Постанок, Преводи на Стариот и Новиот Завет, Прашања, Читање, Проучување ...повеќе
Многу луѓе преку историјата и денес се обидуваат да ја оспорат Библијата на еден или на друг начин. Но никогаш не можат да застанат против фактот што Божјиот Збор или Библијата е единствената Книга на светот која може да менува човечки животи. ...повеќе
Основни животни прашања, Христијански пораки и теми, Апологетика, Книги ...повеќе
Оваа веб-страница прозлегува од срца кои го љубат Бог и копнеат сe подобро да го запознаат преку Неговиот објавен пишан Збор – Библијата. Библијата е единствениот авторитативен запис за Бог, преку кој Бог лично ни се објавил нам луѓето и ни ја покажал смислата за нашето постоење. Таа е поразлична од сите други книги со кои се среќаваме секојдневно. Човек не може да навлезе во нејзините длабочини преку неговата сопствена интелигенција или упорност. Таа е книга која треба да се чита со вера, понизност и послушност, за да допре Божјиот Збор до човековото срце и да донесе просветлување на неговиот ум.
Од првата страна до последната Авторот на Библијата е Бог. Таа е пишувана од луѓе, кои живееле свето и верувале во Божјите откровенија, кои во текот на човечката историја ги прифатиле и запишале како сигурен доказ на Божјото постоење и Неговата совршена Мудрост.
Главната тема на Библијата е доаѓањето на Исус Христос на земјата и Неговата жртва на Голгота. Сè тоа што е направено на Голгота - преку Неговата смрт на крст - е за да го откупи грешното човештво и спаси од неговите гревови и да му овозможи преку вера во Божјиот Син, да постигне вечен живот.
Ова интернет „издание" е направено со цел да се приближи Божјиот Збор до македонскиот читател. Објавени се два македонски превода, но и преводи на други сродни јазици на нашиот (српски и бугарски), како и на англиски јазик, со цел да може Библијата подобро да се проучува. Исто така објавени се и некои други материјали кои се надеваме ќе му помогнат на искрениот истражувач да се приближи до Бог и да расте во Неговото познавање.
- Повеќе информации за преводите на објавените Библии можете да најдете тука.
- За да ги видите сите можности на пребарување и проучување на ова интернет издание на Библијата кликнете тука.
- За дополнително студирање на Библијата, има можност за споредување на стиховите парелелно од различните преводи достапни на веб-страницата, повеќе околу ова функција може да прочитате овде - Паралелна Библија

| • 2007-12-13 - Вистинско и лажно покајание |
| • 2007-11-16 - Исус Христос - Патот, Вистината, Животот |
| • 2007-10-16 - Патот на спасението- По кој пат одиш? |
| • 2007-10-01 - Жетвата помина, летото заврши - Дали ние се спасивме? |
| • 2007-10-16 - Внимание! Опасно за животот! - Што после смртта? |
| • 2007-09-24 - Совети за оние што трагаат по Вистината - Книга |
| • 2007-09-11 - Живот за живот - Возбудлива историја за двајца браќа. |
| • 2007-09-05 - Дојдете! - Порака којашто секој треба да внимателно ја прочита. |
| • 2007-08-31 - Библиска илустративна порака - Тоа беше твојот живот |
| • 2007-08-20 - 101 Причина зошто верувам дека Исус е вистинскиот Бог |
| • 2007-07-09 - Информација за преводите достапни на сајтот |
| • 2007-07-09 - Додаден Руски превод на Библијата |
| • 2007-07-09 - Додаден превод на Бугарски Јазик - "Православна Библия 1991" |
| • 2007-07-09 - Можност за паралелно читање на повеќе преводи - повеќе... |
| Архива |
| Доколку сакате да добивате известувања за поважнита новости и промени на веб-страницата, внесете го Вашиот e-mail. test |

| Ако имате дополнителни прашања или коментари, Ве молиме слободно да ни се обратите преку контакт формуларот |
![]() |