народот: „Јас Сум со вас” - говори Господ. - 14 Господ го разбуди духот на Зоровавел, синот Салатилов јудејски управител, и духот на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник и духот на сиот останат народ, та тие дојдоа и се зафатија со работа во Домот на Господа над Воинствата, својот Бог. 15 Тоа беше во дваесет и четвртиот ден на шестиот месец, во втората година на царот Дариј.
| ||||
| ||||